2007
-
Известување за одржување на продолжение на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Македонија на 29 март 2007 година (четврток) со почеток во 10 часот, ќе одржи продолжение на подготвителната седница по предметот У.бр.80/2006, кој се однесува за оценување на уставноста на член 36 став 1 алинеја 6 од Законот за надворешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.46/2006).
-
Учество на Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на тркалезна маса во Република Црна Гора
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани, во периодот од 14 до 17 февруари 2007 година ќе престојува во Република Црна Гора, по повод тркалезна маса на тема „Положбата и улогата на Уставниот суд во идниот Устав на Република Црна Гора“ во организација на Уставниот…