Уставниот суд на 5 февруари ја одржа првата седница за 2025 година и го одлучи следното:
1. Реферат У.бр.138/2023
Не се поведува постапка за Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/2023 oд 30 мај 2023), донесен од Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 26 мај 2023.
Подносител на иницијативата: Хелсиншки комитет за човекови права од Скопје
2. Реферат У.бр. 207/2023
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 17 став 3 во од Законот за Академија за судии и јавни обвинители
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3. Реферат У.бр.89/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 21 став 1 алинеја 5 и ставовите 4, 5, 6, 7, 8 и 9 од Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/24).
Подносител: Петар Димитров
4. Реферат У.бр.151/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на:
– член 3 став 25 од Уредба за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директни плаќања за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/24 и 34/24).
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на:
– член 47 став 5 и став 6 во делот „максималните износи од ставот (5) на овој член“ од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022 и 65/2023)
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 3 став 25 од Уредбата за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директни плаќања за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/23, 42/23, 110/23, 138/23, 149/23, 248/23, 276/23 и 287/23).
Подносител на иницијативата: Земјоделски комбинат „Пелагонија” АД Битола
5. Реферат У.бр. 5/2024
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 54-а точка 1 ставови 1, 2 и 4 од Правилата за изменување и дополнување на правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 233/2020)
-Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на:
– Член 9 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/19, 162/19, 233/20, 312/20 и 38/2022) и
– Табеларен норматив за корекција на варијабилниот дел од надоместокот за топлинска енергија во колективен станбен објект кога измерените внатрешни температури се пониски од 20* С од Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија од мај 2021 година.
Подносител: Вера Георгиева
6.У.бр.183/2024
Судот поведе постапка за оценување на Одлуката за применување на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање во постапка за спроведување на ДУП кои не се повеќе во важност на територијата на Општина Ѓорче Петров, донесена од страна на Советот на Општина Ѓорче Петров бр.08-649/4 од 27.02.2018.
Подносител на иницијативата: Сања Маринковиќ преку полномошник Александар Марковиќ, адвокат од Скопје
II- БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. Реферат У.бр.117/2019
Предметот е повлечен од Дневен ред поради испитување на дополнителни околности.
2. У.бр.140/2024
Судот го отфрли барањето на Слободан Трендафилов и 15 други граѓани https://ustavensud.mk/archives/32397
3. У.бр.206/2024
Судот го одби барањето на Еролд Муслиу и не ги прифати неговите наводи дека дека е дискриминиран по основ на пол и на политичка припадност, во врска со членот 9 од Уставот.
4. У.бр.239/2024
Уставниот суд утврди дека на пратеникот Сали Мурати му е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата и правото на политичкото дејствување.
III-ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
Реферат У.бр.179/2023, У.бр.183/2023, У.бр.187/2023, У.бр.190/2023 и У.бр.197/2023
Уставниот суд на седницата одржана на 05 февруари 2025 година донесе одлука да го поништи Законот за данок за солидарност.