Меѓународни активности

206

Архива

Изберете година и месец

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски ќе учествува на Подготвителниот состанок на Кругот на Претседатели за XX-от Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови
27/02/2025
На Подготвителниот состанок се очекува претседателите на уставните судови да дискутираат и одлучуваат по повеќе точки, меѓу кои: Извештајот на Комитетот формиран според Резолуцијата III од Кругот на Претседателите, избор и одобрување на темата на XX-от Конгрес, утврдување на детали за одржување на XX-от Конгрес, назначување на генерален известувач кој ќе ги анализира националните извештаи, […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ 
24/02/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.  На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.  Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба Костадиновски- Сориано Ортиз: Зајакнување на соработката со Шпанија преку билатерални средби на уставните судови
03/02/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е Рафаел Сориано Ортиз. На средбата Костадиновски го информираше амбасадорот за клучните предизвици со кои се соочува Уставниот суд во извршувањето на своите надлежности.  Претседателот Костадиновски нагласи дека Уставниот суд, во околности на историски најниска доверба на граѓаните во […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Уставниот суд присуствуваше на Годишното отворање на судската година во Судот во Стразбур
03/02/2025
Делегација на Уставниот суд во состав од судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, Генералниот секретар на Судот м-р Виолета Ѓорѓиевска и советникот на Судот м-р Мајлинда Исмаили, учествуваше на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во ЕСЧП се одржа судски семинар во чијшто фокус беше темата „Заштита […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на судиите м-р Татјана Васиќ–Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер на Регионална конференција на уставни судови, Тузла, Босна и Херцеговина
28/11/2024
Судиите м-р Татјана Васиќ – Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер во периодот од 26 – 28 ноември 2024 година учествуваа на Регионална конференција на уставни судови на тема „Зајакнување на заштитата на човековите права преку уставните судови во областа на заштитата на животната средина и клима“, што се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина. На […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација од Уставниот суд присуствува на одбележување на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд на Црна Гора
04/11/2024
Делегација на Уставниот суд во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судијката проф. д-р Јадранка Дабовиќ- Анастасовска и советничката м-р Лариса Милевска  учествуваат на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Уставниот суд на Црна Гора.  По повод шест деценискиот јубилеј Судот организираше Меѓународната конференција на која свое обраќање покрај претседателката на Уставниот суд на Црна […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот Костадиновски: Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Балканскиот форум на уставни судови во 2026 година
25/10/2024
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска учествуваа на работен состанок со членовите на Балканскиот форум на уставни судови.  Учесниците го разработија Статутот на организацијата, изготвија планови за структурата на Форумот, идентитетот и неговото влијание во државите, начинот на финансирање и воспоставување на контакти за координација на активностите од секој суд.  […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Говор на претседателот д-р Дарко Костадиновски на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови
25/10/2024
Тема: „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества” Добар ден на сите и благодарам за можноста денес во вакво еминентно друштво, на значаен јубилеј за Уставниот суд на Косово, со вас да ги споделам моите размислувања и констатации од досегашното 7- годишно искуство […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венецијанската комисија, Мартин Кауер
24/10/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со потпретседалот на Венцијанската комисија, проф. д-р Мартин Кауер.  Средбата се одржа пред почетокот на Меѓународната конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата од Уставниот суд.  Претседателот Костадиновски искажа задоволство за досегашната […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Остварена билатерална средба со Уставниот суд на Косово
23/10/2024
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со претседателката Греса Цака Нимани и судиите од Уставниот суд на Косово. „Констатиравме одлични билатерални односи и изразивме подготвеност за натамошно продлабочување на соработката. Беа разменети информации за предизвиците со кои се соочуваме како уставни судови. […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судиите Ана Павловска-Данева и Фатмир Скендер учествуваа на годишна конференција за заштита на животна средина во Будимпешта
22/10/2024
Судиите на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер учествуваа на годишната Конференција  за човекови права и пристапот на заштита на животната средина и идните генерации, во организација на Европскиот форум на судии за животна средина.  Во фокусот на годинашната Конференција беа човековите права и животната средина и аспектите на остварување на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Советници од Уставниот суд,  говорници на правната школа во Анкара во која учествуваат претставници од 28 земји
04/10/2024
Советниците на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили и Енсар Јусуф се учесници на 12. издание на Летната школа во Република Туркије на покана од Центарот за обука и развој на човечки ресурси на Здружението на Азиски уставни судови и еквивалентни институции (AACC-CTHRD).  Во фокусот на годинашното издание е користењето на информатичките технологии и вештачката интелигенција во […]
Меѓународни активности, Соопштенија