У.бр.13/2025

Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.13/2025
Скопје, 04.03.2026 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Гоце Наумовски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 39 алинеја 6 и член 73 алинеја 2 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.115/2024), на седницата одржана на 4 март 2026 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025).

2. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива, со Решението У.бр.13/2025 од 19 ноември 2025 година, поведе постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во диспозитивот на ова решение, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нејзината согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 6, со членовите 9, 30 и 34 од Уставот.

II

На седницата на Судот одржана на 4 март 2026 година, предлогот да се укине член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025), не беше усвоен поради недобиено мнозинство гласови, поради што се исполнија условите за запирање на постапката, согласно со член 39 алинеја 6 од Актот на Судот.

III

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски

 

Издвоено мислење по предметот У.бр.13/2025