January 17, 2020
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за унапредување на истата. Беше изразено обострано задоволство од досегашната…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок
На ден 20 јануари 2020 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок.
-
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 2-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 22.01.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. Законот за амнестија во целина и посебно членот 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018) Реферат У.бр.1/2019 и У.бр.6/2019 2. Член 10 ставови 3 и 4 од Деловникот за работа на Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, бр.02-325/3-3 од…