Соопштение по одржаната 9-та седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 9. Седница со дневен ред на кој се дискутираше по шест иницијативи за оценка на уставност и законитост и едно барање на заштита на слободи и права и одлучи:

Реферат У.бр.66/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 109 став 3, во делот „Предност имаат кандидати со звање ментор и советник“ од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“, број 161/2019 и 229/2020).

Подносител на иницијативата: Јашар Касами од Тетово

Реферат У.бр.93/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 2 точка 29 во делот: „заверена кај нотар” од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија” број 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 124/2019).

Подносител на иницијативaта: Славко Лазевски

Реферат У.бр.131/2022

По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да се поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 2 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.246/2022) не беше усвоен поради недобиено мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Славко Лазовски

Реферат У.бр.2/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 12 став 1 алинеја 3, член 12 став 2 вo делот „претставници во собранието на АКРСМ”, член 14 ставовите 2, 3, 4, 5 и 6, член 15 став 2 во делот „повеќе од 1/3 од претставниците на Собранието или”, член 17 и член 36, во делот „од вкупниот број претставници” oд Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.128/2019)

Подносител на иницијативата: Александар Ристески, адвокат од Скопје

У.бр.137/2021 – барање за заштита на слободи и права

По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот Судот го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници.

Подносители барањето: Живко Јаќимовски и Радица Јаќимовски застапувани од Бенита Белешкова, адвокатка од Скопје

У.бр.82/2022 – предлог за одлучување

Се поништуваат Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување и планирање на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граница на градежен реон на град Куманово бр.09-5643/4 од 12.07.2022 година, донесена од Советот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.8/2022 од 12 јули 2022) и Заклучокот бр.08-5915/1 од 12 јули 2022 година за објавување на означената одлука донесен од градоначалникот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.8/2022 од 12 јули 2022).

Подносители на иницијативата: Друштвото за производство, трговија и услуги УПМ-ГРУП ДООЕЛ Куманово и Трговското друштво за внатрешен и надворешен промет, производство и услуги ХРОМАК Емил ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, застапувани од Борче Ивановски и Виктор Божиновски, адвокати од Куманово

Поради интерес на повеќе медиуми Уставниот суд објави посебно соопштение за оваа точка.

У.бр.233/2020 – предлог за одлучување

Се укинува член 8 став 3 во делот: „кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“ од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019)

Подносител на иницијативa: Панче Докузов од Штип.

И по овој предмет, поради големиот интерес на медиумите, Уставниот суд објави посебно соопштение.