Одлуки и решенија

У.бр.157/2023
24/01/2024

СЕ ПОНИШТУВА насловот на поглавјето „Автентично толкување на општи акти” и членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот на Општина Сарај и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбите од Статутот

Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се поништува, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.38/2023
17/01/2024

СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената одлука

Времена мерка, Други прописи и колективни договори, Органи на единиците на локална самоуправа, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.105/2023
17/01/2024

СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето

Влада на Република Северна Македонија, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка