Почитувани,
Уставниот суд денеска ja одржа XXVII-та седница на која расправаше по три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и одлучи да:
1.Реферат У.бр.48/2022– ја отфрли иницијативата со којашто се оспорува членот 1 во делот „на оваа уредба“ член 2 став 1, 2 и став 3 во делот „на оваа уредба“ од Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства од 30.03.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/2020).
Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова, адвокатка
2.Реферат У.бр.42/2022- не поведе постапка за членот 72 став 6 и дел од став 5 во делот „истата јавно ќе ја објави на својата веб-страница” од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).
Подносител на иницијативата:Никола Ликов, адвокат
3.Реферат У.бр.57/2022- ја отфрли иницијативата со којашто се оспорува членот 69 став 4 од Законот за управни спорови (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019).
Подносител на иницијативaта:Оливер Давидовски
Повеќе за иницијативите: http://ustavensud.mk/?p=22632