Меѓународни активности

206

Архива

Изберете година и месец

Билатерална посета на делегација на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
30/04/2010
Од 3-5 мај 2010 година, делегација на Уставниот суд на Република Турција составена од претседателот на Судот г-дин Хашим Килиџ и уште тројца судии, ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Станува збор за прва официјална билатерална средба помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Турција која е […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Црна Гора
28/04/2010
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија од 22 – 25 април 2010 година престојуваше во билатерална посета на Уставниот суд на Црна Гора. За време на посетата беше остварена работна средба со претседателот и судиите на Уставниот суд на Црна Гора на која се разговараше за актуелните состојби во работењето на уставните судови на двете земји […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал
16/04/2010
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал. Цел на посетата беше претстојната билатерална средба на Уставниот суд на Република Македонија со Уставниот суд на Република Турција.
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со претставник на Фондацијата Конрад Аденауер
12/04/2010
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес ќе се сретне со д-р Јан Воишник, Координатор на Програмата за владеењето на правото и Раководител на Одделот за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер од Берлин. Целта на посетата ќе биде анализа на остварувањето на заедничките проекти на Уставниот суд и Фондацијата Конрад […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
01/02/2010
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и државниот советник за меѓународна соработка Татјана Јањиќ-Тодорова на 29 јануари 2010 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По тој повод беше одржан и семинар на тема: „Конвенцијата е ваша“ на кој учествуваа 150 претставници […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Присуство на Свечена седница на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
27/01/2010
На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, на 29 јануари 2010 година ќе присуствува на свечената седница на Европскиот суд за човекови права во Стразбур по повод отворањето на судиската година. На свечената седница ќе му претходи семинар […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со делегација на Уставниот суд на Република Косово
18/12/2009
На барање на Уставниот суд на Република Косово, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес (18 декември 2009) се сретна со претседателот на Судот Енвер Хасани, потпретседателот Кадри Круезиу и генералниот секретар Арбреша Шаља. Средбата беше протоколарна и посветена на согледувањето на можностите за идна соработка. 18.12.2009 Скопје Служба за информирање на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Регионална конференција во Подгорица
02/11/2009
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, од 2-4 ноември 2009 година ќе учествува на регионалната конференција што ќе се одржи во Подгорица, во организација на Уставниот суд на Црна Гора, Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора и Венецијанската комисија на Советот на Европа. Тема на конференцијата ќе биде Компаративната практика на уставните […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Регионална конференција во Белград
27/10/2009
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски и Игор Спировски учествуваат на Регионалната конференција на тема: „Уставното судство во теорија и практика“ што се одржува во Белград, 27 и 28 октомври 2009 година во организација на Уставниот суд на Србија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер. На Конференцијата претставници […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Подготвителен состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009 година во Букурешт.
21/10/2009
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, генералниот секретар на Уставниот суд Милица Николовска и државниот советник за меѓународна  соработка Татјана Јањиќ –Тодорова присуствуваше на подготвителниот состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009 […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Подготвителен состанок на Кругот на претседатели – Конференција на Европските уставни судови
15/10/2009
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, во периодот од 14 до 18 октомври 2009 година престојува во Букурешт, Република Романија, по повод Подготвителниот состанок на XV-от Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови – Круг на Претседатели, чиј претседавач е Уставниот суд на Република Романија.
Меѓународни активности