Дневен ред за седницата закажана за 7 септември 2022 година во 9:30 часот

Уставниот суд на 7 септември 2022 година(среда) во 09:30 часот ќе ја одржи XXVII-та седница со дневен ред на кој се предложени предложени три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Реферат У.бр.48/2022

Оспорен: Член 1 во делот „на оваа уредба“ член 2 став 1, 2 и став 3 во делот „на оваа уредба“ од  Уредбата со  законска  сила за роковите во судските постапки  за време  на вонредната  состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства од 30.03.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/2020).

Подносител на иницијативата: Адвокат Александра Илиева Милчова

Од наводите во иницијативата:

Според подносителот со оспорената уредба се воведува запирање на течењето на одредени рокови во граѓанските, управните и кривичните предмети, од кадешто овие рокови согласно цитираната уредба престанале да течат од денот на стапувањето на сила на Уредбата, па се до крајот на вонредната состојба. Во иницијативата се наведува дека во Република Северна Македонија се донесени извршни одлуки во временскиот период на вонредната состојба, односно од 18.03.2020 до 30.03.2020 година, од граѓанската, управната, казнената област со кои се казнувале или задолжувале правни и физички лица, а кои во тој период станале правосилни или извршни за времетраење на вонредната состојба, каде правните или физичките лица исто така биле опфатени со други уредби и препораки со кои им се ограничувале основните човекови права на слободно движење поради пандемијата, или пак, се плашеле за своето здравје, па оттука, биле ограничени да ги искористат своите права на правни лекови со цел правилна примена на законите.

2. Реферат У.бр.42/2022

Оспорен: Членот 72 став 6 и дел од став 5 во делот „истата јавно ќе ја објави на својата веб-страница” од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).

Подносител на иницијативата:Никола Ликов, адвокат од Штип

Од наводите во иницијативата:

Подносителот укажува дека со оспорената одредба од членот 72 став 6 од Законот за Судскиот совет, во постапката за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд, на судијата односно претседателот на суд му се ускратува правото на жалба, односно правото на ефективен правен лек.

3. Реферат У.бр.57/2022

Оспорен: Член 69 став 4 од Законот за управни спорови (“Службен весник на Република  Северна Македонија” бр.96/2019).

Подносител на иницијативaта:Оливер Давидовски од Скопје.

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека оспорениот член го ускратува уставно загарантираното право на поднесување на редовен правен лек-жалба против пресудите донесени во прв степен од страна на Управниот суд. Ваквата ограничувачка одредба според наводите во иницијативата создава правна несигурност и е во спротивност со една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, односно владеењето на правото.