Соопштение по одржаната 6. седница на Уставниот суд

На 12 март Уставниот суд ја одржа 6. Седница и го одлучи следното:

1. Реферат У.бр.208/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите.

Подносител на иницијативата: Адвокат Александра Илиева Милчова

2. Реферат У.бр.224/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 366 реченица втора, член 376 став 3 во делот „јавниот  обвинител или”, член 393 став 2 во делот „обвинетиот во текот на    главната расправа во заседанието стори кривично дело или ако“,  член 426 став 4 во делот „став (3)”, член 435 став 3 во делот „овите“ од зборот членовите и „и 175 ставови (1) и (5)”, член 439 став 3 во делот „на членот 435”, член 448 став 2 реченица втора и член 449  став 1 точка 1 во делот „односно толкувачот“ и став 2 реченица втора во делот „и 3“ од Законот за кривичната постапка („Службен весник на  Република Македонија“ бр. 150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).

Подносител: д-р Леонид Трпеноски, адвокатско друштво “Трпеноски”

3. Реферат У.бр.240/2024

Се отфрла  иницијативата за оценување на уставноста на членовите 4, 5 и 6 од Законот за престанување на важењето на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.194/2024).

Подносител: Елизабета Русеска, Кирил Давков, Мирјана Панајотова, Трајанка Бошева, Никола Минчев

4. Реферат У.бр.256/2024

Поради утврдување на дополнителни околности, предметот е повлечен од дневниот ред. Постапката останува отворена.

Подносител: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.251/2024

Се поведува постапка за оценување на законитоста и уставноста на Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно населние“ го сочинуваат следните лица-единици на Попис“ и потточка 2 во делот „„Вкупно  нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица-единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 30/202).

Подносител: Скендер Реџепи

6. Реферат У.бр.98/2023 

Се поведува постапка за оценување на Правилник за додаток на плата, негова висина и начинот на утврдување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција А бр.26/16-1 од 13.02.2017 година на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и се отфрла иницијативата за оценување на Одлука за месец април 2023 година А бр.46/2023 од 05.05.2023 година на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Подносители: Алмедин Куртановиќ и други застапувани од адвокатско друштво Давидовиќ – Јанковиќ

7. Реферат У.бр.171/2024

Не се поведува постапка за оценување на член 5 став 1 алинеја 4 од Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во примарната стоматолошка здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/2004, 24/2005, 137/2006, 115/2007, 62/2011, 42/2012, 7/2016, 14/2018 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.234/2019 и     188/2020).

Подносител: Здружение на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, преку претседател Жарко Ѓорѓиев.