Admin

9,575

Архива

Изберете година и месец

Годишна прес-конференција на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски
23/12/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на работењето на Судот и ја оцени како година на крупни реформи за, но и една од најефикасните години, со оглед на сработените предмети.  Во продолжение целосниот говор:  Почитувани граѓани,  На крајот од 2024 година […]
Uncategorized, Соопштенија
Интервју на претседателот Костадиновски за емисијата „Клик плус” на ТВ 21
13/12/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски даде интервју за ТВ21, за емисијата „Клик Плус”, кадешто одговори на прашањата поврзани со последните одлуките на Судот, ја објасни постапката  и целта на подготвителната седница, одговори на повиците за оставка упатени од политичката партија ДУИ.  Претседателот Костадиновски во интервјуто напомена дека веќе е во комуникација со претставници […]
Соопштенија
Одговор за медиумите во врска со јавно објавени информации кои се поврзуваат со Законот за употреба на јазиците
09/12/2024
Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците и нивната веродостојност, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност.  Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се сретна со Шејма Бабајигит, координаторка на „Тика” во Скопје
26/11/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит. На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу Судот и „Тика” во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во […]
Соопштенија
Организирана пригодна свеченост по повод пензионирањето на Мирјана Лесевска, советник на Судот и шеф на кабинет
22/11/2024
Судиите и службата во Уставниот суд организираа пригодна свеченост по повод пензионирањето на советникот на Судот и шеф на кабинетот на претседателот, Мирјана Лесевска. Лесевска повеќе од половина од својот работен век го помина во Уставниот суд во одделението за стручно аналитички работи и со својот ангажман даде значаен придонес за подобрување на квалитетот на […]
Соопштенија
Студенти од Правниот факултет-Кичево во посета на Уставниот суд
21/11/2024
Студенти од Правниот факултет- Кичево беа во посета на Уставниот суд. Во рамки на посетата се информираа за надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и условите за работење во Уставниот суд.  Студентите се интересираа за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и информирањето на јавноста за одлуките на Уставниот суд.  […]
Домашни активности, Соопштенија
Германски експерти и поранешни соработници на Федералниот уставен суд на Германија- предавачи на работилница во Уставниот суд
19/11/2024
Во Уставниот суд во тек е работилница за советниците на теми од правната методологија, научна работа и практични искуства од научните соработници на Федералниот уставен суд на СР Германија.  Во текот на оваа обука советниците имаат можност да се стекнат со пошироки знаења преку компаративна обработка  на примери од судската пракса поврзана со уставната жалба, […]
Соопштенија