Почитувани,
Уставниот суд денеска ја одржа единаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред Судот одлучи да:
1. У.бр.12/2021- не поведе постапка за оценување на член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести и да ја отфрли иницијативата во делот за член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена, донесена од Владата на Република Северна Македонија
Подносител: Миле Бундовски од Скопје
2. У.бр.145/2021- не донесе одлука поради недоволно мнозинство при гласањето, предметот ќе биде одлучуван на некоја од наредните седници
Подносители: Емилија Атанасовска-Јовановиќ од Скопје и други
3. У.бр.17/2022- ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 9 став 1 и 3 од Законот за Фондот за осигурување на депозити
Подносител: Перица Јакимовски од Скопје
4. У.бр.9/2022-не поведе постапка за оценување на Член 178 ставови 1 и 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.
Подносител: Синдикат на полиција во Македонија-Скопје
Повеќе информации за содржината на иницијативите прочитајте на линкот: http://ustavensud.mk/?p=21932