Други прописи и колективни договори

1,516

Архива

Изберете година и месец

У.бр.81/2022
12/07/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на актот
Времена мерка, Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.31/2023
05/07/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на: членовите 99, 100, 101 и 102 од Статутот на Општина Кисела Вода; Автентично толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко-планска документација, дадено од Советот на Општина Кисела Вода и Решение на градоначалникот на Општина Кисела Вода, за објава на Автентично толкување по барање од група…
Времена мерка, Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.89/2023
05/07/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење на постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за…
Времена мерка, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.65/2022 и У.бр.90/2022
21/06/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на законитоста на член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа и СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 236 став 2 алинеја 1 од…
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
У.бр.33/2023
21/06/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 46 став 5 од Законот за извршување, Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ 14/2020) и уставноста и законитоста на член 4 став 3 од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Закони, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла