2022
-
У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020
СЕ УКИНУВА член 44 став 2 во делот: „најдоцна до 65 годишна возраст” од Законот за социјалната заштита и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на членот од Законот
-
У.бр.21/2020
СЕ УКИНУВА Решението УП.1 бр.11-44 од 16.05.2018 година, донесено од градоначалникот на Општина Дојран, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, Општина Дојран, изработена од ДГПТУ „СТАН АРТ“ ДООЕЛ Куманово
-
У.бр.26/2022
СЕ УКИНУВА член 3 став 1 во делот: „брачниот статус на сопружниците“ од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година
-
У.бр148/2021 и У.бр.15/2022
СЕ УКИНУВА член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија
-
У.бр.109/2021
СЕ УКИНУВААТ членот 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.08-1090/8 од 24.04.2015 година и членот 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров
-
У.бр.36/2021
СЕ УКИНУВА Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош
-
У.бр.35/2021
СЕ УКИНУВА Одлука за донесување на Детален урбанистички план за блок ССЗ 01.10, Градска четврт ССЗ 01, Општина Карпош-Скопје
-
У.бр. 272/2020
СЕ УКИНУВА Одлуката за продолжување на функционирањето на објектите од времен карактер на територијата на Општина Велес, во кои се врши трговска или друга услужна дејност, до обезбедување на соодветни услови за работа