Од 30 мај до 1 јуни 2013 година во Скопје се оствари официјална работна средба на делегација на Уставниот суд на Република Словенија со судиите на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Словенија ја сочинуваа м-р Мирослав Мозетич – потпретседател на Уставниот суд на Република Словенија, д-р Јадранка Совдат и г-ѓа Јасна Погачар – судии на Уставниот суд на Република Словенија и г-дин Иван Бишчак – директор во Уставниот суд на Република Словенија. На работната средба беа разгледани повеќе теми од уставно-судската теорија и практика.