Информации од јавен карактер

62

До каде е постапката за поднесената иницијатива на 26.02.2025 година за поведување постапка за оценување уставноста на член 57-г став 2 од Законот за девизно работење и за поднесената иницијатива на 06.03.2025 година  за поведување постапка за оценување уставноста на член 9 став 1 во делот „единките корисници“, член 9 став 2 во делот „критериуми“ од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2024) и уставноста и законитоста на член 4 од Уредбата за утврдување на поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината на остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетски корисници, единските корисници и фондовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.44/2025).
30/12/2025
Информации од јавен карактер
На кој датум од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, е примена иницијативата за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на Правилникот за начинот на уништување на документи и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2013), по повод која иницијатива во судот бил оформен предмет под УЗ.бр.25/2025.
30/12/2025
Информации од јавен карактер
Подносителот во своето барање наведува дека на ден 15.07.2025 година на интернет страницата на Судот било објавено дека во месец мај 2025 година, по поднесената иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, оформен е предмет У.бр.66/2025 за оценување на уставноста на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Од тие причини, побара да му биде доставена иницијативата по кој е оформен горенаведениот предмет.
30/12/2025
Информации од јавен карактер
Дали е поведена иницијатива за оценување на уставноста на автентично толкување од Собранието на Република Северна Македонија на член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 251/2022 и 168/2024),Кој е подносител на иницијативата?Дали е оформен предмет по поднесената иницијатива и во која фаза е постапката пред Уставниот суд?
30/12/2025
Информации од јавен карактер
– Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд? – Кои се имињата/презимињата, политичките партии и граѓанските иницијативи што го оспорија овој закон пред Уставниот суд? – Дали уставните судии го чувствуваат притисокот од јавноста и дали тоа ќе влијае на конечната одлука? – Која е причината што овој предмет беше задржан во фиока толку години и зошто токму сега се разгледува?
03/10/2024
Информации од јавен карактер