Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 1 октомври 2008 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. HE СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за град Кичево за „Ложионица” Урбан блок A -Кичево број 07-2704/5 од 20 јули 2007 година, донесена од Советот на општина Кичево („Службен гласник на Општина Кичево” бр.9/2007).
2. Група граѓани од Кичево, застапувани од полномошник Јовица Наумоски, адвокат од Кичево, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точка 1 од ова решение.
Според наводите во иницијативата со оспорената Одлука бил повреден Законот за просторно и урбанистичко планирање од причини што од доносителот на актот не биле земени во предвид забелешките содржани во анкетниот лист доставен од страна на граѓаните и по изготвениот извештај не биле известени подносителите на анкетниот лист во смисла на член 24 точка 6 и точка 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Измената на Деталниот урбанистички план за Нас. Ложионица била извршена откако веќе биле отпочнати одредени градежни работи на деловно-стопанскиот објект и со измената во значителна мера била намалена целисходноста и функционалноста на зградата викана „Кула” бидејќи истата не поседувала паркинг простор.
Понатаму во иницијативата се наведува дека врз предметните недвижности била спроведена постапка за приватизација за што било донесено решение за приватизација каде што корисникот на градежното земјиште изјавил дека е во фактичко владение на земјиштето и покрај тоа што од друга страна неспорно било, според наводите во иницијативата, дека на истото биле изградени гаражи кои се во сопственост на станарите на зградата викана „Кула” и за кои било дадено налог за рушење, што значи дека органот приватизирал земјиште кое неможел и не смеел да го приватизира.
Од наведените причини, според иницијативата, начинот на кој била извршена измената на Деталниот урбанистички план, постапката што претходела на донесувањето, последиците врз станарите не биле во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, поради што се предлага оспорената одлука да се поништи.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука во член 1 предвидува дека со оваа Одлука се донесува Детален урбанистички план за „Ложионица” Урбан блок A во Кичево, со Предлог-планот, изготвен од ДООЕЛ „Форми” – Битола, со тех. бр. УП 2/05/06 од мај 2006 година.
Според член 2 од Одлуката планот од член 1 на оваа Одлука содржи:
– Документациона основа,
– Текстуално образложение,
– Графички прилози според законски одредби,
– Стручна ревизија на Нацрт-планот изготвен од ИН ПУМА Скопје, од август 2006 година,
– Стручно мислење од Министерството за транспорт и врски бр.18-19993 од 5.12.2006 година,
– Извештај по Јавна анкета за Нацрт-планот бр.09-227/4 од 9.02.2007 година,
Согласност на Предлог-планот, издадена од Министерството за транспор и врски – Сектор за уредување на просторот во Скопје, бр.16-6951/2 од 13.07.2007 година.
Во член 3 од Одлуката се предвидува дека планот се заверува во рок од 8 дена од денот на донесувањето, во седум (7) примероци CO потпис и печат од доносителот на Планот и се доставува до надлежните служби согласно член 27 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ” бр.51/2005), еден се чува во архивот на донесувачот на Планот, еден кај органот што го спроведува, еден во надлежниот државен архив, еден примерок се доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работи за уредување на просторот, еден примерок се доставува до државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, еден примерок се доставува до Државниот завод за геодетски работи и седмиот примерок се изложува во Одделението за комунални дејности при општина Кичево заради достапност во јавноста.
Според член 4 од истата одлука планот ќе го спроведува Одделението за урбанизам и заштита на животната средина на општина Кичево.
Според член 5 пак од одлуката примерок од оваа Одлука се доставува до: Општина Кичево – Одделение за комунални дејности, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина на општина Кичево и до Министерството за транспорт и врски – Скопје, Сектор за уредување на просторот Скопје.
Според член 6 од истата Одлука одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Кичево”.
4. Во текот на претходната постапка, е утврдено дека Деталниот урбанистички план „Ложионица” Урбан блок A – Кичево бил изработен од ДОО „ИН-ПУМА” – Скопје со тех. бр.145/2006 од август 2006 година. За нацрт планот доствена е стручна ревизија од ДООЕЛ „Форми” Битола од септември 2006 година.
По нацрт планот изготвено е стручно мислење од Министерството за транспорт и врски – Сектор за уредување на просторот – Скопје број 1819993 од 5 декември 2006 година.
Согласно Нацрт-одлуката за утврдување на Нацрт Деталниот урбанистички план бр.4278/5 од 27 декември 2006 година, донесени од Советот на општина Кичево, градоначалникот на општина Кичево донел Решение број 09-227/1 од 15 јануари 2007 година за организирање на јавна анкета со јавна презентација по Нацртот за Деталниот урбанистички план.
Соопштението за организирање на јавната анкета е објавено во Радио „Кале” Кичево и ТВ „Гура” Кичево.
Нацрт-планот бил изложен во административната зграда на општина Кичево во рок од 15 дена.
Општина Кичево изготвила записник од одржаната јавна презентација и стручна консултација број 09-735/1 од 1 февруари 2007 година, како и записник по одржаната јавна анкета број 09-227/2-1 од 8 февруари 2007 година.
По спроведената јавна презентација и јавна анкета изготвен е извештај од Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Кичево број 09-227/4 од 9 февруари 2007 година.
Комисијата достави известување за постапување по Извештајот број 09-990/1 од 22 февруари 2007 година.
Министерството за транспорт и врски – Сектор за уредување на просторот – Скопје издало согласност на Предлог на Деталниот урбанистички план за „Ложионица” блок A Кичево, 2006-2011 (5.15 ха) општина Кичево бр.16-6951/2 од 13 јули 2007 година.
5. Според член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот на Република Македонија, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се утврдени како едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Условите и начинот на системот на просторното и урбани-стичкото планирање, видовите и содржината на плановите, изработу-вањето и постапката за донесување на плановите, спроведувањето на плановите и следењето на реализацијата на плановите, надзорот и други прашања од областа на просторното и урбанистичко планирање се уредени со Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија” бр.51/2005, 137/2007 и 151/2007-исправка). Во Глава VI „Преодни и завршни одредби” на овој закон, во член 80 е утврдено дека постапката за донесување на урбанистичките планови започната пред денот на примената на овој закон (1 јули 2005 година) ќе продолжи според одредбата на законот кој бил во сила на денот на неговото отпочнување, доколку урбанистичкиот план ја поминал фазата на стручна расправа или фазата на јавна анкета и јавна презентација.
Co оглед на тоа што постапката за донесувањето на оспорената Одлука почнала по влегувањето во сила на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање од 2005 година, анализата на правната и фактичката состојба се врши во однос на новиот закон.
Co член 7 од овој закон се утврдени видовите планови кои се донесуваат во зависност од просторот кој е предмет на планирање, и тоа: просторни планови во кои спаѓа просторен план на Република Македонија и урбанистички планови во кои спаѓаат генерален урбани-стички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план надвор од населено место.
Co член 17 став 5 од Законот се утврдува дека за обезбе-дување на стручност и јавнот во процесот на просторното и урбанис-тичко планирање советот на општината и Советот на градот Скопје формира партиципативно тело кое ги пренесува ставовите, мислења-та и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготву-вање на плански решенија за соодветната општина и градот Скопје. Партицитативното тело се состои од претставници од советот, струч-но лице од општинската администрација, истакнати стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, претставници од здруженија на граѓани и граѓани од подрачјето на општината. Бројот на претстав-ниците се утврдува со статутот на општината и Статутот на градот Скопје и не може да биде поголем од десет члена.
Во членот 22 став 1 од овој закон се утврдува дека плано-вите од членот 7 на овој закон се изработуваат во две фази, односно како нацрт на план и предлог на план.
Според член 24 став 1 од овој закон, по нацртот на детал-ниот урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место, општината спроведува јавна презентација и јавна анкета. Според став 2 на истиот член, организирањето на јавна-та презентација и јавната анкета по плановите од ставот 1 на овој член, го врши градоначалникот на општината по утврдување на нацр-тот на планот од страна на советот. За спроведената јавна презента-ција и јавна анкета се изработува извештај (став 3). Според ставот 4 на овој член од Законот, јавната презентација и јавната анкета од ставот 1 на овој член се спроведува со излагање на планот на јавно место кое се наоѓа во кругот на месната самоуправа. Јавната анкета трае најмалку 15 работни дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови. Во ставот 5 на овој член, се предвидува дека јавната презентација е стручно презентирање на планот и се организира во простории и време што ќе го определи градоначалникот на општината.
Согласно, пак, член 24 став 6 од овој закон, извештај од јавната анкета со образложение за прифатените и неприфатените забелешки за плановите од ставот 1 на овој член изработува стручна комисија формирана од градоначалникот на општината која е соста-вена од три члена и тоа: носителот на изработка на планот, одговорно лице од општинската администрација надлежно за урбанистичко пла-нирање и истакнат научен и стручен работник од областа на урбани-стичкото планирање.
Според член 24 став 7 од Законот, извештајот од ставот 6 на овој член е составен дел на одлуката за донесување на предлогот на планот.
Согласно член 24 став 8 од истиот закон, врз основа на извештајот, комисијата од ставот 6 на овој член е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите збелешки или предлози.
Според ставот 9 на членот 24 од Законот, доколку коми-сијата од ставот 6 на овој член оцени дека нацртот на планот со прифатените забелешки од јавната анкета претрпел значајни промени (промена на границата на урбанистичкиот опфат, промени на регула-ционите линии, промени на намената на земјиштето и промена во поголем обем на други параметри утврдени во планот), градоначал-никот на општината за нацрт на планот со вградени забелешки во планот повторно спроведува јавна презентација и јавна анкета.
Според ставот 10 на членот 24 од Законот, времето и мес-тото каде што ќе биде изложен планот и спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета, задолжително се објавува со соопште-ние во јавните гласила. Соопштението задолжително ги содржи пода-тоците, местоположбата и површината на опфатот на планот, како и образложенија на планските решенија.
Од изнесените законски одредби произлегува дека зако-нодавецот во функција на обезбедување на уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната сре-дина и на природата како темелна вредност на уставниот поредок на Република Макекдонија, утврдил прецизна регулатива во врска со планирањето на просторот, точно определувајќи ги плановите за про-сторно и урбанистичко планирање, нивната содржина и постапката за нивно донесување.
Тргнувајќи од наведената законска регулатива, како и увидот и анализата на доставената документација за донесување на оспорената одлука во делот што се оспорува со иницијативата, Судот оцени дека општина Кичево како орган за донесување на наведената одлука, во деловите кои се оспоруваат со иницијативата ги спровела законски определените дејствија во постапката за донесување на истата.
Имајќи ги предвид изнесените законски одредби и утврдената фактичка состојба врз основа на доставената документација, според Судот постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за „Ложионица” Урбан блок A – Кичево, донесена од Советот на општина Кичево е спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, бидејќи во постапката за изготвување и донесување на оспорената одлука за наведениот Детален урбанистички план се испочитувани сите фази на постапката предвидена во овој закон, поради што не може да се постави прашањето на нејзината согласност со одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
При градењето на овој став, посебно Судот го имаше во вид наводот во иницијативата дека Стручната комисија не одговорила на забелешките од страна на станарите на зградата викана „Кула”, но од приложената писмена документација, неспорно произлегува дека на анкетниот лист од сопствениците на станови на станбената заграда „Кула” заведен под број 7, општина Кичево писмено ги известила со допис бр.09-227 од 9 февруари 2007 година со кое се извествуваат станарите дека нивните забелешки не се прифатени. Оттука, не може да се прифати тврдењето во иницијативата дека со донесување на осорената одлука е повреден член 24 став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
По однос на наводот истакнат во иницијативата дека врз предметната недвижност била спроведена постапка за приватизација и дека е донесено решение со кое корисникот на градежното земјиште е во фактичко владение на земјиштето, a од друга страна на замјиштето биле поставени гаражи кои се во сопственост на станарите на зградата викана „Кула”, Судот оцени дека на подносителите на иницијативата им стојат на располагање и други правни средства за заштита на своите права што можат да ги остваруваат во друга постапка.
Тргнувајќи од наведеното според Судот неосновани се наводите во иницијативата дека оспорената Одлука не е во согласност со Уставот и Законот за просторно и урбанистичко планирање, поради што не го понови прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр. 112/2008
1 октомври 2008 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски