Донесена одлука

3,607

Архива

Изберете година и месец

У.бр.316/2020
01/02/2023
СЕ ОТФРЛА барањето на Антонијо Милошоски од Скопје, поднесено преку полномошникот Петро Јанура, адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална,…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Решенија, Се отфрла
У.бр.80/2021
25/01/2023
СЕ УКИНУВА Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт J 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува
У.бр.107/2022
25/01/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 54, член 68, член 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100 и член 101 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија
У.бр.113/2022
25/01/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија
Граѓани, Закони, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
Уставниот суд поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош за ДУП во кој е предвидена изградба на бензинска пумпа
11/01/2023
Поради интерес на повеќе медиуми и невладини организациии ве информираме дека Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста но и […]
Се поведува постапка, Соопштенија