Соопштение по одржаната 25. седница на Уставниот суд

На 21 октомври 2026 година, Уставниот суд ја одржа 25. седница на која го одлучи следното:

I – ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА

1. Реферат У.бр.39/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 28 став 2 во делот „централното” од Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/2008, 64/2009, 114/2010, 23/2011, 53/11, 47/2012, 80/2012, 163/2013, 44/2015, 147/2015, и 31/2016; и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/2021 и 255/2024). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

2. Реферат У.бр.94/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 135-а став 4 во делот „по што надлежниот орган е должен истото да го поништи“ од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011, 13/2012, 144/2012, 25/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015, 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018, 168/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2019, 18/2020, 279/2020, 227/2022, 111/2023, 224/2024, 255/2024, 3/2025, 17/2025, 87/2025 и 101/2025). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Предлогот за поведување иницијатива за оценување на уставноста на член 10 точка 1 алинеја 5 во делот „утврдување стандарди и “ од Законот за Градот Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2004 и 158/2011) не го доби потребното мозинство гласови, по што овој дел од предметот останува отворен во фаза на гласање. 

Подносител на иницијативата: адвокат Жарко Хаџи-Зафиров 

3. Реферат У.бр.96/2025, У.бр.97/2025, У.бр. 98/2025, У.бр.105/2025, У.бр.106/2025, У.бр.108/2025, У.бр.115/2025, У.бр.116/2025, У.бр.119/2025, У.бр.123/2025, У.бр.124/2025, У.бр.125/2025, У.бр.127/2025, У.бр.128/2025, У.бр.130/2025, У.бр.141/2025 и У.бр.143/2025. 

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Поради поголем интерес на јавноста Судот објави и посебно соопштение во кое е наведена куса аргументација за одлученото. (https://ustavensud.mk/2026/10/%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%be%d1%82-%d1%98%d0%b0-%d0%be%d1%82%d1%84%d1%80%d0%bb%d0%b8-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%bd-2/ ).

 Дополнително, ќе биде објавено Решението со целосната анализа и одлука. 

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.96/2025:

Сузана Московска

Љупчо Московски

Милан Гелевски

Лепосава Гелевска

Михаил Апостолски

Роза Апостолска

Лина Петровска

Даница Митева

Снежанка Тодоровска

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.97/2025:

Јадранка Мршиќ и Тито Беличанец

Подносител на иницијативата по предметот У.бр. 98/2025:

Игорчо Точев

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.105/2025:

Народен правобранител на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.106/2025:

Темелко Ристески

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.108/2025:

Емил Јанчевски и Стефан Ѓорчев

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.115/2025:

Драги Ѓошевски

Подносители на иницијативата по предметот У.бр.116/2025:

Мирослав Петровски и Зоран Пејковски

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.119/2025:
Јаким Илиев 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.123/2025:
Славчо Илијоски 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.124/2025:
Злате Шулески 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.125/2025:
Јоцо Иванов 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.127/2025:
Владе Левковски 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.128/2025:
Димитар Наунов 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.130/2025:
Стојче Ташков 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.141/2025:
Илија Бендевски 

Подносител на иницијативата по предметот У.бр.143/2025:
Ѓорѓи Ананиев

4. Реферат У.бр.181/2025 и 182/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 36 во став 1 во делот „прво и второ дете“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член“ од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 104/2019, 146/2019, 275/2019, 88/2020, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 236/2022, 265/2024, 17/2025 и 132/2025). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносителка на иницијативите: Климентина Ангелеска

5. Реферат УЗ.бр.87/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција („Службен весник на Република Северна Македонија бр.257/2025). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Поради поголем интерес на јавноста Судот објави и посебно соопштение во кое е наведена куса аргументација за одлученото. (https://ustavensud.mk/2026/10/%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%be%d1%82-%d1%98%d0%b0-%d0%be%d1%82%d1%84%d1%80%d0%bb%d0%b8-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%bd/) 

Дополнително, ќе биде објавено Решението со целосната анализа и одлука. 

Подносител на иницијативата: Политичка партија „Социјалдемократски сојуз на Македонија”- Скопје 

6. Реферат УЗ.бр.26/2026 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за основни геолошки истражувања за 2026 година бр.57-1278/14 од 24.03.2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.147/2026). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

7. Реферат УЗ.бр.36/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за давање согласност на тарифникот за надоместоци за извршени услуги на корисник на технолошка индустриска развојна зона бр.50-4246/45 од 13 мај 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2025). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

8. Реферат УЗ.бр.77/2025 

Поради утврдување на дополнителни околности, Судот го повлече предметот од Дневен ред. 

Оспорен акт: Одлука за донесување на Конечен Предлог план за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од блок 74, Тетово 2, Општина Тетово, плански период (2017-2027) бр.08-13197/9 од 22.10.2024 („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.14/2024).

Подносител на иницијативата: Министерство за транспорт

8.

II БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. Реферат БЗСП.бр.3/2026

Судот одлучи да се одржи јавна расправа за овој предмет. Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Предмет на барањето: Заштита на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, гарантирани со член 16 од Уставот

Подносител на барањето: Насер Селмани преку полномошник Филип Медарски, адвокат од Скопје

2. Реферат БЗСП.бр.5/2026

Судот го отфрли барањето на Друштвото за градежништво, услуги и трговија ПАН МОНТИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност. 

Одлуката е донесена едногласно. 

 3. Реферат БЗСП.бр.7/2026 

Судот го одби барањето на Валентин Кедиоски од Прилеп, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот коишто се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на социјална припадност кои смета дека му се повредени со Пресуда ГЖ-760/25 од 11.12.2025 година, на Апелациониот суд во Битола. 

Одлуката е донесена едногласно. 

III- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.17/2025

Судот ги укина член 177-г ставови 6 и 10, член 177-ѓ став 4 и член 177-ј став 8 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. У.бр.32/2025 

Судот ги укина член 2 став 3 во делот „гарантирана минимална помош“, член 3 став 2 во делот „гарантирана минимална помош“, член 12 став 5 во делот „гарантирана минимална помош“, насловот на член 20 во делот „гарантирана минимална помош“, член 20 став 1 во делот „гарантирана минимална помош“, насловот на член 22 во делот „гарантирана минимална помош“, член 23 точка 20 во делот „65 години“, насловот на член 28 во делот „гарантирана минимална помош“, член 28 став 1 во деловите „гарантирана минимална помош“ и „65 години“, член 34 став 3 во делот „гарантирана минимална помош“ и член 39 во делот „гарантирана минимална помош“ од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 142/2021, 278/2023 и 183/2025). 

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. У.бр.3/2026 

Судот го укина член 24 став 12 од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2025 и 148/2026). 

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. УЗ.бр.5/2026 

Поради утврдување на фактичката состојба, предметот е повлечен од дневен ред и ќе биде повторно ставен на гласање на следната седница која ќе се одржи на 3 ноември 2026 година. 

На 30 септември Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 41 став 1 и член 46 ставовите 1 и 2 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025), како и на уставноста и законитоста на Одлуката бр. 0201-1642/2 од 29.12.2025 година, донесена од Собранието на ЗАМП Скопје. 

Подносители на иницијативата: Ѓорги Крстевски и Рамиз Јусуфи