65/2008-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 25 јуни 2008 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 266 став 1 алниеа 1 и член 267 став 1 алинеја 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2007).

2. Пано Аргиев од Кавадарци на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 266 став 1 алинеја 1 и 267 став 1 алинеја 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите на подносителот на иницијативата оспорените членови од Законот не биле во согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија. Ова затоа што законодавецот не предвидел преоден режим во кој постојниот кадар во автошколите кои биле со вишо образование не биле во можност да се стекнат со високо образование. Притоа законодавецот претходно имал донесено соодветни решенија со кои било предвидено преоден режим на група на граѓани на кои им овозможил своето вишо образование да го дооформат со соодветно високо образование и тоа било направено во согласност со Уставот.

Според тоа, подносителот смета дека поаѓајќи од начелото на еднаквост на граѓаните пред Уставот на Република Македонија на законодавецот изр ично му се забранува да носи различни решенија за ист проблем.

Понатаму, подносителот на иницијативата наведува дека во јануари 2008 година поднел иницијатива за оценување на уставноста на наведените членови во однос на член 9 од Уставот на Република Македонија. Уставниот суд на Република Македонија не ја прифатил иницијативата со образложение дека Судот ја оценувал уставноста на членовите 266 став 1 алинеа 1 и член 267 став 1 алинеа 1 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата при што ги имал предвид аргументите изнесени во барањето кое го отфрлил поради немање на основи за поинакво одлучување.

Меѓутоа, од одговорот добиен од Судот подносителот не знаел кои негови аргументи биле земени во предвид при оценување на оспорените членови, а особено имајќи предвид дека во предметот У.бр.130/2007 Уставниот суд во своето решение се повикува на членовите 8, 32, 51, 55 и 58 од Уставот, а не го имал предвид член 9 од Уставот. Токму поради тоа сега тој повторно бара Судот по однос на наведените оспорени членови да се произнесе за нивната согласност со член 9 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека во оспорениот член 266 став 1 алинеа 1 од Законот е предвидено дека претседател на испитна комисија од член 265 став 1 на овој закон може да биде лице кое преку општите услови за засновање на работен однос го исполнува и посебниот услов да има завршено високо образование (технички факултет – сособраќајна насока, полициска академија, правн или педагошки факултет).

Во оспорениот член 267 став 1 алин еа 1 од Законот е предвидено дека испитувач по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) може да биде лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос да има завршен о високо образование (технички факултет – сособраќајна насока, полициска академија, правeн или педагошки факултет).

4. Понатаму, Судот утврди дека по предметот У.бр.130/2007 од 21 ноември 2007 година, не повел постап-ка за оценување на уставноста на член 266 став 1 алинеа 1 и член 267 став 1 алинеа 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во образложението на решението се наведува дека Судот имајќи ги предвид одредбите од член 8 став 1 алинеа 3,член 9,член 44,член 32 став 1 и член 68 став 1 алинеа 2 од Уставот на Република Македонија оценил дека право е на законодавецот при утврдување на посебните услови за засновање на работен однос за извршување на одредени задачи да го утврди степенот и видот на образование, односно да утврди дали за вршење на одредени работи ќе биде определен само степенот на образование без оглед на видот на образование, или ќе определи повеќе видови на образование од одреден степен, како што тоа е направено во конкретниот случај.

Во однос на наводите на подносителите на иницијативите по истиот предмет У.бр.130/2007, дека законодавецот не предвидел рок во кој постојниот кадар кој не го исполнувал условот во поглед на степенот на образованието и во тој рок би се стекнал со соодветен степен на образование, Судот посебно се осврнал на тие наводи и изразил став дека законода вецот е тој кој цени дали е нужно со предвидувањето на нови услови, односно нови решенија да предвиди и преоден режим во кој ќе овозможи лицата кои не го исполнуваат условот во поглед на степенот на образованието да го дооформат своето образование, поради што и од овој аспект оспорените членови не биле доведени под сомнение во однос на уставните одредби на кои се повикува подносителот меѓу кои е и член 9 од Уставот.

5. Според член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија, покрај другото одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Согласно член 28 алинеите 2 и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежна да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички одредби, содржината на оспорените членови во однос на наводите од иницијативата како и наведената уставно судска практика, Судот смета дека наводите во иницијативата не се основани и не се точни. Ова затоа што при оценка на наведените членови Судот го изразил својот став и по однос на прашањето дека право е на законодавецот да го уреди прашањето на преодниот режим.

Со оглед на тоа што во конкретниов случај по предметната иницијатива во суштина подносителот на иницијативата ги оспорува наведените членови од причина што тие, а и Законот во целина не содржел одредба која го регулира преодниот режим на вработените во автошколите кои според новиот реж им не го исполнувале условот во поглед на степенот на образование, односно се бара укинување на одредба која фактички не постои, Судот оцени дека согласно член 110 од Уставот и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија постојат основи за отфрлање на иницијативата.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.65/2008
25 јуни 2008 година
С к о п ј е
лк/сд

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски