Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VIII-ма седница (денeс, 9-ти март 2022 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
1. У.бр.136/2021-не поведе постапка за оценување на уставноста на член 102 став 1 точка д), точка ж) во делот: „кое има тешко хронично заболување” и точка з) од Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија бр.80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/2010, 156/2010, 39/2012, 44/2012, 38/2014, 115/2014, 104/2015, 150/2015 и „Службен весник на РСМ” бр. 53/2021);
2. У.бр.142/2021 – го отфрли барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот.
По предметите У.бр.277/2020, У.бр.138/2021 и У.бр.88/2021 не се донесе одлука од причини што предлозите не го добија потребното мнозинство гласови.