2013
-
ВАЖНО – ПРОМЕНА НА ТЕРМИН – Соопштение за свечено примопредавање на компјутери
На 20 декември 2013 година (петок) во 15.00 часот во просториите на Уставниот суд на Република Македонија ќе се изврши свечено примопредавање на компјутери и технички средства од Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) на Уставниот суд на Република Македонија. Примопредавњето е отворено за јавноста.
-
Официјална посета на Уставниот суд на Руската Федерација во Сант-Петерсбург
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски претстојуваше во официјална посета на Уставниот суд на Руската Федерација во Сант-Петерсбург во периодот од 27-30 јуни 2013. Во рамките на оваа посета беше одржана и Тркалезна маса во Уставниот суд на Руската федерација на темите: „Индивидуална…
-
Учество на Меѓународна конференција во Јалта, Украина
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски, учествуваше на Меѓународната конференција на тема: „Заштита на правата на човекот и граѓанинот од органите со уставна надлежност во сегашноста“ организирана од страна Уставниот суд на Укранина по повод уставниот ден на Украина во Јалта од 19 – 23 јуни 2013 година.
-
Уставниот суд на Република Словенија во посета на Уставниот суд на Република Македонија
Од 30 мај до 1 јуни 2013 година во Скопје се оствари официјална работна средба на делегација на Уставниот суд на Република Словенија со судиите на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Словенија ја сочинуваа м-р Мирослав Мозетич – потпретседател на Уставниот суд на Република Словенија, д-р Јадранка Совдат и…
-
Учество на Тркалезна маса одржана во Црна Гора, Милочер
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Уставниот суд, г-дин Бранко Наумоски, учествуваше на Тркалезна маса на тема: “Улогата на Уставниот суд во изградбата на владеење на правото“ во организација на Уставниот суд на Црна Гора во соработка со Фондацијата Ханс-Сеидел што се одржа во Милочер од 13 – 15 мај…
-
Присуство на прославата по повод 20 годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Словачка
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-дин Бранко Наумоски во периодот од 8 до 10 април претстојува во Кошице, Република Словачка по повод 20 години од основањето на Уставниот суд на Република Словачка. Во рамките на свеченостите ќе се одржи и Меѓународна конференција на тема: „Положбата на уставните судови и…