Иницијативите до Уставниот суд се доставуваат во писмена форма во два примерока преку пошта или непосредно во Архивата на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Содржината на иницијативата е определена во член 15 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија според кој иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт содржи: означување на законот, прописот или општиот акт односно одделни негови одредби што се оспоруваат, причини за нивно оспорување, одредбите од Уставот, односно законот што се повредуваат со тој акт и името, односно називот, односно називот и седиштето на подносителот на иницијативата.
Во прилог се дадени обрасци за тоа што треба да содржи иницијативата.
НАПОМЕНА:
Обрасците се изготвени со цел да помогнат на подносителите при нивното обраќање до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истите не се задолжителни.
Доставување на иницијативите по пат на електронска пошта или писмено доставување преку факс до Уставниот суд не се сметат за поднесоци со кои се иницира поведување на постапка пред Судот.