Admin

9,575

Архива

Изберете година и месец

Советникот на Уставниот суд, Александар Лазов учествуваше на регионална конференција за упатствата за надомест на нематеријална штета при дискриминација во организација на ОБСЕ
25/11/2025
Советникот на Судот, Александар Лазов, учествуваше на Регионална конференција посветена на промоцијата на Упатствата за надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација. Настанот беше организиран на 19 ноември во Балград, под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со мисиите на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и Србија. Упатствата, кои беа презентирани […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Успешно спроведена крводарителска акција во Уставниот суд
21/11/2025
Во Уставниот суд денеска се спроведе успешна крводарителска акција, на иницијатива на вработените во Службата. Досега беа собрани 13 крвни единици. Со оваа акција, Уставниот суд ја покажува својата солидарност и се приклучува кон апелите на Црвениот крст за подигнување на свеста за важноста на доброволното дарување крв. Акцијата се реализираше во соработка со Црвениот […]
Соопштенија
Реакција на Уставниот суд за нападите упатени кон судијата Добрила Кацарска и Уставниот суд за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите”
21/11/2025
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”. Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку […]
Соопштенија
(НАЈАВА)Крводарителска акција ќе се спроведе во Уставниот суд на 21 ноември 2025 година
20/11/2025
На 21 ноември 2025 година, во периодот од 9:00 до 14:00 часот, во просториите на Уставниот суд, ќе се одржи крводарителска акција. Иницијативата на оваа хумана активност е на вработените од Судот, и досега се пријавени околу 30 дарители, меѓу кои и судии, советници, вработени во Службата. Преку оваа акција, Уставниот суд изразува солидарност и […]
Соопштенија