170/2006-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 јуни 2007 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА делот

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијатива поднесена од Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.бр.170/2006 од 18 април 2007 година, во точката 1 од Решението поведе постапка за оценување на уставноста на делот од членот 104 став 2 од законот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со членовите 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека, според член 104 став 2 од Законот за работните односи, работодавачот на работникот од ставот 1 на овој член може да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, доколку со закон и општ колективен договор поинаку не е утврдено.

5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот во поднасловот “Прекин на договорот за работа поради возраст на работникот” го содржеше сега поништениот член 104 став 1 (Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.161/2005 од 21 и 22 декември 2005 година) во кој беше предвидено работодавачот да има право да го прекине договорот за работа на работникот кога работникот ќе исполни услови за остварување старосна пензија согласно со закон.

Според оспорениот ставот 2 од членот 104 од Законот, работодавачот на работникот од ставот 1 на овој член може да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, доколку со закон и општ колективен договор поинаку не е утврдено.

Споредувајќи ја содржината на поништената и оспорената одредба се утврди дека двете одредби имаат релација со прекин на договорот за работа поради возраст на работникот. Меѓутоа, оспорениот став 2 на членот 104 од Законот содржи повикување на ставот 1 од истата одредба кој став повеќе не е дел од правниот поредок, што според Судот нема уставна и правна оправданост, нема целисходност.

Ова од причини што владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија утврдена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот подразбира во правниот поредок да егзистираат само јасни, прецизни и недвисмислени норми. Во случај кога тие во себе содржат некакво повикување, упатување на друга норма, таа неминовно мора да е дел од правниот поредок за да таквото уредување преставува една логична, правно функционална целина, што не е случај со означениот дел на членот 104 став 2 од Законот.

Оттаму, Судот утврди дека означениот дел од членот 104 став 2 од Законот не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

По однос на деловите: „Работодавачот на работникот“ и „може да му го продолжи договорот за врабо-тување најмногу до 65 години возраст, доколку со закон и општ колективен договор поинаку не е утврдено.“ од истиот член од Законот, Судот со точката 2 од Решението У.бр.170/2006 од 18 април 2007 година одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот Махмут Јусуфи и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Лилјана Ингилизова-Ристова, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.170/2006
6 јуни 2007 година
С к о п ј е
мл/ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Махмут Јусуфи