Соопштение по одржаната 5. седница на Уставниот суд

На 25 февруари 2025 година, Уставниот суд ја одржа 5. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по седум предмети за оценување на уставност  и законитост и донесе четири одлуки за кои претходно е поведена постапка. 

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.65/2025, У.бр.88/2025, 95/2025, У.бр.111/2025, 151/2025

Судот не поведе постапка за оценување на членовите 1 и 3 од Законот за изменување и дополнувањена Законот за пензиско и инвалидското осигурување во целина и посебно членот 1 во делот „во член 37 став (1) по зборот „врши” се додаваат зборовите :на корисници на пензија на кои пензијата им се исплаќа во Република Северна Македонија, “ и  членот 3 во делот „во член 18 во ставот 3 по зборовите „ 28 февруари 2025 година” се додаваат зборовите: „ и кои се исплаќаат во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.75/2025)

Подносители на иницијативите: Игорчо Точев, Љубомир Сандевски, Темелко Ристески, Kире Батев

2. Реферат У.бр.66/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на зборовите „и електронска” од  член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македониjа” („Службен весник на Република Македонија” бр.56/1999 и 43/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.21/202).

Подносител на иницијативата: Андреа Кулаков

3. Реферат У.бр.67/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 10 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.40/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 32/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019, 98/2019, 146/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.42/2020, 72/2020, 160/2020, 74/2021, 215/2021, 58/2024 и 76/2024).

Подносител на иницијативата: Мирослав Трлин

4. Реферат У.бр.77/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на Член 84 став 3 алинеја 4 од Законот за вработени во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.53/2024).

Подносител на иницијативата: Николче Мушаревски

5. Реферат У.бр.78/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 5, член 10 став 1 алинеи 1 и 2 и член 10 став 2 од Законот за социјална сигурност за старите лица („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.104/2019 и 192/2025).

Подносител на иницијативата: Сузана Цветкова

6. Реферат У.бр.113/2025

Судот поведе постапка за оценување на Член 176 став 2 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.23/13, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 26/2016, 163/2017, 21/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236,2022, 17/2025 и 132/2025). 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

7. Реферат УЗ.бр.24/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилник за техничките и организациските мерки за безбедност и заштита на обработката на личните податоци бр. 02-5200/1 од 28 октомври 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија бр.248 од 5 ноември 2021 година).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

II.     ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023

Судот ја запре постапката за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.188/2023). 

Подносители на иницијативата: Павле Трајанов како претседател на Демократскиот сојуз и Крсте Велески

2. УЗ.бр.60/2025 и УЗ.бр.61/2025

Судот ја поништи – Одлуката за усвојување на Конечен предлог-детален урбанистички план за блок 25, урбана единица VI, VII и VIII зона, КО Гостивар 1 – Општина Гостивар, со површина на опфатот од 15.176 Ха, за плански период 2019-2029 („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.9 од 22.08.2025 година) и

– Одлуката за усвојување на Конечен детален урбанистички план за блок 24, КО Гостивар 1 – Општина Гостивар, со површина на опфатот (26.088 ха), за плански период 2023-2028 („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.9 од 22.08.2025 година).

Подносител на иницијативата:Министерството за транспорт

3.УЗ.бр.68/2025

Судот го поништи член 24 точка 113 од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.174/2020).

Подносители на иницијативата: Иван Мирчевски и Александар Видиновски

4. У.бр.103/2025

Судот го укина член 29 став 1 точка 4 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.64/2024 и 160/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. У.бр.5/2025

Поради утврдување на дополнителни околности Судот го повлече одлучувањето за овој предмет од Дневен ред и ќе биде ставен на некоја од наредните седници. 

Подносител на иницијативата: Александра Илиева – Милчова

*По завршување на седницата, претседателот д-р Дарко Костадиновски и проф. д-р Осман Кадриу одржаа прес-конференција за неколку предмети од поголем јавен интерес