November 16, 2022
-
Соопштение по одржаната 36.седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 36. Седница на која се дискутираше за шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права и одлучи: 1.Реферат У.бр.94/2021 Не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020) во…
-
У.бр.30/2021
СЕ ОДБИВА барањето од Гоце Нестороски од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата
-
У.бр.67/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки: Решение на Апелациониот суд Скопје, Пресуда на Основниот суд Кавадарци, Пресуда на Апелациониот суд Скопје и Решение на Врховен суд на Република Македонија
-
У.бр.94/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија во целина и посебно за член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект“ и „и предлог законот од овој член“, став 6 во делот: „и го утврдува…
-
У.бр.69/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 19 став 16 во делот: „надлежен суд“ од Законот за административни службеници
-
У.бр.80/2021
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување Детален урбанистички план Градска четврт J 07 локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара
-
У.бр.190/2020
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи