July 2026
-
Предвидена средба на претседателот д-р Дарко Костадиновски со Кадир Озкаја, претседател на уставниот суд на Турција
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, на 18 јули 2026 година ќе оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Средбата претставува продолжение на воспоставената соработка и пријателските односи меѓу двата уставни суда, со акцент на понатамошно унапредување на билатералната соработка и размена на искуства…
-
Интерен оглас број 1/2026
Врз основа на член 19 став 3 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година и Су. бр.149/2023 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/2026 за унапредување…
-
Соопштение по одржаната 19. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска, ја одржа 19.седница и ги донесе следните одлуки и решенија: I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ Судот поведе постапка за оценување на уставноста 41-а став 7 во делот „превозот“ од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005,…
-

Уставниот суд ќе биде домаќин на 4. Форум на Балканските уставни судови – ќе се одржи меѓународна конференција со поддршка на Мисијата на ОБСЕ
Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе биде домаќин на IV Форумот на Балканските уставни судови, во чии рамки ќе се одржи меѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“. Настанот ќе се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 12-15 ноември 2026 година во Охрид. …
-
Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности
Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст…
-

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Србија по 15 години – Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во Белград
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, д-р Осман Кадриу, проф. д-р Ана Павловска-Данева и самостојниот советник и шеф на протоколот Симона Герасимова-Јовановска, на 9 и 10 јули 2026 година престојува во билатерална посета во Уставниот суд на Република Србија. Во рамки на посетата, претседателите…
-

Дневен ред за 20. седница закажана за 16 јули 2026 година во 9 часот
На 16 јули со почеток во 9:00 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 20. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се одлучува по четири предмети. I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1.Реферат У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025 Oспорени одредби: Член 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став…
-
Уставните судови на Република Северна Македонија и Република Србија ќе потпишат Протокол за соработка
Уставниот суд на Република Северна Македонија и Уставниот суд на Република Србија ќе потпишат Протокол за соработка, со кој по повеќе од петнаесет години одржување на бројни регионални средби и конгреси, дополнително ќе се зацврсти и унапреди соработката меѓу двата суда. Протоколот ќе биде потпишан во рамки на дводневната официјална посета на делегацијата на Уставниот…
-

Дневен ред за 19. седница на Уставниот суд закажана за 15 јули 2026 година во 9:30 часот
На 15 јули 2026 година, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 19. Седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за оценување на уставност и законитост на осум предмети,предвидено е да се донесат одлуки во четири предмети, по подготвени нацрт-одлуки. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ Оспорени…
-
Соопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд
Денеска(8 јули 2026 година) Уставниот суд ја одржа 18. седница и го одлучи следното: 1. У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025 Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање. Оспорени акти: членовите 75-ѓ став 1 и 12 алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4…
-

-

Дневен ред за 18. седница на Судот закажана за 8 јули 2026 година во 9:30 часот
На 8 јули 2026 година, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 18 седница со Дневен ред кој содржи пет предмети за оценување на уставност и законитост, еден предлог за решавање на судир на надлежност, едно барање за заштита на слободите и правата и едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот…