Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.81/2023
Скопје, 5 декември 2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 41-а став 1 во делот „јавно“ и став 3 во делот „јавното“ од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/2020).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, донесе Решение У.бр.81/2023 од 3 октомври 2023 година за поведување постапка за оценување на уставноста на делови од членот означен во диспозитивот на оваа одлука, поради сомнение за повреда на член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека во член 41-а од Законот за средното образование, во ставовите 1 и 3 во кои се содржани оспорените делови се предвидува:
(1) За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом.
(3) По исклучок од ставот (2) на овој член, ако во општината во која живее ученикот при запишувањето во прва година на образование се пополнети сите места во училиштето, односно училиштата во општината, ученикот има право на бесплатен превоз до јавното средно училиште во друга општина во кое е ученикот запишан, ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри и ако ученикот ја посетува наставата.
III
Според член 8 став 1 алинеja 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во член 9 од Уставот е утврдено дека граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Според член 44 од Уставот, секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.
Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Во член 1 од Законот за средното образование се наведува дека со овој закон се уредува организацијата, функционирањето и управувањето во средното образование во Република Северна Македонија, како дел од системот на воспитанието и образованието.
Согласно член 2 од истиот закон, во средното образование се остваруваат планови и програми за гимназиско и стручно образование. Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни средни училишта (средно општинско училиште, односно средно училиште на Градот Скопје и државно средно училиште) и приватно средно училиште. Државните средни училишта се основаат само за остварување на планови и програми за средно образование на одредени категории на ученици за кои државата има посебен интерес. Дејноста што се остварува во средното училиште е од јавен интерес и се врши како јавна служба. Средното училиште има својство на правно лице и се запишува во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Во глава II од Законот за средното образование со наслов „Основање и престанок на средните училишта“ е содржан член 10 во кој се предвидува:
Средно општинско училиште може да основа општината. Одлука за основање на средно општинско училиште донесува советот на општината по претходно прибавено мислење од Владата на Република Македонија. Средно училиште на Градот Скопје може да основа Советот на Градот Скопје. Одлука за основање на средно училиште на Градот Скопје донесува Советот на Градот Скопје по предлог на советот на општината, а по претходно прибавено мислење од Владата. Државно средно училиште основа Владата.
Приватно средно училиште може да основа домашно и странско правно и физичко лице врз основа на одобрение, согласно со овој закон. Општината, Градот Скопје, односно Владата може да основа и меѓународно јавно училиште во кое се остваруваат наставни планови и програми на некој од светските странски јазици (англиски, француски, германски), кои на предлог на Бирото, односно Центарот за стручно образование и обука, ги донесува министерот.
Според член 13 од истиот закон со Одлуката на Владата на Република Македонија за давање одобрение за основање на приватно средно училиште се утврдува: воспитно-образовното подрачје, односно видот на средното образование за кое се основа приватното училиште; потребен наставен кадар, опрема, простор според педагошки стандарди и нормативи; бројот на учениците; јазикот на кој ќе се изведува наставата; програмата за воспитно-образовната дејност и почетокот со работа на приватното училиште.
Во глава V од Законот со наслов „Ученици“ е содржан член 41 во кој се уредува статусот на ученикот.
Така, според содржината на овој член од Законот, статус на ученик во средното образование се стекнува со запишување во средното училиште. Статус на редовен ученик може да се стекне само во едно средно училиште. Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити за одреден план и програма во средното училиште. Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови: да е постар од 17 години, да е на боледување подолг период, да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето, да е во работен однос и во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.
Во член 41-а од Законот за средното образование, со оспорените делови се предвидува дека за ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом. Ученикот од ставот (1) на овој член има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри од средното училиште во кое ученикот е запишан и ја посетува наставата и ако избраната струка и профил не е застапена во општината во која ученикот живее. По исклучок од ставот (2) на овој член, ако во општината во која живее ученикот при запишувањето во прва година на образование се пополнети сите места во училиштето, односно училиштата во општината, ученикот има право на бесплатен превоз до јавното средно училиште во друга општина во кое е ученикот запишан, ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри и ако ученикот ја посетува наставата. За ученикот кој користи сместување и исхрана во ученички дом не се организира бесплатен превоз до дома за време на викендите, освен за учениците со посебни образовни потреби. Ученикот со посебни образовни потреби и лицето за негова придружба имаат право на бесплатен превоз без оглед на оддалеченоста на нивното место на живеење до државното средно училиште во кое ученикот е запишан и ја посетува наставата. Начинот на организирањето на бесплатниот превоз на учениците, учениците со посебни образовни потреби и лицата за нивна придружба, од местото на живеење до јавното средно училиште, го утврдува министерот.
Од анализата на наведените уставни и законски одредби произлегува дека владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, а еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите е уставно гарантирана.
Од целината на Законот се утврдува дека средното образование е дејност од јавен интерес која се врши како јавна служба, а државјаните на Република Северна Македонија имаат под еднакви услови право на образование во средните училишта во Република Северна Македонија. Средни училишта, според Законот за средното образование се јавни средни училишта (средно општинско училиште, односно средно училиште на Градот Скопје и државно средно училиште) и приватни средни училишта. Оттука, правата и обврските за лицата кои имаат статус на редовен ученик во средно училиште, а кој се утврдува во член 41 од Законот, треба да се еднакви, односно истите се еднакви без оглед дали станува збор за јавни средни или приватни средни училишта.
Меѓутоа, член 41-а став 1 во делот „јавно“ и став 3 во делот „јавното“ од Законот за средното образование ги издвојува и ги привилегира редовните ученици од средно јавно училиште и за истите предвидува бесплатен превоз до училиштето, ако истите не се сместени во ученички дом и доколку местото на живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри од средното училиште во кое ученикот е запишан и ја посетува наставата и ако избраната струка (профил) не е застапена во општината во која ученикот живее.
При наведената правна и фактичка состојба, со иницијативата се поставува прашањето дали е во согласност со Уставот, право на бесплатен превоз да имаат само редовните ученици на јавно средно училиште, а редовните ученици од средно приватно училиште да се исклучени од користењето на ваквото право и дали со тоа не се повредени принципот на владеењето на правото и еднаквоста на граѓаните пред Уставот, а кои се уставно утврдени начела.
Во одговор на ова прашање Судот оцени дека треба да се има предвид дека Законот за средното образование го утврдува статусот на ученик на начин што го поистоветува ученикот во средно јавно и ученикот од приватно средно училиште. Оттука, неопходно е со оглед на статусот, сите ученици во средно образование, според формулацијата содржана во член 41 од Законот за средното образование, да имаат исти права и обврски, односно неопходно е законодавецот на ист начин да ги утврдува правата и обврските за сите редовни ученици во средното образование, без да прави разлика дали истите посетуваат средно јавно или средно приватно училиште.
Според Судот, законската одредба на член 41-а став 1 во делот „јавно“ и став 3 во делот „јавното“ од Законот за средното образование не е во согласност со уставното начело на еднаквост, од причина што допушта нееднаков третман на лицата кои имаат ист, идентичен правен статус, односно статус на редовни ученици во средното образование, што е основ на истите да им се обезбедат еднакви услови во образованието.
Имено, според Судот, не постои уставна можност за различен третман на редовните ученици во средното образование од причини што според член 9 став 2, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Оттука, со оспорените делови на законската одредба од член 41-а, според Судот, се повредува член 44 став 2 од Уставот каде се предвидува дека образованието е достапно на секого под еднакви услови. Со ваквото законско уредување, според Судот, редовните ученици во приватното средно училиште се ставени во нееднаква положба и не им е обезбедено образованието под еднакви услови со другите ученици од средно образование, што е уставно недопуштено.
Судот оцени дека оспорените делови, од подносителот на иницијативата и по сопствена иницијатива на Уставниот суд, од законската одредба на член 41-а став 1 во делот „јавно“ и став 3 во делот „јавното“ од Законот за средното образование, нема уставна основаност, односно дека истата не е во согласност со уставната гаранција за еднаквоста на граѓаните во остварување на нивните права, под исти услови и при еднаква положба. Со оспорените делови од член 41-а ставови 1 и 3 од Законот, редовните ученици во средното образование се ставаат во нееднаква положба, во зависност од тоа дали своето образование го оформуваат во средно јавно или средно приватно училиште. Според Судот, во конкретниот случај право на бесплатен превоз во наведените случаи треба да имаат сите редовни ученици во средните училишта, без оглед на тоа дали станува збор за ученици од јавно средно или приватно средно училиште.
Законодавецот, во конкретниот случај, различно постапил за редовни ученици во средното образование, кои се во еднаква правна положба, во однос на правото за користење на бесплатен превоз само на редовните ученици од јавно средно училиште кои немаат сместување во ученички дом или пак местото на живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри од средното училиште во кое ученикот е запишан и ја посетува наставата и ако избраната струка и профил не е застапена во општината во која ученикот живее, по однос на редовни ученици од приватно средно училиште.
Со ваквото законско решение, според Судот, се воспоставува различен третман на учениците од средното образование во однос на стекнувањето на правото за користење на бесплатен превоз во дадените случаи, што е спротивно на член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот, според кои не постои уставна можност за различен третман на учениците од средното образование, од причини што според член 9 став 2 граѓаните пред Уставот и законите се еднакви и уставно е загарантирано постоење на еднакви услови за достапност до образованието. Оттука, Судот оцени дека член 41-а став 1 во делот „јавно“ и став 3 во делот „јавното“ не е во согласност со член 9 и член 44 став 2 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut U.nr.81/2023
Shkup, 5 dhjetor 2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET neni 41-а paragrafi 1 në pjesën „publike“ dhe paragrafi 3 në pjesën „publike“ nga Ligji për arsimin e mesëm („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017, 64/2018 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr. 229/2020).
2. Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me rastin e iniciativës së Luka Paviçeviqit nga Shkupi, e miratoi Aktvendimin U.nr.81/2023, të datës 03 tetor 2023 për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pjesëve të nenit të cekur në dispozitivin e këtij vendimi, për shkak të dyshimit për shkelje të nenit 9 paragrafi 2 dhe nenit 44 paragrafi 2 të Kushtetutës.
II
Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 41-a të Ligjit për arsimin e mesëm, në paragrafët 1 dhe 3, të cilët i përmbajnë pjesët kontestuese, parashikohet:
(1) Për nxënësin që e ka statusin e nxënësit të rregullt në shkollë të mesme publike, organizohet transport falas për në shkollë nëse nxënësi nuk vendoset në konvikt.
(3) Me përjashtim të paragrafit (2) të këtij neni, nëse në komunën në të cilën jeton nxënësi, me rastin e regjistrimit në vitin e parë të arsimit plotësohen të gjitha vendet në shkollë, përkatësisht shkollat në komunë, nxënësi ka të drejtën e transportit falas për në shkollën e mesme publike në një komunë tjetër në të cilën nxënësi është i regjistruar, nëse vendbanimi është së paku 2,5 kilometra larg dhe nëse nxënësi e ndjek mësimin.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në nenin 9 të Kushtetutës është përcaktuar se qytetarët e Republikës së Maqedonisë janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe sociale, bindja politike dhe fetare, pozita pronësore dhe shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas nenit 44 të Kushtetutës, secili ka të drejtë për arsimim. Arsimimi është i arritshëm për secilin në kushte të barabarta. Arsimimi fillor është i detyrueshëm dhe falas.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin.
Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Në nenin 1 të Ligjit për arsimin e mesëm thuhet se ky ligj e rregullon organizimin, funksionimin dhe udhëheqjen e arsimit të mesëm në Republikën e Maqedonisë së Veriut, si pjesë e sistemit të edukimit dhe arsimit.
Sipas nenit 2 të të njëjtit ligj, në arsimin e mesëm zbatohen planet dhe programet për arsimin e mesëm dhe profesional. Arsimi i mesëm zhvillohet në shkollat e mesme të cilat organizohen si shkolla të mesme publike (shkolla e mesme komunale, gjegjësisht shkolla e mesme e Qytetit të Shkupit dhe shkolla e mesme shtetërore) dhe shkolla të mesme private. Shkollat e mesme shtetërore themelohen vetëm për realizimin e planeve dhe programeve për arsimin e mesëm të kategorive të caktuara të nxënësve për të cilët shteti ka interes të veçantë. Veprimtaria e zhvilluar në shkollën e mesme është me interes publik dhe kryhet si shërbim publik. Shkolla e mesme e ka statusin e personit juridik dhe është e regjistruar në Regjistrin Qendror të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Kapitulli II i Ligjit për arsimin e mesëm me titull “Themelimi dhe përfundimi i shkollave të mesme” është në nenin 10 i cili parashikon:
Një shkollë e mesme komunale mund të themelohet nga komuna. Vendimin për themelimin e shkollës së mesme komunale e merr këshilli i komunës pas marrjes së mendimit paraprak nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë. Shkollën e mesme të Qytetit të Shkupit mund ta themelojë Këshilli i Qytetit të Shkupit. Vendimin për themelimin e shkollës së mesme në Qytetin e Shkupit e merr Këshilli i Qytetit të Shkupit me propozim të Këshillit të Komunës dhe pas marrjes së mendimit paraprak nga Qeveria. Shkollë të mesme shtetërore themelon Qeveria.
Shkolla e mesme private mund të themelohet nga persona juridikë dhe fizikë vendas dhe të huaj, në bazë të miratimit, në përputhje me këtë ligj. Komuna, Qyteti i Shkupit, gjegjësisht Qeveria mund të themelojnë edhe shkollë publike ndërkombëtare në të cilën planet dhe programet mësimore zbatohen në një nga gjuhët e huaja botërore (anglisht, frëngjisht, gjermanisht), të cilat me propozim të Byrosë, përkatësisht Qendrës për Arsim dhe Trajnim Profesional, i miraton ministri.
Sipas nenit 13 të të njëjtit ligj, me Vendimin e Qeverisë së Republikës së Maqedonisë për dhënien e miratimit për themelimin e shkollës së mesme private, është përcaktuar: fusha edukativo-arsimore, përkatësisht lloji i arsimit të mesëm për të cilin është themeluar shkolla private; personeli i nevojshëm mësimor, pajisjet, hapësira sipas standardeve dhe normave pedagogjike; numri i nxënësve; gjuha në të cilën do të zhvillohet mësimi; programi për veprimtarinë edukativo-arsimore dhe fillimi i punës së shkollës private.
Në kapitullin V të Ligjit me titull “Nxënës” përmbahet neni 41 në të cilin rregullohet status i nxënësit.
Kështu, sipas përmbajtjes së këtij neni të Ligjit, statusi i nxënësit në arsimin e mesëm fitohet me regjistrimin në shkollën e mesme. Statusi i nxënësit të rregullt mund të merret vetëm në një shkollë të mesme. Nxënësit jo të rregullt janë persona që arsimohen përmes vetë-edukimit, duke dhënë provime për një plan dhe program të caktuar në shkollën e mesme. Nxënës jo i rregullt mund të regjistrohet personi që plotëson një nga kushtet e mëposhtme: të jetë mbi 17 vjeç, të jetë në pushim mjekësor për një kohë të gjatë, t’i jetë shqiptuar masë pedagogjike largim nga shkolla, të jetë i punësuar dhe në raste të tjera të përcaktuara me statutin e shkollës së mesme.
Në nenin 41-a të Ligjit për arsim të mesëm, me pjesët e kontestuara parashihet për nxënësin që është me status të nxënësit të rregullt në shkollën e mesme publike, organizohet transport falas deri në shkollë, nëse nxënësi nuk vendoset në konvikt të nxënësve. Nxënësi nga paragrafi (1) i këtij neni ka të drejtën e transportit falas nëse vendbanimi është në largësi së paku 2,5 kilometra nga shkolla e mesme në të cilën nxënësi është i regjistruar dhe e ndjek mësimin dhe nëse dega dhe profesioni i zgjedhur nuk janë të përfaqësuara në komunën në të cilën nxënësi jeton. Me përjashtim të paragrafit (2) të këtij neni, nëse në komunën në të cilën jeton nxënësi gjatë regjistrimit në vitin e parë të arsimit janë plotësuar të gjitha vendet në shkollë, respektivisht në shkollat e komunës, nxënësi ka të drejtë për transport falas te shkolla publike e mesme në komunë tjetër në të cilën është regjistruar nxënësi, nëse vendbanimi është më larg se 2,5 kilometra dhe nëse nxënësi e ndjek mësimin. Për nxënësin që shfrytëzon vendosje dhe ushqim në konviktin e nxënësve nuk organizohet transport falas deri në shtëpi gjatë vikendeve, përveç për nxënësit me nevoja të posaçme arsimore. Nxënësi me nevoja të posaçme arsimore dhe personi për shoqërim të tij kanë të drejtë transporti falas pa e marrë parasysh largësinë e vendbanimit të tyre deri në shkollën e mesme shtetërore në të cilën nxënësi është i regjistruar dhe e ndjek mësimin. Mënyrën e organizimit të transportit falas të nxënësve, nxënësve me nevoja të posaçme arsimore dhe personave për shoqërimin e tyre, nga vendbanimi deri në shkollën e mesme publike, i përcakton ministri.
Nga analiza e dispozitave të përmendura kushtetuese dhe ligjore, del se sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, dhe barazia e qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve është e garantuar me kushtetutë.
Nga tërësia e Ligjit, përcaktohet se arsimi i mesëm është veprimtari me interes publik që kryhet si shërbim publik ndërsa qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut kanë të drejtë të shkollohen në kushte të barabarta në shkollat e mesme në Republikën e Maqedonisë së Veriut. Shkollat e mesme, sipas Ligjit për arsimin e mesëm, janë shkolla të mesme publike (shkolla e mesme komunale, gjegjësisht shkolla e mesme e Qytetit të Shkupit dhe shkolla e mesme shtetërore) dhe shkolla të mesme private. Prandaj, të drejtat dhe detyrimet për personat që kanë statusin e nxënësit të rregullt në shkollën e mesme, i përcaktuar në nenin 41 të Ligjit, duhet të jenë të barabarta, gjegjësisht të jenë të njëjta pavarësisht nëse bëhet fjalë për shkolla të mesme publike apo të mesme private.
Mirëpo, neni 41-a paragrafi 1 në pjesën “publike” dhe paragrafi 3 në pjesën “publike” të Ligjit për arsimin e mesëm veçon dhe privilegjon nxënësit e rregullt nga shkollat e mesme publike dhe për të njëjtit parasheh transport falas për në shkollë, nëse ata nuk janë vendosur në konvikt dhe nëse vendbanimi është së paku 2.5 kilometra larg shkollës së mesme në të cilën nxënësi është i regjistruar dhe vijon mësimet dhe nëse profesioni (profili) i zgjedhur nuk përfaqësohet në komunën ku jeton nxënësi.
Nisur nga gjendja e deklaruar juridike dhe faktike, iniciativa shtron pyetjen nëse është në përputhje me Kushtetutën që vetëm nxënësit e rregullt të shkollës së mesme publike kanë të drejtë për transport falas dhe se nxënësit e rregullt të shkollës së mesme private janë të përjashtuar nga shfrytëzimi i kësaj të drejte dhe nëse kjo nuk e cenon parimin e sundimit të së drejtës dhe të barazisë së qytetarëve para Kushtetutës, të cilat janë parime të përcaktuara me kushtetutë.
Në përgjigjen e kësaj pyetjeje, Gjykata konsideroi se duhet të merret parasysh se Ligji për Arsimin e Mesëm e përcakton statusin e nxënësit në atë mënyrë që një nxënës në shkollën e mesme publike e barazon me nxënësin e një shkolle të mesme private. Prandaj, është e nevojshme, duke marrë parasysh statusin, që të gjithë nxënësit në arsimin e mesëm, sipas formulimit të nenit 41 të Ligjit për arsimin e mesëm, të kenë të njëjtat të drejta dhe detyrime, përkatësisht është e nevojshme që ligjvënësi të përcaktojë të drejtat dhe detyrimet në të njëjtën mënyrë për të gjithë nxënësit e rregullt në arsimin e mesëm, pavarësisht nëse ndjekin shkollën e mesme publike apo të mesme private.
Sipas Gjykatës, dispozita ligjore e nenit 41-a paragrafi 1 në pjesën “publike” dhe paragrafi 3 në pjesën “publike” të Ligjit për arsimin e mesëm nuk është në përputhje me parimin kushtetues të barazisë, për arsye se lejon trajtimin e pabarabartë të personave që e kanë të njëjtin status juridik identik, përkatësisht statusin e nxënësve të rregullt në arsimin e mesëm, i cili është bazë për t’u siguruar atyre kushte të barabarta në arsim.
Gjegjësisht, sipas Gjykatës, nuk ekziston mundësi kushtetuese për trajtim të ndryshëm të nxënësve të rregullt në arsimin e mesëm për arsye se sipas nenit 9 paragrafi 2, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Si rrjedhojë, me pjesët e kontestuara të dispozitës ligjore nga neni 41-a, sipas Gjykatës, shkelet neni 44 paragrafi 2 i Kushtetutës, i cili përcakton se arsimi është i arritshëm për të gjithë me kushte të barabarta. Me këtë rregullim ligjor, sipas Gjykatës, nxënësit e rregullt në shkollë të mesme private vendosen në pozitë të pabarabartë dhe atyre nuk u ofrohet arsim në kushte të barabarta me nxënësit e tjerë të arsimit të mesëm, gjë që është e palejueshme në aspekt kushtetues.
Gjykata vlerësoi se pjesët e kontestuara, nga parashtruesi i iniciativës me iniciativë të Gjykatës Kushtetuese, të dispozitës ligjore të nenit 41-a paragrafi 1 në pjesën “publike” dhe paragrafit 3 në pjesën “publike” të Ligjit për arsimin e mesëm, nuk kanë bazë kushtetuese, përkatësisht se nuk janë në përputhje me garancinë kushtetuese për barazinë e qytetarëve në realizimin e të drejtave të tyre, në të njëjtat kushte dhe me pozitë të barabartë. Me pjesët e kontestuara të nenit 41-a, paragrafët 1 dhe 3 të Ligjit, nxënësit e rregullt në arsimin e mesëm vendosen në pozitë të pabarabartë, varësisht nga ajo se arsimin e formojnë në shkollë të mesme publike apo të mesme private. Sipas Gjykatës, në rastin konkret, të gjithë nxënësit e shkollave të mesme të rregullta duhet të kenë të drejtën e transportit falas në rastet e specifikuara, pavarësisht nëse janë nxënës të një shkolle të mesme publike apo të mesme private.
Ligjvënësi, në rastin konkret, ka vepruar ndryshe për nxënësit e rregullt në arsimin e mesëm, të cilët janë në pozitë të barabartë juridike, në raport me të drejtën e shfrytëzimit të transportit falas vetëm për nxënësit e rregullt të shkollës së mesme publike, të cilët nuk janë të vendosur në konvikt ose vendbanimi i tyre është së paku 2.5 kilometra larg shkollës së mesme në të cilën nxënësi është i regjistruar dhe vijon mësimet, dhe nëse profesioni dhe profili i zgjedhur nuk përfaqësohet në komunën ku jeton nxënësi, në raport me nxënësit e rregullt nga një shkollë e mesme private.
Me këtë zgjidhje ligjore, sipas Gjykatës, vendoset trajtim i ndryshëm i nxënësve të shkollave të mesme në lidhje me fitimin e të drejtës së shfrytëzimit të transportit falas në rastet e dhëna, gjë që është në kundërshtim me nenin 9 paragrafin 2 dhe nenin 44 paragrafin 2 të Kushtetutës, sipas së cilave nuk ekziston mundësi kushtetuese për trajtim të ndryshëm të nxënësve të arsimit të mesëm, për arsye se sipas nenit 9 paragrafi 2 qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve dhe ekzistenca e kushteve të barabarta për qasje në arsim është e garantuar me Kushtetutë. Prandaj, Gjykata vlerësoi se neni 41-a paragrafi 1 në pjesën “publike” dhe paragrafi 3 në pjesën “publike” nuk është në përputhje me nenin 9 dhe nenin 44 paragrafin 2 të Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska