Меѓународни активности

206

Архива

Изберете година и месец

Учество на Меѓународна конференција на тема „Слободата на изразување и уставнoтo право во Западен балкан“ во Приштина
06/12/2019
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од судијата на Уставниот суд, Насер Адјари и државниот советник Оливера Филиповска, на 5 декември 2019 година, учествуваа на Меѓународната конференција посветена на слободата на изразување, под покровителство на Советот на Европа (Канцеларија во Приштина), што се одржа во Приштина, Косово. Судијата Насер Ајдари имаше […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Меѓународна конференција по кривично право на тема „Криминалитет – идеи и рестрикции“ во Варшава, Полска
25/11/2019
На покана од Уставниот суд на Полска, судиите на Уставниот суд г. Никола Ивановски, г-ѓа Елена Гошева и г. Насер Ајдари и советникот Симона Герасимова-Јовановска учествуваа во работата на Меѓународната Конференција по кривично право на тема „Криминализација-идеи и ограничувања. Принципите на криминализација во уставното право“, која се одржа во Варшава, Полска на 21 и 22 […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Официјална посета на Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија на Република Северна Македонија, 10-13 јуни 2019 година
07/06/2019
Во периодот од 10 до 13 јуни 2019 година, на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува делегација на Уставниот суд на Република Бугарија, предводена од претседателот на Судот, проф. Борис Велчев. Во состав на Делегацијата ќе бидат и осум судии на Уставниот суд на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
07/09/2018
Во периодот од 9-12 септември 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Македонија, делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, г. Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, ќе остварат билатерална средба со Уставниот суд на Република Македонија. Во текот на работниот дел на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Република Бугарија
04/06/2018
Во период од 4-7 јуни 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Бугарија, делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г. Никола Ивановски и уште шест судии на Судот, ќе оствари билатерална средба со Уставниот суд на Република Бугарија. Во текот на работниот дел на билатералната средба, уставните […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
31/01/2017
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г. Никола Ивановски и судијата Владимир Стојаноски на 27 јануари 2017 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На свечената седница на присутните им се обратија претседателот на Европскиот суд за човекови права г. Гвидо Раимонди и претседателот на […]
Меѓународни активности
Учество на одбележувањето на 53-та Годишнина на Уставниот суд на Република Турција
05/04/2015
На покана на претседателот на Уставниот суд на Република Турција г-дин Зухту Арслан, делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот г-ѓа Елена Гошева, од 27 до 30 април 2015 година, престојуваше на одбележувањето на 53-та Годишнина од постоењето на Уставниот суд на Турција. По тој повод беше одржан Меѓународен симпозиум […]
Меѓународни активности
Учество на регионална конференција во Загреб
11/03/2015
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Уставниот суд г-ѓа Елена Гошева, ќе учествува на Регионалната конференција на тема: “Ефективната употреба на националните правни лекови во домашните судски постапки и супсидијарната улога на Европскиот суд за човекови права”, што ќе се одржи на 12 и 13 март 2015 година во Загреб, […]
Меѓународни активности
Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
02/02/2015
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-ѓа Елена Гошева, на покана на претседателот на Европскиот суд за човекови права Дин Шпилман, присуствуваше на свечената седница на Европскиот суд за човекови права која по повод на официјалниот почеток на судиската година на тој суд се одржа на 30 јануари 2015 година. На настанот присуствуваа претседателите […]
Меѓународни активности
Учество на Меѓународна конференција по повод 50-годишнината од уставната правда во Црна Гора, Будва
26/11/2014
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-ѓа Елена Гошева и судијата Сали Мурати во периодот од 26 до 28 ноември 2014 година престојува во Будва, Црна Гора, каде учествува на Меѓународната конференција по повод 50-годишнината од Уставната правда во Црна Гора.
Меѓународни активности
Меѓународна Конференција по повод 50 години од основањето и функционирањето на Уставниот суд на Република Македонија
22/09/2014
Уставниот суд на Република Македонија ја одбележа 50 годишнината од своето постоење Уставниот суд на Република Македонија ја одбележа 50 годишнината од своето постоење со Меѓународна конференција што се одржа на 19 септември 2014 година во Скопје. На свеченото отварање на Меѓународна конференција се обрати претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-ѓа Елена Гошева, претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе […]
Меѓународни активности
XVI Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови
16/05/2014
  Во организација на Уставниот суд на Република Австрија, од 12 до 14 мај 2014 година во Виена се одржа XVI Конгрес на конференцијата на европските уставни судови. Тема на Конгресот беше „Соработка на уставните судови во Европа – Постојна состојба и перспективи“. Во рамките на темата беа одржани четири сесии на кои се расправаше за следниве под-теми: […]
Меѓународни активности, Соопштенија