Пристап до информации од јавен карактер


Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019), Уставниот суд на Република Северна Македонија ја изготви следната

Листа на информации од јавен карактер

Листата за информации од јавен карактер на Уставниот суд на Република Северна Македонија ја сочинуваат следните групи на информации:

  • Конечни одлуки на Уставниот суд
  • Актот на Уставниот суд
  • Број на поднесени иницијативи
  • Дневен ред за одржување на седници на Уставниот суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд на Република Северна Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица за посредување со информации ги определи: Енсар Јусуфи и Ненад Миноски.

Уставен суд на Република Северна Македонија
„Димитар Влахов“ бр.19
1000 Скопје

Е-маил адреси:
ejusufi@ustavensud.mk
nminoski@ustavensud.mk

Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвил Уставниот суд на Република Северна Македонија со пополнување на Барање за пристап до информација од јавен карактер кое може да го добијат во Архивата на Уставниот суд или на линкот подолу, како и со доставување на барање во електронска форма на една од е-маил адресите на горенаведените службени лица.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон 02 322 3626.