Вовед
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на
– насловот на Правилникот за наичинот и условите за остварување право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице во делот „и условите„;
– член 2, во делот: „и од услови„;
– Глава 4, насловот: „Услови за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице„ и
– членовите 17 – 24 од Правилникот за начинот и условите за остварување право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице („Службен весник на Република Македонија„ бр.102/2006) донесен од министерот за труд и социјална политика на Република Македонија.
2. Томислав Попов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точка 1 од ова решение.
Според наводите во иницијативата, оспорениот правилник бил во спротивност со член 8 став 1 алинеи 3 и 4, член 51 и член 96 од Уставот на Република Македонија, член 31 став 5 од Законот за социјалната заштита и член 61 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Ова од причина што, според подносителот на иницијативата, условите за остварување на правото на паричен на домсток за помош и нега од друго лице можело да се определуваат само со закон, а не и со подзаконски акт, како во случајов. Поради наведеното, се предлага Уставниот суд да ги укине оспорените членови од Правилникот.
3. Судот на седницата утврди дека според член 2 од Правилникот за начинот и условите за остварување на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, лице над 26 годишна возраст, лице со тешки и најтешки пречки во интелектуалниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни или привремени промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице поради тоа што не може само да ги задоволува основните животни потреби, може да го оствари правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице во согласност со одредбите на Законот за социјалната заштита и на начин и под услови пропишани со овој правилник, доколку ова право не може да се оствари врз основа на други прописи.
Според член 17 од истиот правилник правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице може да го оствари лице коешто ги исполнува следните услови:
1) Да е лице над 26-годишна возраст,
2) Да е лице со тешки или најтешки пречки во интелектуалниот развој или лице со потешка или најтешка телесна попреченост или лице потполно слепо или лице со комбинирани пречки во развојот
3) Да е лице со трајни или привремени промени во здравствената состојба
4) Да му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може самостојно да ги задоволува основните животни потреби, утврдена со наод, оцена и мислење од надлежна стручна комисија.
Во членот 18 од Правилникот е предвидено дека
1) Потребата од помош и нега во зависност од видот и степенот на трајните или привремените промени во здравствената состојба или оштетувањето на здравјето и функционалната способност на лицето може да биде во поголем или помал обем.
2) Потребата од помош и нега од друго лице во зависност од времетраењето на промените во здравствената состојба на лицето, поради кои не може да си ги задоволува основните животни потреби, може да биде во вид на постојана или привремена.
3) Потребата од помош и нега од друго лице се утврдува како постојана во случај кога кај лицето има трајни промени во здравствената состојба, а кои се од таква тежина што лицето самостојно не може трајно да ги обавува основните животни потреби, под услови утврдени со овој правилник
4) Потребата од помош и нега од друго лице се утврдува како привремена со одредено времетраење искажано во месеци во случај кога кај лицето има привремени промени во здравствената состојба, а кои се од таква тежина што лицето привремено самостојно не може да ги обавува основните животни потреби, под услови утврдени со овој правилник.
5) Кога надлежната стручна комисија ќе утврди привремена потреба од помош и нега од друго лице во согласност со став 3 на овој член, во наодот, оцената и мислењето определува рок до којшто лицето е должно да се јави на контролен преглед пред надлежната стручна комисија заради повторна оцена на потребата од помош и нега од друго лице.
6) При контролниот преглед надлежната стручна комисија со наод, оцена и мислење може да утврди дека здравствената состојба на корисникот е подобрена и дека нема потреба од помош и нега од друго лице, односно дека здравствената состојба на корисникот е иста или битно влошена и дека има потреба од привремена или постојана помош и нега од друго лице, како и да го утврди обемот на помошта и негата од друго лице – во поголем или помал обем и да определи контролен преглед во случај кога е утврдена привремена потреба од помош и нега од друго лице.
7) Во случај од став 5 на овој член, надлежниот центар за социјална работа во диспозитивот на решението со коешто се решава по предметот определува рок до којшто лицето е должно до Центарот за социјална работа да поднесе нов предлог за медицинско вештачење од надлежниот матичен лекар со приложена нова медицинска и друга документација, рок до којшто лицето е должно да се јави, односно да се подложи на задолжителен контролен преглед пред надлежната стручна комисија заради повторна оцена на потребата од помош и нега од друго лице, како и укажување на правните последици, доколку лицето неоправдано не ги изврши наведените дејствија во определените рокови.
Во член 19 , се предвидува
1) Под трајни или привремени промени на здравствената состојба во смисла на овој правилник се сметаат вродени или стекнати заболувања или повреди на органите или органските системи утврдени според Меѓународната статистичка класификација на болестите и сродните заболувања на Светската здравствена организација (Х ревизија) при што во посебна листа се селектирани оние ентитети кои доведуваат до тешки оштетувања на физичките и менталните функции и намалување или изгубување на функционалната способност на лицето за самостојно извршување на секојдневните активности за задоволување на основните животни потреби – Листа на трајни и привремени промени на здравствената состојба.
2) Како дополнување на оцената на здравствената состојба, како дел на медицинската документација, во условите е внесен и Бартхел-овиот индекс за мерење на физичките функционални способности, Бодѕ масс индекс (БМИ), Прашалникот за кратко испитување на менталната состојба (Тхе Мини Ментал Стате Еџаминатион) и Скалата за глобална проценка на функционирањето на возрасни лица (Адулт΄С Глобал Ассессмент оф Фунцтионинг Сцале – ГАФ), кои се составен дел на овој правилник.
3) Ако истовремено кај лицето се утврдат повеќе заболувања оцената се прави според условите кои се најповолни во корист на лицето.
4) Наод, оцена и мислење во случај кога има потреба од помош и нега од друго лице се дава само ако се исполнети сите услови пропишани со овој правилник.
5) Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба од став 1 на овој член е дадена во прилог на овој правилник и е негов составен дел.
Во член 20 од Правилникот се предвидува
1) Постоењето на повеќе видови оштетувања на здравјето – телесна или интелектуална попреченост или комбинирана попреченост и болести вклучува две или повеќе од нив предвидени со овој правилник.
2) Постоењето на повеќе видови оштетувања на здравјето вклучува едно од нив изразено во степен на тежина предвидена со овој правилник.
Според член 21 од Правилникот
1) Под тежина на оштетување на здравјето во смисла на одредбите на овој правилник се смета телесна или интелектуална попреченост или комбинирана попреченост или болест поради која лицето не може самостојно да ги извршува секојдневните активностите соодветни на животната возраст на лицето.
2) При утврдување на тежината на оштетувањето на здравјето во смисла на став 1 на овој член и за утврдување на видот и обемот на потребата од помош и нега од друго лице, во согласност со одредбите на овој правилник, се применува Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба од член 19 став 1 на овој правилник и следните мерила:
10. Неспособност за самостојно движење ниту со ортопедски помагала (штаки, одалка – коњче, колица, возило и др.);неспособност за самостојно хранење (состојба на исхранетост – потхранетост); неможност за самостојно одржување на личната хигиена и обавување на физиолошките потреби, како и самостално соблекување и облекување – Бартхел-ов индекс (0-60) помош и нега од друго лице во поголем и (61-90) во помал обем; и /или БМИ < 14,5 за мажи и < 14 за жени - помош и нега од друго лице во поголем обем; 2) Неможност на примање и паметење разни информации и неспособност на воспоставување социјални односи со други лица, што го чини потполно зависно од грижата - помош и нега од друго лице - Кратко испитување на менталната состојба (0-20) помош и нега од друго лице во поголем обем; 3) Промена на личноста во однесувањето и реакциите со прогресивно оштетување во интелектуалното, емоционалното и социјалното функционирање со потполна зависност од грижа - помош и нега од друго лице - Скала за глобална проценка на функционирање на возрасни лица (0-30) помош и нега од друго лице во поголем обем. Во член 22 од истиот Правилник, е предвидено дека: 1) Трајни промени во здравствената состојба постојат кога поради видот и степенот на тежината на телесната или интелектуалната попреченост или видот и тежината на болеста, со современо лечење и современи рехабилитациски постапки не може да се постигне подобрување во здравствената состојба на лицето. 2) При утврдувањето на трајните промени во здравствената состојба од став 1 на овој член, се применуваат одредбите на член 21 став 2 и Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба од член 19 став 1 на овој правилник. 3) Во случај од став 1 и 2 на овој член се утврдува постојана потреба од помош и нега од друго лице во поголем или помал обем. Во член 23 пак се предвидува: 1) Привремени промени во здравствената состојба постојат кога, поради видот и степенот на тежината на телесната или интелектуалната попреченост или видот и тежината на болеста, со современо лечење и современи рехабилитациски постапки може да се постигне потполно оздравување или значително подобрување во здравствената состојба на лицето, односно кога лекувањето не е целосно завршено. 2) Во случај од став 1 на овој член се утврдува привремена потреба од помош и нега од друго лице, во поголем или помал обем, во траење во месеци, со утврден рок до кој лицето треба да се подложи на задолжителен контролен преглед пред надлежната стручна комисија за повторна оцена на потребата од помош и нега од друго лице. Според член 24 од Правилникот: 1) Потребата од постојана или привремена помош и нега од друго лице во поголем обем постои кога лицето е со тешки и најтешки пречки во интелектуалниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни или привремени промени во здравствената состојба, поради што не може самостојно да ги задоволува основните животни потреби, не може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во станот или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува и соблекува, да ја одржува личната хигиена, ниту да ги обавува основните физиолошки потреби (изгубена функционална способност) - Бартхел-ов индекс (0 - 60); и/или БМИ < 14,5 за мажи и < 14 за жени; Кратко испитување на менталната состојба (0-20); Скала за глобална проценка на функционирање на возрасни лица (0-30); согласно Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба од член 19 став 1 на овој правилник. 2) Потреба од постојана или привремена помош и нега од друго лице во помал обем постои кога лицето заради трајни или привремени промени во здравствената состојба не може без помош од друго лице во потполност да ги задоволува основните животни потреби, затоа што не може самостојно да се движи надвор од станот заради набавка на основните животни намирници и користење на здравствена заштита (намалена функционална способност) -Бартхел-ов индеџ (61- 90); согласно Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба од член 19 став 1 на овој правилник. 3) Потреба од привремена помош и нега во поголем или помал обем постои кога лицето заради привремени промени во здравствената состојба, односно привремено оштетување на здравјето не може да ги задоволи основните животни потреби од член 5 на овој правилник. 4) Видот и обемот на потребата од помош и нега од друго лице од став 1, 2 и 3 на овој член се утврдува со примена на мерила за одделните елементи за оцена на здравствената состојба и функционалната способност на лицето за остварување на секојдневните животни активности, утврдени со член 21 став 2 и согласно Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба од член 19 став 1 на овој правилник. 4. Согласно член 1 од Уставот на Република Македонија, Република Македонија е суверена самостојна, демократска и социјална држава. Според член 8 став 1 алинеи 3, 4 и 8 од Уставот, владеењето на правото, подлебата на државната власт на законодавна, извршна и судска и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Согласно член 34 од Уставот, гра ѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и колективен договор. Согласно член 35 од Уставот, Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот. Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во соглалсност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Според член 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ја вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата. Согласно член 1 од Законот за социјалната заштита, Републиката е основен носител на социјалната заштита на граѓаните и обезбедува услови за нејзино остварување. Републиката го воспоставува системот на сицијална заштита и го овозможува неговото функционирање, обезбедува услови за вршење на социјално-заштитната дејност и развива форми на самопомош. Според член 4 од овој закон, социјалната заштита е организирана дејност од страна на Републиката за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот, семејството и групи население во текот на животот. Согласно член 6 од истиот закон, врз основа н а правата од социјална заштита, а под условите утврдени со овој закон, се обезбедуваат услуги и се преземаат мер ки преку кои се остварува: социјална превенција, вонинституционална заштита и институционална заштита и социјална помош на корисниците на социјална заштита. Правото на социјална помош. како една од услугите и мерките во социјалната заштита и социјалната работа, согласно член 20 од Законот, опфаќа: постојана парична помош за лицата неспособни за работа и социјално необезбедени; социјална парична помош за лица способни за работа и социјално необезбедени; паричен надоместок за помош и нега; право на здравствена заштита, надомсток на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, еднострана парична помош или помош во натура, право на домување и парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа. Со членот 31 од Законот се утврдува категоријата на лица кои можат да го остварат паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, висината на паричниот надоместок, како и начинот на остварување на правото на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, потребната документција приложена кон барањето за остварување на ова право, поглиску ги определува условите за остварување на ова право, за кое е надлежен министерот за труд и социјална политика тоа да го стори со акт. Тргнувајќи од ваквото законско овластување, министерот за труд и социјална политика, го донел сега оспорениот Правилник за начинот и условите за остварување право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Од анализата на целината на Законот за социјална заштита, во контекст на наводите во иницијативата, а притоа имајќи ја во вид содржината на оспорените делови на Правилникот, според Судот законодавецот ги утврдил основните критериуми, услови и цели за остварување на улогата на државата – основен носител на социјалната заштита на граѓаните и воспоставување систем на социјална заштита која го овозможува функционирањето, и обезбедува услови за вршење на социјално-заштитната дејност. Имено, во Законот за социјална заштита се содржани јасни законски рамки за начинот и условите за остварување на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Членот 31 став 5 од Законот за социјална заштита го дава основот за пропишување на начинот за остварување на правата на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, потребната документација која се приложува кон барањето, поблиско определување на условите за остварување на ова право, составот и начинот на работите на стручната комисија, начинот на водење на евиденција на издадените наоди и содржина на образецот за давање наод, оцена и мислење за утврдување на потребата за помош и нега од друго лице. Токму од тие причини, Судот оцени дека членот 2 од оспорениот Правилник во целост е усогласен со законското овластување и е операционализација на оспорената одредба. Имено, во членот 31 ставовите 1 и 2 од Законот се предвидува формирање на посебна стручна комисија за издавање на наод, оценка и мислење, значи се определува начинот за остварување на правото на паричен надоместок, а пак, во ставот 3 од членот 31 од истиот закон, децидно се наведени условите кои треба да се исполнат заради остварување на ова право. Оттука, условите предвидени во оспорениот правилник во Главата 4 и членовите 17-24, всушност се доразработка на оние кои имаат рамка и критериум во целината на Законот за социјална заштита. Од анализата на цитираните законски одредби произлегува дека законодавецот дава рамка односно општи критериуми и услови врз основа на кое може да се определи паричен надоместок за нега помош и нега од друго лице, а тоа се лица кои имаат над 26 години возраст со тешки и најтешки пречки во интелектуалниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, како и потполно слепо лице чиј вид и степен на попреченост се утврдени со решение на Центарот за социјална работа, кој според ставот 4 на членот 31 од истиот закон го утврдува со непосреден увид. Оттука, овластувањето на министерот за труд и социјална политика дадено во определената законска одредба е во функција на операционализација на Законот, а не навлегување на извршната во законодавната власт, како што се тврди во иницијативата. Од извршената уставно судка анализа според Судот решението за утврдување услови за оспорување на правото на помош и нега од друго лице во оспорениот Правилник е во согласност со Законот за социјалната заштита и Уставот на Република Македонија, бидејќи со овој подзаконски акт се обезбедува целосна и соодветна социјална заштита на немоќните и неспособните за работа граѓани и инвалидни лица. Имено, оспорениот Правилник е доразработка на Законот з а социјална заштита, бидејќи Законот ги содоржи основите за уредување на прашањата што се предмет на подзаконско уредување, разработен во оспорениот правилник. 5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение. 6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски и д-р Зоран Сулејманов. У.бр.78/2008 2 јули 2008 година С к о п ј е лк/сд ПРЕТСЕДАТЕЛ на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски