Други прописи и колективни договори

1,516

Архива

Изберете година и месец

У.бр.42/2024
10/07/2024
СЕ УКИНУВААТ член 16 алинеја 3 и членовите 146, 147 и 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 16 алинеја 3 и член 146, 147 и 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.19/2023
03/07/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот и постапката на утврдување на исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, донесен од Советот на Општина Тетово и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт
Времена мерка, Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.113/2021
03/07/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт
Времена мерка, Други прописи и колективни договори, Други субјекти, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.137/2022
03/07/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 и член 4 од Одлуката за јавните паркиралишта од значење за Градот Скопје, како и Одлуката во целина, донесена од Советот на Град Скопје, и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Одлуката
Други прописи и колективни договори, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Претпријатија и други организации и заедници, Решенија, Се отфрла
У.бр.41/2024
03/07/2024
СЕ УКИНУВА член 33 алинеја 3 и глава 14 „Автентично толкување на општи акти“ членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 33 алинеја 3 и глава 14 „Автентично толкување на општи акти“…
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.112/2024
03/07/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 12 став 4 во делот „и тарифата од ставот 3 на овој член” од Законот за бесплатна правна помош и на Тарифата за надомест на трошоците за работа на здруженијата и правните клиники за давање на примарна правна помош, донесена од министерот за правда
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија