Решение У.бр.205/2012

У.бр.205/2012-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 70/1992), на седницата одржана на 12 февруари 2014 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 6 став 2 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 20/2007, 14/2009, 20/2009, 72/2010 и 171/2010).

2. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Катица Чоланческа – Раѓеновиќ, Магдалена Генадиева – Димитрова и Томислав Дворник Весановиќ, сите од Скопје, со Решение У.бр.205/2012 година од 25 септември 2013 година, поведе постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со одредбите на Уставот.

3. Собранието на Република Македонија, како доносител на оспорениот закон, по истекот на предвидениот рок, достави до Уставниот суд на Република Македонија одговор на наводите од Решението за поведување на постапка за оценување на уставноста на оспорената одредба од Законот.

4. На седницата на Судот одржана на 12 февруари 2014 година, предлогот за укинување на оспорената одредба од Законот не го доби потребното мнозинство на гласови.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Елена Гошева и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, д-р Гзиме Старова, Сали Мурати и Владимир Стојаноски.

У.бр.205/2012
12 февруари 2014 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева

Издвоено мислење по предметот У.бр.205/2012

 

Leave a Reply