У.бр.51/2009

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 2 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 9 септември 2009 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на одржување, техничка контрола на одржување и изработка на техничко-технолошка документација за одржување на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов и посебните услови неопходни за безбедно и уредно работење, во делот од насловот: „и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење“ и на член 1, во делот: „и посебните услови во однос на потребниот пресонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење“ донесен од директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/2007).

3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите од законот означен во точката 1 од ова решение, како и уставноста и законитоста на актот означен во точка 2 од ова решение.

Според наводите во иницијативата, начинот и условите можеле да се предвидуваат, односно пропишуваат само со закон или евентуално со подзаконски акт на Владата на Република Македонија, како што предвидувал член 33 став 1 од Законот за воздухопловство, а не со подзаконски акт на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од овие причини, подносителот на иницијативата смета дека со оспорените законски одредби се повредувале член 8 став 1 алинеја 2, член 95 став 3 и член 96 од Уставот на Република Македонија.

Оспорените одредби на членовите 42 став 1, 43 став 1, 44 став 1 и 122 став 7 од Законот, исто така, не биле во согласност со наведените одредби од Уставот, од причина што според член 33 став 1 од Законот, начинот на вршење на јавен воздушен превоз, како и посебните услови во однос на потребниот пресонал, воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Владата на Република Македонија, а не Агенцијата за цивилно воздухопловство, како што предвидувале оспорените законски одредби.

Оттука, подносителот на иницијативата, смета дека оспорените одредби не биле во согласност со наведените уставни одредби, како и со членовите 1 и 33 став 1 од Законот за воздухопловство, а исто така и оспорениот Правилник не бил во согласност со Уставот и законот.

4. Судот на седницата утврди дека според член 19 став 3 од оспорениот закон исфрлањето на хемиски средства и вода од воздухопловот за потребите на земјоделството, шумарството и здравството или за гаснење на шумски и други пожари, исфрлањето на опрема, прехрамбени производи, лекови и друго, во случај на елементарна непогода, односно исфрлањето на летоци и на други рекламни предмети се врши на начинот и под условите што ги пропишува Агенцијата“.

Во член 20 од истиот закон е предвидено дека ракети и други летечки објекти за научни, спортски и други цели што можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај во македонскиот воздушен простор можат да се лансираат на начинот и под условите што ги пропишува Агенцијата.

Согласно член 42 ставови 1 и 6 од Законот правно или физичко лице може со воздухоплов да превезува лица и предмети за сопствени потреби ако има воздухоплови, опрема и ги исполнува другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење што ги пропишува Агенцијата (став 1) и начинот на вршење на превоз за сопствени потреби, како и посебните услови во однос на воздухопловите, опремата и другите потребни услови неопходни за безбедно и уредно работење, ги пропишува Агенцијата“ – (став 6).

Според член 43 ставови 1 и 6 од Законот правно или физичко лице може да врши специјализирана услуга со воздухоплов кој не спаѓа во воздушен превоз на лица, предмети и стока, ако има воздухоплови, опрема како и ги исполнува другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење што ги пропишува Агенцијата“- (став 1) и начинот на вршење на специјализирани услуги со воздухоплов, како и посебните услови, во однос на воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, ги пропишува Агенцијата“- (став 6).

Според член 44 ставови 1 и 6 од Законот правно лице може да организира воздухопловно-спортска дејност ако има воздухоплови, опрема како и ги исполнува другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење што ги пропишува Агенцијата (став 1) и начинот на вршење на воздухопловно спортски дејности, како и посебните условви во однос на воздухопловите, опремата и другите посебни условви неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Агенцијата (став 6).

Според член 122 став 7 од истиот Закон начинот на одржување, техничката контрола на одржување и изработка на техничко-технолошка документација за одржувањето и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Агенцијата.

Судот на седницата, исто така, утврди дека врз основа на член 122 став 7 од Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2006 и 24/2007) директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство го донел Правилникот за начинот на одржување, техничка контрола на одржување и изработка на техничко технолошка документација за одржувањето на воздухоплов, елиса и опрема на воздухоплов и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење.

Според членот 1, со овој правилник се пропишува начинот на одржување, техничка контрола на одржувањето и изработка на техничко технолошка документација за одржувањето на воздухоплов, елиса и опрема на воздухопловот и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење.

Според членот 2 од Правилникот, правно лице за да врши одржување, техничка контрола на одржувањето и изработката на техничко технолошка документација за одржување на воздухоплов, елиса и опрема на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов треба да се придржува на начинот на посебните услови наведени во меѓународниот стандард ЈАР-145 на ЈАА кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Според член 3, овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

5. Според членот 8 став 1 алинеја 3 и 4 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Според членот 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието на Република Македонија донесува закони.

Според членот 91 алинеи 1 и 5 од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршување на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување и донесува уредби и други прописи за извршување на законите.

Во членот 95 став 1 од Уставот е предвидено дека државната управа ја сочинувааат министерството и други органи на управата и организации утврдени со закон, а според ставот 3 на овој член од Уставот организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Според член 96 од Уставот органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.

Според член 27 од Законот за организација и работа на органите на државната управа Министерството за транспорт и врски, меѓу другото, ги врши работите што се однесуваат на воздушниот сообраќај и воздухопловната инфраструктура и во чиј состав е и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Според член 55 став 2 од истиот закон, директорот на самостојниот орган на државната управа, односно управната организација донесува правилници, решенија, наредби, упатства, планови, програми и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.

Во членот 56 од истиот закон се предвидува дека со правилник се утврдуваат и разработуваат одделни одредби на законите и други прописи заради нивно извршување.

Според членот 3 став 1 од Законот за воздухопловство, подзаконските прописи предвидени со овој закон се изготвуваат во согласност со меѓународните воздухопловни стандарди, препорачани практики и легислативата на ЕУ, ИЦАО, ЕЦАЦ, ЈАА/ЕАСА и ЕУРО-ЦОНТРОЛ.

Кое е значењето на одделни изрази употребени во наведениот закон е определено во членот 4 од Законот, кој содржи 83 точки.

Според членот 7 став 3 алинеја 1 од Законот, Агенција за цивилно воздухопловство извршува работи од својот делокруг во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на него, како и врз основа на националната стратегија за развој на воздухопловството и меѓународните договори ратификувани од Република Македонија со цел безбедно и редовно одвивање на цивилното воздухопловство.

Според алинејата 3 на истиот член од Законот, Агенцијата подготвува предлог на закони и донесува подзаконски акти од областа на воздухопловството согласно со ЕУ, ИЦАО, ЕЦАЦ, ЈАА/ЕАСА и ЕУРОЦОНТРОЛ, а според алинејата 5 во надлежност на Агенцијата спаѓа водење на управна постапка за издавање, продолжување, обновување, промена, суспендирање и повлекување на дозволи, овластувања, уверенија, одобренија и други писмена утврдени со овој закон.

Според членот 12 став 1 алинеи 2 и 4 од Законот, Агенцијата, меѓу другото, се финансира и од надоместокот за издавање на уверенија, дозволи, одобренија, согласности и друго, како и од надоместокот за проверка на стручната способност на персоналот во воздухопловството и друг стручен персонал.

Според член 19 став 3 од Законот, исфрлањето на хемиски средства и вода од воздухопловот за потребите на земјоделството, шумарството и здравството или за гаснење на шумски и други пожари, исфрлањето на опрема, прехрамбени произовди, лекови и друго, во случај на елементарни непогоди, односно исфрлањето на летоци и други рекламни предмети се врши на начинот и под условите што ги пропишува Агенцијата.

Согласно член 20 од истиот Закон, ракети и други летечки објекти за научни, спортски и други цели што можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај во македонскиот воздушен простор можат да се лансираат на начинот и под условите што ги пропишува Агенцијата.

Според членот 33 став 1 од Законот, заради безбедност и уредност на јавниот воздушен превоз, правното лице што врши јавен воздушен превоз (во натамошниот текст: превозник), треба да има потребен персонал (член 4 точка 58), воздухоплови (член 4 точка 17), опрема, како и да исполнува други посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење. Начинот на вршење на јавен воздушен превоз, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Владата на Република Македонија.

Според ставот 2 од истиот член од Законот, на превозникот кој ги исполнува условите од ставoт 1 на овој член, Агенцијата му издава, продолжува или обновува уверение за работа. Уверението за работа не дава права за пристап до специфични рути и пазари.

Според ставот 5 од истиот член од Законот, на превозникот основан во земја членка на Европската заедничка воздухопловна област нема да му се дозволи на територијата на Република Македонија, да врши јавен воздушен превоз за надомест, доколку не поседува соодветно уверение за работа (Operating licence) издадено од соодветната земја членка.

Уверението за работа е во важност се додека превозникот ги исполнува условите од ставот 1 на овој член. Агенцијата може да направи ревизија на исполнетоста на условите од ставот 1 на овој член, една година по одобрувањето на уверението за работа, а потоа на секои пет години (став 6).

Кога превозникот ќе престане да работи шест месеца или нема да започне со работа шест месеца по одобрувањето на уверението за работа, е должен повторно да поднесе барање за добивање уверение за работа до Агенцијата (став 7).

Во случај на промена на еден или повеќе елементи кои влијаат на правниот статус во превозникот (преземање, спојување или поделба), тој е должен уверението за работа повторно да го поднесе на одобрување (став 8).

Уверението за исполнување на безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз (Air Operator Cerificate-AOC) е исправа која му се издава на правно лице, во постапка за издавање на уверение за работа за вршење на јавен воздушен превоз (член 4 точка 37), со која се потврдува дека правното лице поседува професионална способност и организациона поставеност која гарантира безбедно летање на воздухопловот/те вклучен/и во воздухопловни активности наведени во уверението (став 9).

Издавањето, продолжувањето, обновувањето и постојаната важност на уверението за работа (Operating licence) мора во секое време да зависат од поседување на важечко уверение за исполнување на безбедносните услови (Air Operator Cerificate-AOC) кое е во согласност со активностите наведени во уверението за работа (став 10).

Формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверенијата од ставовите 2 и 9 на овој член ги пропишува Агенцијата (став 11).

Според членот 34 став 1 од Законот, јавен воздушен превоз во меѓународниот воздушен сообраќај може да врши домашен превозник кој покрај условите од членот 33 на овој закон ги исполнува и условите предвидени со меѓународни договори што ја обврзуваат Република Македонија, како и со други меѓународни акти со кои се регулира безбедното и уредно вршење на превоз во меѓународниот воздушен сообраќај.

Според членот 42 од Законот, правно или физичко лице може со воздухоплов да превезува лица и предмети за сопствени потреби ако има воздухоплови, опрема и ги исполнува другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење (став 1).

На правното, односно на физичкото лице од ставот 1 на овој член што ги исполнува условите за вршење на овој вид на воздушен превоз, Агенцијата му издава уверение за работа (став 2).

Формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверението од ставот 2 на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата (став 5).

Начинот на вршење на превоз за сопствени потреби, како и посебните услови во однос на воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, ги пропишува Агенцијата (став 6).

Според членот 43 од Законот, правно или физичко лице може да врши специјализирана услуга со воздухоплови која не спаѓа во воздушен превоз на лица, предмети и стока, ако има воздухоплови, опрема, како и ги исполнува другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење (став 1).

На правно или физичко лице кое ги исполнува условите за вршење на некоја од специјализираните услуги со воздухоплов, Агенцијата му издава уверение за работа (став 2).

Формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверението од ставот 2 на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата (став 5).

Начинот на вршење на специјализирани услуги со воздухоплов, како и посебните услови во однос на воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, ги пропишува Агенцијата (став 6).

Според членот 44 од Законот, правно лице може да организира воздухопловно-спортска дејност ако има воздухоплови, опрема, како и ги исполнува другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење (став 1).

На правно или физичко лице од ставот 1 на овој член, кое ги исполнува условите за организирање на воздухопловна-спортска дејност, Агенцијата му издава уверение за работа (став 2).

Формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверението од ставот 2 на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата (став 5).

Начинот на вршење на воздухопловно-спортски дејности, како и посебните услови во однос на воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Агенцијата (став 6).

Начинот и правилата на летање со едрилици, балони, ултралесни летала и моторизирани крила, крила за слободно летање (змајови, параглајдери и други), за скокање со падобрани, за моделарство и за организирање на натпревари, ги пропишува директорот на Агенцијата (став 7).

Според членот 46 од Законот, за издавање, промена, обновување и продолжување на уверенијата за работа од членовите 33, 42, 43 и 44 на овој закон се плаќа надоместок на Агенцијата.

Според оспорениот став 2 од истиот член од Законот, висината на надоместокот од ставот 1 на овој член ја пропишува Владата на Република Македонија на предлог на Агенцијата.

Според членот 53 од Законот, услугите на воздухо-пловната навигација се даваат во воздухопловно информативниот регион (член 4 точка 9) со цел безбедно, редовно и ефикасно вршење на воздушниот сообраќај (став 1).

Услугите на воздухопловната навигација (член 4 точка 80) се даваат врз ексклузивна основа од страна на дезигнираниот давател на услуги определен со овој закон кој мора да добие уверение за оспособеност за давање на услуги на воздухопловна навигација (став 2).

За добивање на уверение за оспособеност за давање на услугите на воздухопловна навигација давателот на услугите треба да има потребен персонал, опрема, како и да исполнува други посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење (став 3).

Владата на Република Македонија во зависност од реалните трошоци ја пропишува висината на надоместокот за издавање, продолжување, промена и обновување на уверението од ставот 2 на овој член (став 6).

Начинот на давањето на услугите на воздухопловна навигација, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Владата на Република Македонија ( став 7).

Според став 8 од истиот член од Законот, Владата на Република Македонија ги пропишува начинот, постапките и условите при давање на услугите во воздушниот сообраќај за оперативните летови на државните воздухоплови според потребите на надлежните министерства, и тоа:
– Министерството за внатрешни работи за полициските воздухоплови,
– Министерството за одбрана за воените воздухоплови и
– Министерството за финансии за царинските воздухоплови.

Според член 122 став 7 од Законот, начинот на одржување, техничката контрола на одржување и изработка на техничко технолошка документација за одржување и посебните условви во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење ги пропишува Агенцијата.

Од анализата на наведените одредби од Законот произлегува дека оспорениот член 19 став 3 и член 20 од Законот се содржани во Трет дел од Законот со наслов „Воздушен сообраќај“ и под I се поднаслов „Општи одредби“. Имено, во членот 15 став 3 од Законот се предвидува дека правилата и постапките на летањето на воздухопловите поблиску ги пропишува директорот на Агенцијата. Оттука, имајќи го во вид видот на воздухопловот како и карактерот, односно намената на употребата на истиот, Судот оцени дека неосновани се наводите во иницијативата дека овие услови треба да ги пропишува Владата. Имено и Агенцијата за цивилно воздухопловство како самостоен орган на државната управа односно нејзиниот директор има овластување согласно член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа да донесува правилници со кои ќе ги разработува законските одредби и ги пропишува условите за работа, за кои во целината на Законот се содржани рамки и критериуми.

По однос на оспорените делови од членовите 42, 43, 44 и 122 став 7 од Законот за воздухопловство, според Судот истите се во согласност со Уставот на Република Македонија, од причини што истите се содржани во точката 1.2 од Законот со наслов: „Услови за вршење на воздушен превоз за сопствени потреби“, па оттука е и определбата во Законот за воздухопловство оваа материја да се регулира со пропис на Агенцијата за цивилно воздухопловство, за разлика од оние одредби каде се предвидува условите за вршење на јавен воздушен превоз да ги пропишува Владата на Република Македонија. Имено, во конкретниов случај клучен момент е разликата на видовите на воздушен превоз која е дефинирана во членот 30 од Законот за воздухопловство, според кој воздушен превоз во домашниот и меѓународниот воздушен сообраќај може да се врши како јавен воздушен превоз и воздушен превоз за сопствени потреби.

Заради сето наведено произлегува дека овластувањето на Агенцијата за цивилно воздухопловство да ги пропишува условите за вршење на воздушен превоз за сопствени потреби, условите за начинот на лансирање на ракети за научни и други спортски цели, како и начинот и условите за исфрлање на хемиски средства и друго за потребите во земјоделството, шумарството и здравството и гасење на пожари, не може да се доведе под сомневање од аспект на поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и уставно утврдената положба на органите на државната управа – член 96 од Уставот.

6. Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Оспорениот Правилник веќе бил предмет на уставно – судска оценка.

Имено, Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.103/2007 од 24 октомври 2007 година, не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на одржување, техничка контрола на одржување и изработка на техничко-технолошка документација за одржување на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/2007) донесен од директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во ова решение Судот утврдил дека со ратификацијата, Мултилатералната спогодба меѓу Европската заедница и нејзините земји членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Црна Гора, Кралство Норвешка, Романија, Република Србија и мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европска заедничка воздухопловна област („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2007), со сите свои составни делови, вклучително и прописот на ЈАР-145, станала дел од внатрешниот правен поредок, во согласност со Уставот.

Предвид наведеното, наводите во иницијативата дека оспорениот правилник не се темели на Уставот, Законот за воздухопловство или на меѓународен ратификуван договор, туку на меѓународен стандард кој не претставува дел од внатрешниот правен поредок, се неосновани.

Во однос на наводите од иницијативата дека со оспорениот Правилник се толкуваат одредени дефиниции односно изрази за потребите на Правилникот и дека со правилникот се утврдуваат права и обврски и се пропишуваат посебни услови, Судот оцени дека истите се неосновани. Ова поради фактот што толкувањето на дефинициите и изразите и утврдените права и обврски и посебните услови за вршење на дејноста одржување техничка контрола на воздухопловите се утврдени во Меѓународниот стандард кој е дел од внатрешниот правен поредок.

Со оглед на тоа што Уставниот суд ја оценувал уставноста и законитоста на оспорениот Правилник, а во конкретната иницијатива не постојат поинакви основи за одлучување, Судот оцени дека во случајов се исполнети условите за отфрлање на иницијативата во овој дел, согласно цитираната деловничка одредба.

7. Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.51/2009
9 септември 2009 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски