2019
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 18 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние, Амбасадор на Франција во Република Северна Македонија со почеток во 11.00 часот.
-
Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија,…
-
Присуство на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати на ден 5 ноември 2019 година, присуствуваше на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која г-дин Давид Сасоли, претседател на Европскиот Парламент, се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
-
Официјална посета на Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија на Република Северна Македонија, 10-13 јуни 2019 година
Во периодот од 10 до 13 јуни 2019 година, на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува делегација на Уставниот суд на Република Бугарија, предводена од претседателот на Судот, проф. Борис Велчев. Во состав на Делегацијата ќе бидат и осум судии на Уставниот суд на…