На 25 јуни 2025 година Уставниот суд ја одржа 14. седница на која се дискутираше по седум предмети за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и донесе конечни одлуки во два предмета.
- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.135/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 11 став 1 точки 1 и 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2000, 44/2002, 13/2006, 82/2008, 167/2010, 36/2011 и 51/2011 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019, 110/2019, 154/2019 и 121/2024).
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски
2. Реферат У.бр.231/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 93 од Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.236/2022).
Подносител на иницијативата: Миа Георгиевска, адвокат од Скопје
3. Реферат У.бр.254/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 288, член 381 ставови 3 и 4, член 483, 484, 485, 486, 487, 488, 489 и 490 од Законот за кривичната постапка.
Подносител на иницијативата: Александра Илиева-Милчова, адвокат од Скопје
4. Реферат У.бр.4/2025
Поради отсуство на судијата-известител, овој предмет е повлечен од Дневниот ред и ќе биде ставен на седница повторно.
Подносител на иницијативата: Манчо Манчев
5. Реферат У.бр.9/2025
Се отфрла иницијативата за оценување на член 167 став 4 во делот „Законот за државните службеници“ од Законот за заштита на културното наследство.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
6. Реферат У.бр.148/2023
Се поведува постапка за оценување на Правилник за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2023).
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
7. Реферат У.бр.217/2024
Предметот останува отворен и во фаза на гласање за некоја од наредните седници, бидејќи ниту еден од предлозите за одлучување не го доби потребното мнозинство гласови.
Оспорен акт: Уредба за националната рамка на високообразованите квалификации („Службен весник на Република Македонија бр.154/2010).
Подносител на иницијативата: Васе Андриевски
8. Реферат У.бр.161/2023
Се поведува постапка за оценување на член 40 став 2 алинеја 4 од Статутот на Општина Сопиште бр.01- 2845/3 од 02.07.2007 година.
Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
Судот го одби барањето за заштита на слободите и правата на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска од Скопје во својство на потврден независен претседателски кандидат. Поради поголем интерес на јавноста објавено е посебно соопштение за овој предмет.
2. БЗСП бр.1/2025
Поради отсуство на судијата-известител овој предмет ќе биде ставен на Дневен ред на некој од наредните седници.
III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр.197/2024
Судот ги укина членовите 47 и 48 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024 и 275/2024).
Подносител на иницијативата: Славко Димитров
2. У.бр.251/2024
Се укинуваат:
-Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ и потточка 2 во делот „„Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/2021).
Подносител на иницијативата: Скендер Реџепи
Поради поголем интерес на јавноста Судот објави посебно соопштение за овој предмет.