34/2008-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 28 мај 2008 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на

а) Одлуката за утврдување на трошоците и надоместокот за присуство на седници и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија бр. 07-2278/2 од 26.12.2006 година („Службен гласник на општина Гевгелија“ бр.24/2006) донесена од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања и

б) Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на трашоците и надоместокот за присуство на седници и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија бр.07-2706/2 од 30.11.2007 година („Службен гласник на општина Гевгелија“ бр.19/2007) донесена од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија донесени, односно преземени врз основа на одлуката означена во точката 1 од ова решение.

3. Драги Делев – градоначалник на општина Гевгелија на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законистоста на одлуките означени во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата, одредбите на оспорените одлуки уредувале права на членовите на Советот на општи ната кои биле спротивни на членот 45 и членот 100 од Законот за локалната самоуправа во времето кога истата била донесена.

Имено, подносителот на иницијативата наведува дека истата оспорена одлука била спротивна не само со членовите на Законот за локалната сампоуправа, туку и со одредбите на членовите 29-а до 29-д од Законот за дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

Поради тоа, подносителот на иницијативата бара Судот да донесе решение за запирање на извршувањето на оспорената одлука до донесувањето на Одлуката на Уставниот суд и истата да биде поништена.

4. Судот на седницата утврди дека оспорената Одлука за утврдување на трошоците и надоместокот за присуство на седници и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија бр. 07-2278/2 е донесена на 26.12.2006 година од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Според член 1 од оспорената Одлука, трошоците и надоместокот на членовите на Советот за работата во комисиите на Советот на општина Гевгелија (разгледување на материјали, давање предлози и иницијативи, присуство на седници, донесување Одлуки и заклучоци и други работи) се утврдуваат во месечен износ од 25% од просечната месечна нето плата во Република Македонија, исплатена во последните три месеци, без оглед на бројот на одржани седници и нивното времетраење.

Според член 2 од оспорената Одлука, трошоците и надоместокот на членовите на Советот на општина Гевгелија за подготовка и вршење на стручни консултации со надлежни органи и стручни лица во врска со материалите за седница на Советот, материјалите за седница на комисиите и други стручни тела, за работа на состаноци на времени комисии формирани од страна на Советот на општина Гевгелија, како и патни трошоци направени за овие активности, се утврдува во висина од 7.000 денари месечно.

Според член 3 од оспорената Одлука, трошоците и надоместокот на членовите на Советот на општина Гевгелија за учество при склучување на бракови во општина Гевгелија се утврдува во висина од 800 денари за ден, независно од бројот на склучени бракови. Според став 2 од истиот член, на матичарите им се утврдува надоместок во висина од 400,00 денари за ден(само за саботите, неделите и државните празници), независно од бројот на склучените бракови.

Според член 4 од оспорената Одлука, на претседателот на Советот на општина Гвегелија му се утврдува надоместок на трошоци, функционален додаток, во износ од 3.000 денари месечно.

Според член 5 од оспорената Одлука, со влегување во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за утврдување на трошоците и надоместокот за присуство на седници и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија (“Службен гласник на општина Гевгелија“бр.23/06 год.), а според член 6 од оспорената Одлука, оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен гласник на општина Гевгелија“.

Судот на седницата, исто така, утврди дека Одлуката за изм ена и дополнување на Одлуката за утврдување на трашоците и надоместокот за присуство на седници и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија бр.07-2706/2 е донесена на 30.11.2007 година од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Според член 1 од оспорената Одлука, во Одлуката за утврдување на трошоците и надоместокот за присуство на седници и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија („Службен гласник на општина Гевгелија“ бр.24/2006) членовите 2 и 4 се бришат, а според член 2 од оспорената Одлука, оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на општина Гевгелија“.

5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 и 9 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото и локалната самоуправа се утврдени како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно член 32 став 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002), советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината. Согласно став 2 на истиот член, за разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии. Согласно став 3 на истиот член, составот и начинот на избо рот на членовите на комисиите од ставот 2 се уредуваат со статутот.

Со член 36 од истиот закон се утврдува надлежноста на советот на општината, при што во став 1 точка 1 се утврдува дека во надлежност на советот на општината е да го донесува статутот на општината и другите прописи.

Од наведените законски одредби произлегува дека советот на општината, како претставнички орган на граѓаните, може за разгледување на прашања и за утврдување на предлози од одредена област од својот состав да формира постојани и повремени комисии. Меѓутоа, законодавецот јасно определил дека статутот на општината и другите прописи ги донесува советот на општината, од што несомнено произлегува дека постојаните и повремените комисии, како работни тела на советот немаат ингеренции да одлучуваат за донесување на општи акти, односно прописи со кои се уредуваат прашања од надлежност на општината.

Оттука, имајќи го предвид наведеното дека оспорените одлуки се донесени од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, Судот оцени дека основано може да се постави прашањето за согласноста на овие одлуки со членот 32 од Законот за локалната самоуправа. Имено, токму во ставот 2 на членот 32 од Законот децидно и јасно е утврдено дека постојаните и повремените комисии советот на општината може да ги формира само за разгледување на прашања и утврдување на предлози од одредена област, а не и за донесување на прописи, како што се и оспорените одлуки.

Со оглед на тоа што оспорените одлуки во целина се незаконити поради изнесените формал ни причини, Судот одлучи дека не е неопходно да се впушти и во материалните аспекти на нивната незаконитост.

6. Со оглед на тоа што со извршувањето на оспорените одлуки би можело да настанат тешко отстранливи последици, до донесувањето на конечна одлука, Судот реши да ги запре извршувањето на поединечните акти или дејствија донесени врз основа на тие одлуки.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите: Лилјана Ингилизова – Ристова, м-р Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.34/2008
28 мај 2008 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски