Дневен ред за 9. седница закажана за 8 април 2026 година во 9:30 часот

На 8 април 2026 година, Уставниот суд ќе ја одржи 9. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира по шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободите и правата и ќе се гласа по еден предмет. 

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1.Реферат У.бр.155/2025

Оспорен акт: Член 43 став 1 во делот: „на стариот корисник на дивечот во ловиштето или” и член 45 став 3 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 263/2023, 170/2024 и 132/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека со оспорените одредби е предвидена можност да Министерството за земјоделство, го даде на користење ловиште, се додека не се избере на јавен повик некој правен субјект кој ќе го користи ловиштето за ловење дивеч. Според него нејасно е кои се условите кои треба да ги исполни пранвото лице кое треба да учествува во изборот на користење на дивечот, не се содржани одредби ниту за тоа колку е тоа “времено” користење, односно колкав е временскиот период кој министерот го определува. Во иницијативата се тврди дека со доделување на „стариот корисник” се заобиколуваат одредбите од законот и без спроведување на постапка се доделува времено на стариот корисник, без да се има предвид дали тој ги исполнува обврските од договорот. 

2. Реферат У.бр.169/2025

Оспорен акт: Член 21 став 24 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија” бр.29/2002, 66/2004, 81/2008, 18/2011, 51/2011, 174/2011-автентично толкување, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014, 177/2014, 72/2015, 153/2015, 6/2016, 55/2016, 61/2016, 106/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.52/2019 – автентично толкување, 98/2019, 244/2019, 53/2024, 74/2024, 170/2024 и 59/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека оспорената одредба може да доведе до забуна при нејзината примена во правниот поредок бидејќи со неа се пропишува обврската за донесување на подзаконски акт и истиот да се објави на страницата на надлежниот орган за работите од областа на спортот од ставот 6. Дополнително се тврди дека ставот 6 уредува изјавување на правен лек, па според тоа при примената може да дојде до забуна. 

3. Реферат УЗ.бр.51/2025

Oспорен акт: Колективниот договор за култура во целина и поединечните одредби од член 53 ставови 5, 6, 7 8 и 9, член 66, 127 и член 128 од Колективниот договор за култура („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.16/2020 и 2/2020).

Подносител на иницијативата: Томислав Стефков

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека оспорените одредби од Колективниот договор не се во согласност со одредби од Законот на вработените во јавниот сектор. На пример, според наводите, вработен во орган на културата има право на отсуство подолго од три години кое е предвидено да биде платено, за разлика од Законот кој предвидува дека неплатено отсуство заради стручно усовршување кое не е финансирано од органот може да трае најмнногу две години. Се наведува дека овие одредби ги доведуваат во понеповолна положба останатите вработени од јавниот сектор. 

4. Реферат УЗ.бр.45/2024

Оспорен акт: Одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територија на Општина Велес бр. 25-1145/5 од 24.02.2023 година на Општина Велес и бр.25-2818/4 од 15.06.2023 година, и Заклучок за објавување на Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територија на Општина Велес бр.08-1170/2026 од 27.02.2023 година на Советот на Општина Велес и бр.08-2840/3 од 16.06.2023 година.

Оспорен акт: Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територија на Општина Велес под број 25-1145/5 од 24.02.2023 година на Општина Велес;

-Заклучок за објавување на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индистриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес под реден број 08-1170/26 од 27.02.2026;

-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територија на Општина Велес под број 25-2818/4 од 15.06.2023 година на Општина Велес;

-Заклучок за објавување на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индистриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес под реден број 08-2840/3;

Подносител на иницијативата: Друштво за шпедиција,транспорт,промет и услуги ДАЧО-КОМЕРЦ 95 Зафирова Елена ДООЕЛ експорт-импорт Велес и други преку полномошник Грозданчо Сутинов

Од наводите во иницијативата: 

Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Се тврди дека одредувањето на висината на цената на собирање на комуналниот отпад е определена со Законот за управување со отпадот како и Методологијата за пресметување на цената за собирање и транспортирање на отпад. Подносителите тврдат дека оспорените акти се донесени на погрешна основа, односно се повикуваат на одредби од Законот за локална самоуправа, наместо на одредбите од Законот за управување со отпад кој според нив е „lex specialis” и ја регулира оваа област. 

5. Реферат УЗ.бр.50/2025

Оспорен акт: Член 4 ставови 2 и 3 од Правилникот со кој се утврдуваат стручните и научните називи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 125/2023 и 194/2023).

Подносител на иницијативата : Адвокатско друштво Алексов, Мемиши и партнери Скопје

Од наводите во иницијативата:

Се тврди дека со оспорената одредба од Правилникот со кој е утврден стручниот и научниот назив, де-јуре се прави нееднаквост помеѓу студентите кои завршиле три годишни академски студии и студентите кои завршиле три годишни стручни студии. Преку пример се наведува дека доколку студентот заврши додипломска програма на стручни студии по софтверско инженерство, логично е да се стекне со диолома „софтверски инженер”, но според наведеното, тоа не е возможно бидејќи терминот „инженер” е резервиран само за академските студии.

6. УЗ.бр.38/2025

Оспорен акт: Член 14 став 1 алинеја 1 од Упатството за уредување на постапката при решавање на барања за одобрение за сеча во приватна шума број 02-958/1 од 23.10.2015 донесено од директорот на „Национални шуми” Скопје

Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани „Засегнати сопственици на недвижен имот” Берово преку претседателот Бранко Скендероски 

Од наводите во иницијативата: Подносителот на иницијативата наведува дека со донесување на оспореното Упатство се повредени  членовите 50, 51 и 52 од Уставот, како и член 43 од Законот за шумите, член 27 од Законот за залог, член 4 од Законот за општата управна постапка итн. Се наведува дека ниту еден правен акт кој претставува основ за донесување на Упатството не ја регулира хипотеката и воопшто не ја споменува. Според подносителите, поради постоење на оспореното Упатство се одбиените барања за добивање на одобрение за сеча во хипотекарна шума, што според нив е апсурдно, правејќи компарација со станови, куќи и други објекти кои на сопствениците им се ставени под хипотека, но сепак не им е забрането да ги користат. 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

  1. Реферат БЗСП бр.21/2025

Предмет на барањето: Барање за заштита на слободите и правата согласно член 110 алинеја 3 од Уставот, по основ слободно изразување на мислата политичко здружување и дејствување и забрана од дискриминација по политички основ.

Подносител на барањето: Амар Мециновиќ

Од наводите во барањето:

Подносителот наведува дека на два дена пред официјалниот почеток на изборната кампања на локалните избори во 2025 година, Советот на АВМУ донел Упатство за кое тврди дека нему како кандидат за градоначалник и на партијата „Левица” им ги ограничиле правото на фер третман и пропорционално платено политичко рекламирање на сите пишани и електронски медиуми, интернет портали и билборд. Се тврди дека неговата партија и тој како кандидат свесно и намерно се пропуштени од списокот на набројани партии со што му е ускратено правото на примање и пренесување на информации, со крајна цел влијание врз изборните резултати. 

2. БЗСП.бр.22/2025

Предмет на барањето: Забрана од дискриминација по основ на социјална припадност, согласно член 110 алинеја 3 од Уставот

Подносител на барањето: Кузман Цилков

Од наводите во барањето:

Подносителот наведува дека со извршување од страна на банка и извршител му се одзема пензијата во целина, заради намирување на долгови од кредити, без притоа да се имаат предвид законските норми дека не може да се спроведе извршување врз предмети или права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби. Смета дека е дискриминиран по основ на социјална припадност, бидејќи при извршувањето не се земени предвид нормите кои ги штитат неговите права како должник. 

III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА

1. У.бр.21/2025 и У.бр.52/2025