Одземање имунитет
Согласно член 60 од Акотот на Уставниот суд,
(1) За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката, Уставниот суд одлучува по предлог на надлежниот орган пред кој е поднесено барање за мерка притвор.
(2) Претседателот на Судот, по приемот на предлогот од став 1 на овој член, е должен во најкус рок да закаже седница за формирање на Комисијата од член 63 на овој акт.
(3) Комисијата е должна во рок од два дена да го разгледа предлогот и да достави извештај до претседателот на Судот.
(4) Седницата на Судот на која се одлучува по предлогот се одржува во рок од два дена од приемот на извештајот од став 3 на овој член.
(5) За седницата се известува и претседателот на Републиката.
Утврдување одговорност на претседателот на Републиката
Согласно член 61 од Актот на Уставниот суд,
(1) Постапката за утврдување одговорност на претседателот на Републиката за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности се смета за поведена од денот на поднесување на предлогот од Собранието на Република Северна Македонија.
(2) Предлогот содржи опис, како и докази за повредата на Уставот и законот која му се става на товар на претседателот на Република Северна Македонија.
(3) Уставниот суд ќе побара од претседателот на Републиката да се произнесе за наводите од предлогот на Собранието на Република Северна Македонија.
(4) Во постапката пред Судот за утврдување одговорност учествува и претседателот на Републиката.
(5) Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот, сметано од денот на донесувањето на одлуката со која е утврдена негова одговорност.
(6) Уставниот суд е должен да одлучи во рок од 30 дена од поднесувањето на предлогот на Собранието на Република Северна Македонија.
Утврдување на настапување услови за престанок на функција
Согласно член 62 од Актот на Уставнио суд,
(1) Настапувањето на условите за престанок на функцијата на претседателот на Републиката поради смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, Уставниот суд ги утврдува по службена должност.
(2) Настапувањето на трајната спреченост да ја врши функцијата од став 1 на овој член се утврдува на седница на Судот, врз основа на акти, наоди, стручни мислења на медицински или други установи или органи.
(3) Врз основа на утврдувањето на настапување на условите за престанок на функцијата на претседателот на Републиката, Судот ќе го определи и денот кога престанала функцијата на претседателот на Републиката.