На 29 април 2026 година Судот ја одржа 11. седница и го одлучи следното:
I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.167/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 53/2013, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015, 217/2015, 31/2016, 190/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 174/2021 и 41/2026).
Подносител на иницијативата: Александар Михајлоски, адвокат
2. Реферат У.бр.18/2026
Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 67 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 6 од Законот за вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/1997, 4/1998, 14/1999, 25/2000, 10/2000, 50/2001, 7/2002, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 88/2007, 102/2008, 142/2008, 144/2008, 161/2008, 162/2008, 50/2010, 88/2010, 171/2010, 5/2011, 86/2011, 11/2012, 80/2012, 114/2012, 153/2012, 39/2014, 44/2014, 44/2014, 112/2014, 113/2014, 56/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 27/2016, 119/2016, 21/2018, 113/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/2019, 89/2020, 103/2021, 274/2022, 132/2025 и 269/2025).
Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. БЗСП.бр.1/2026
Судот утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на Давид Илиески од Скопје и ја задолжи Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје да ги достави бараните информации на барателот Давид Илиески согласно барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03-2916/1 од 10.10.2025 година, а ова да го стори во рок од 8 (осум) дена од објавувањето на Одлуката на Уставниот суд во „Службен весник на Република Северна Македонија.
Подетално соопштение: https://ustavensud.mk/archives/39054
2. БЗСП бр.17/2025
Судот утврди повреда на слободите и правата на подносителот Југослав Миленковиќ, кои се однесуваат на дискриминација по основ на социјална припадност, во согласност со членот 110 алинеја 3 од Уставот.
IIl. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
1. У.бр.201/2024
Судот ја укина Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план, бр.08-7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.7/2024 од 13 јуни 2024).
2. УЗ.бр.31/2025
Судот утврди неуставност и незаконитост на Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година, бр.08-125/7 од 23.01.2025 година, донесена од Советот на Општина Кичево („Службен гласник на Општина Кичево“ бр.1/25 од 23.01.2025 година), во време на важењето.