Соопштение по одржаната 22. седница

1.   У.бр.90/2024 

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“,од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 143/19 14/20 и 302/20);  член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 14/20 215/21 и 99/22) и уставноста и законитоста на член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3  член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор бр.12/1-42/4 од 27.02.2015 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15); член 3 став 1 алинеја 8 од Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор, начинот на неговото водење, начинот на пристап користење, обработка на податоците, како и начинот на обезбедување одговорност за веродостојноста и безбедноста на податоците бр. 14/2-2766/3 од 29.08.2014 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 132/2014) и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување бр.0402-313/1 од 25.03.2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/2016).

 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 20 став 2 алинеја 2 во делот „ и припадност на заедница“, член 20-а став 2 алинеја 3 во во делот „ по припадност на заедница“, став 3, 4, 5 и 6, член 20-б став 6, 7, став 8 во делот „и (7)“ и во делот „ и/или доколку распределбата на планираните нови вработувања по припадност на заедница не е направена согласно со членот 20-а став (6) од овој закон“ и став 10 во делот „(6) и (8)“, член 20-д став 2, 3, 4 и 5 од Законот за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 143/19 14/20 и 302/20); член 34 став 2 во делот „по припадност на заедница“, член 44 став 1 во делот „со припадност на заедница“, став 2 во делот „со припадност на заедница“, став 3 во делот „со припадност на заедница“, став 4 во делот „без оглед на нивната припадност на заедница“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 14/20 215/21 и 99/22) и уставноста и законитоста на член 2 став 2 алинеја 4 во делот „по припадност на заедница“, член 23 во делот „припадност на заедница“ од Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници бр. 44-1594/1 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2018).

2У.бр.128/2024

Не се поведува постапказа оценување на уставноста на член 31 став 1 во делот „го назначува“ од Законот за вработените во Министерството за одбрана. Се отфрла иницијативата по однос на меѓусебната согласност на делот од член 31 став 1  од Законот означен во точката 2 од овој предлог со член 39-а од Законот за Владата на Република Македонија.

3.У.бр.52/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 9.„Автентично толкување на општи акти“ и членовите 116, 117, 118 и 119 од Деловникот на Општина Зелениково, заведен под број 08-021-1 од 5 мај 1997 година кој бил објавен во. 

4. У.бр.45/2022

Се укинува член 9 став 3 во делот „германски марки (ДЕМ)“, член 22, член 26 став 2, член 86-б став 1 и член 111 став 1 во делот „ДЕМ“ од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

5. У.бр.75/2022

Се укинува член 6 став 3 и член 16 став 1 од Законот за даноците на имот. 

6. У.бр.47/2024

 Се укинува член 26 алинеја 5 и глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ и членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Дебар, бр. 07-312/3 од 08.08.2005 година .

7. У.бр.50/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Карпош број 07-1299/2 од 13.03.2006 година. 

8. У.бр.64/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар Жупа, бр. 07-315/4 од 28.06.2007 година. 

9. У.бр.75/2024

Се укинува член 40 алинеја 4 член 40 алинеја 4 од Деловникот за работа на Општина Липково.