Уставниот суд на 24.12.2025 година ја одржа 28. седница на која разгледуваше девет иницијативи за оценување на уставност и законитост во девет предмети и донесе одлуки во два предмета.
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.243/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 215 став 6 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996, 80/1999, 48/2001, 4/2002, 16/2002, 43/2003, 19/2004, 40/2004, 81/2005, 50/2006, 60/2006, 73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 143/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015, 97/2017, 170/2017, 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/2023 и 188/2023).
Подносител на иницијативата: Васко Рубаноски
2. Реферат У.бр.5/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 ставови 1, 2 и 3 од Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020).
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 4 во делот „без образложение“ од Законот за управување со движењето на предметите во судовите.(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020).
Подносител на иницијативата: Александра Илиевска-Милчова
3. Реферат У.бр.12/2025
Поради недоволно мнозинство при гласањето, предметот останува отворен и во фаза на гласање за некоја од наредните седници.
Оспорен акт: Делот „следува надоместок“ од членот 34 став 5 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019, 99/2022, 129/2023, 253/2023 и 147/2024) и Точка 1 од Одлуката за давање согласност за присоединување на Друштвото за производство, трговија и услуги увоз-извоз Боров Дол ДООЕЛ Радовиш кон Друштвото за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш бр.41- 12385/7 од 31.12.2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.2/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. Реферат У.бр.21/2025 и У.бр.52/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на Закон за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024) и ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста за Законот за изменување на Законот за платите на судиите(„Службен весник на РСМ бр.51/2024 од 29.02.2024).
Подносители на иницијативата(21/2025): Ерол Абдулаи и Александра Палашевска
Подносители на иницијативата(52/2025):Здружение на судии на Република Северна Македонија
5. Судот поведе постапка за оценување на уставноста на Закон за изменување на законот за платите на јавните обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024) и Закон за изменување на законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024).
Подносител на иницијативата: Здружение на јавните обвинители преку претседател Елвин Вели
6. Судот поведе постапка за оценување на уставноста на Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.174/2020).
Подносители на иницијативата: Иван Мирчевски и Александар Видиновски
7.Реферат УЗ.бр.28/2025 и УЗ.бр.30/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска 3 Четврт Ј 02-опфат помеѓу Жданец и Нерези, локалитет А, Б и В, Општина Карпош Скопје бр.09-2483/18 од 13.03.2025 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2025).
Подносители на иницијативите:
Подносител на иницијативата: РБЦ Медиа ДООЕЛ Скопје и Маријана Марионцу Симовска
8. Реферат УЗ.бр.40/2025
Поради недоволно мнозинство при гласањето, предметот останува отворен и во фаза на гласање на некоја од наредните седници.
Оспорен акт: Член 17 став 3 од Статутот на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-стамбеното стопанство, занаетчиство и заштитните друштва на Македонија.
Подносител на иницијативата: Александра Дамчевска и други граѓани
9. Реферат УЗ.бр.15/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Член 7 став 2, член 8 став 3 точка 1 алинеи 1 и 2, точка 2 алинеи 1 и 2 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај од 17.11.2023 година и Прилогот 1 на тарифниот систем каде се одределени коефициентите за определување на цените по пресметковни елементи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.246/2023).
Подносител на иницијативата: Борче Ѓузелов
II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр.119/2024
Судот ја укина Одлуката за донесување изменување и дополнување на Детален урбанистички план Тасино Чешмиче 1, Општина Центар – Скопје, бр.07-4414/6 од 18 јули 2014 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје”, бр.9 од 19.08.2014 година), во делот на сегашната градска четврт Ј 05-локалитет Барутана кој го опфаќа само блок 9.
2. У.бр.193/2024
Судот го укина член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 97/2024).
3. У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023
Судот го повлече предметот од Дневен ред по добиеното извесетување од страна на Собранието дека оспорениот Закон е влезен во собраниска процедура на интервенции. Поради променетите околности, предметот е одложен за некоја од наредните седници.
4. У.бр.13/2025
Поради недоволно мнозинство при гласањето, предметот останува отворен и во фаза на гласање за некоја од наредните седници.
Оспорен: Член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025).
5.У.бр.37/2025
Поради недоволно мнозинство при гласањето, предметот останува отворен и во фаза на гласање за некоја од наредните седници.
Оспорен: Член 54 став 1 во делот „2024 година 10%“, став 2 во делот „2024 година 8%“ и член 59 став 1 од Законот за минимален глобален данок на добивка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/2025).