Уставниот суд денеска ја одржа 16. седница и ги донесе следните одлуки и решенија:
1. Реферат У.бр.40/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 во делот „актите“ и член 26 во делот „акт“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024).
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2. Реферат У.бр.41/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 32 став 2 во делот „може“ и делот „одлуките“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024).
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3. Реферат У.бр.117/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 147 и член 148 ставови 2 и 4 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015, 193/2015 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/2019, 275/2019, 14/2020, 171/2022, 65/2023, 14/2024 и 30/2024).
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Мултиетнички синдикат од Скопје
4. Реферат УЗ.бр.72/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за контрола на квалитетот на работењето на субјектите на контрола на квалитет бр. 0202362/1 од 10.10.2024 година донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Сашо Цветановски
5. Реферат УЗ.бр.34/2025
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за доделување на еднократна финансиска помош на Здружение Карпино бр. 08-9/171 од 30.04.2025 („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр. 8/2025 од 05.05.2025 година).
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на Општина Старо-Нагоричане
6. Реферат УЗ.бр.63/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр. 08-833/3 од 06.04.2017 за измена и дополна на ДУП за населба Ложионица-Кичево блок 11, 12, 13, 17 и 18 со плански период 2014-2017 (8.43ха) – Општина Кичево („Службен гласник на Општина Кичево“ бр. 4/2017).
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Kоле Крстески преку полномошник, адвокат Јовица Наумоски
7. Реферат УЗ.бр.69/2025
Поради испитување на дополнителни околности, овој предмет е повлечен од денешната седница и ќе биде повторно ставен на Дневен ред на некоја од следните седници.
Оспорен акт: Одлуката бр. 07-601/1 од 29.09.2008 година на Советот на Општина Делчево со која е донесен Детален урбанистички план за дел од локалитет „Милково Брдо – 2“ во Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр. 7/2008).
Подносител на иницијативата: Велиновски Владе преку адвокат Ќирил Величковски
8. Реферат УЗ.бр.67/2025
Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Наредбата од Министерот за животна средина и просторно планирање заведена под бр. 02-3864/1 од 15.09.2025 година, донесена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Oпштина Липково, преку адвокат Ратко Димовски
II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
1. У.бр.77/2025
Судот го укинa член 84 став 3 алинеја 4 од Законот за вработените во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 53/2024).
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Подносител на иницијативата: Николче Мушаревски
2. УЗ.бр.73/2025
Судот ја запре постапката за оценување на уставноста и законитоста на членовите 11, 12 и 18 од Деловникот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, донесен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 30.01.2024 година, заведен под број 0101-1/1.
Oдлуката е донесена едногласно од вкупно седум судии присутни на седницата денеска.
Овој предмет е формиран по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
3. УЗ.бр.12/2025
Судот ги укина член 97 ставови 6, 7, 8, 9 и 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи, бр.01-4228/1 од 12.07.2023 година и бр.0102-4/1 од 21.07.2023 година.
Одлуката е донесена со мнозинство гласови од присутните седум судии.
Подносител на иницијативата: Управата за јавни приходи, преку директорката м-р Елена Петрова.
