Меѓународни активности

206

Архива

Изберете година и месец

Учество на Меѓународен симпозиум по повод 45 Годишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција
24/04/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Судот г-дин Махмут Јусуфи, д-р Зоран Сулејманов, судија на Уставниот суд и Симона Герасимова Јовановска, советник, од денеска престојува во Анкара, каде што ќе учествува на Меѓународниот симпозиум на тема „Улогата на уставните судови во универзалниот мир и средба на цивилизациите“ организиран по повод […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на тркалезна маса во Република Црна Гора
14/02/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани, во периодот од 14 до 17 февруари 2007 година ќе престојува во Република Црна Гора, по повод тркалезна маса на тема „Положбата и улогата на Уставниот суд во идниот Устав на Република Црна Гора“ во организација на Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на меѓународен семинар во Букурешт, Романија
30/11/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд Махмут Јусуфи, судијата д-р Трендафил Ивановски и државниот советник Татјана Јањиќ Тодорова на 23 и 24 ноември присуствуваше на меѓународен семинар на тема: „Гаранции за независноста на уставните судии“. Семинарот се одржа во Букурешт во организација на Уставниот суд на Романија […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Присуство на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва
30/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски во периодот од 26 до 28 октомври 2006 година присуствуваше на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва. Истовремено беше одржан и IX –Меѓународен форум на уставната правда на тема: “Заедничкиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на делегација на Уставниот суд на советување во Милочер, Република Црна Гора
09/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г-дин Махмут Јусуфи во состав од судијата Бранко Наумоски и генералниот секретар на Судот, г-ѓа Милица Николовска учествуваше на  Советување на тема: „Положбата и улогата на Уставниот суд во примената на Европската конвенција за човекови права“ кое се одржа во Милочер, Република Црна […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Посета на Уставниот суд на Република Словенија
02/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Судот, Махмут Јусуфи, судиите: Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Игор Спировски и Бранко Наумоски и генералниот секретар Милица Николовска, беше во посета на Уставниот суд на Република Словенија во периодот од 25 до 27 септември 2006 година. На билатералната средба беа разменети искуства […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Подготвителниот состанок на XIV-от Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови.
11/09/2006
Во периодот од 6 до 9 септември 2006 година делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Махмут Јусуфи, а во состав од Милица Николовска, генерален секретар на Судот и м-р Симона Герасимова – Јовановска, советник, зеде учество на Подготвителниот состанок на XIV-от Конгрес на Конференцијата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Присуство на свечена Церемонија по повод 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија
27/04/2006
По покана на Претседателот на Уставниот суд на Република Италија Проф.д-р. Анибале Марини, Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова, во придружба на државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова, од 20 – 23 април 2006 година присуствуваше на свечената Церемонија на прославувањето на 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија во присуство на претседатели […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Меѓународна конференција во Вилнус, Литванија
04/07/2005
Во периодот од 29 јуни до 3 јули 2005 година судиите на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Зоран Сулејманов и г-дин Игор Спировски учествуваа на Меѓународната конференција на тема: “Правото и фактите во уставната јуриспруденција” што се одржа во Вилнус, Литванија од 30 јуни до 1 јули 2005 година. Меѓународната конференција е организирана од […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Конференцијата на Шефовите на Институциите на франкофонијата во Букурешт
13/06/2005
Од 28 мај до 2 јуни 2005 година Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Ингилизова – Ристова, и судијата Бранко Наумоски учествуваа на Конференцијата на Шефовите на Институциите на франкофонијата во рамките на Асоцијацијата на Уставните судови кои ја споделуваат употребата на францускиот јазик (ACCPUF) како гости на Уставниот суд на Романија. […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Студиски престој на судиите од Уставниот суд во САД
13/06/2005
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски, д-р Бајрам Положани, д-р Зоран Сулејманов и Игор Спировски, како и библиотекарот на Уставниот суд г-ѓа Нада Мурадјан, во периодот од 4 јуни до 12 јуни 2005 година беше на студиски престој во Соединетите Американски Држави (САД) во Вашингтон. Планот за […]
Меѓународни активности, Соопштенија