-
УЗ.бр.84/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Пресудата УПРЖ бр. 359/2023 од 27.11.2023 година на Вишиот управен суд, Решението IВПП1 бр. 166/21 од 21.03.2023 година на Основниот граѓански суд Скопје и Решението ГЖ-1793/23 од 11.02.2025 година на Апелациониот суд Скопје.
-
УЗ.бр.62/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 7 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, донесен од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на седниците одржани на 2 и 3 ноември 2024 година.
-
УЗ.бр.78/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина
-
УЗ.бр.81/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 74 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација
-
УЗ.бр.31/2025
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година, бр.08-125/7 од 23.01.2025 година, донесена од Советот на Општина Кичево.
-
У.бр.201/2024
СЕ УКИНУВА Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план, бр.08-7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово
-
УЗ.бр.20/2025
СЕ УКИНУВААТ член 114 став 1 точки 4 и 7 од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/2024).
-
У.бр.145/2024
СЕ УКИНУВА делот „како извршна исправа,“ од точка 2 став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување (образец бр.21) од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија.
-
УЗ.бр.51/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 78-љ од Законот за културата и на уставноста и законитоста на Колективниот договор за културата
-
УЗ.бр.38/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрение за сеча во приватна шума, број 02-958/1 од 23.10.2015 година.
-
УЗ.бр.45/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територијата на Општина Велес, бр.25-2818/4 од 15.06.2023 година, донесена од Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.10/2023…
-
УЗ.бр.50/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 ставови 2 и 4 од Правилникот со кој се утврдуваат стручните и научните називи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/2023 и 194/2023)
Hello in Save.