192/2006-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 27 декември 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план, УАЕ бр.1, урбан блок 1/3 урбан модул 2 во Прилеп, донесена од Советот на општина Прилеп, под бр.07-1451/4 од 3 август 2006 година (“Службен гласник на општина Прилеп” бр.8/ 2006).

2. Славко Јанкулоски од Прилеп на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата, оспорената oдлука била донесена на „криминален начин“ со што бил грубо прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Имено, оспорената одлука била донесена со цел да се удоволи на соседот на подносителот на иницијативата, иако по однос на неговиот објект постоеле правосилна одлука на Врховниот суд на Република Македонија и решение за уривање на истиот, а со Деталниот урбанистички план на штета на подносителот на иницијативата се предвидувало објектот да има форма на буквата „Г“, наспроти неговата постојана праволиниска и правоаголна форма.

Поради неприменувањето, односно погрешното применување на членот 28 став 5 од Законот за просторно и урбанистичко планирање се повредувале и членовите 24 став 6, 7, 8 и 9 и член 31 од истиот Закон.

Во иницијативата, исто така, се наведува и тоа дека поради неприменувањето, односно погрешната примена на членовите 21, 22 и 23 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, во кои одредби било предвидено како при планирањето треба да изгледа една градежна парцела дошло и до повреда на наведениот Закон.

4. Судот на седницата утврди Советот на општина Прилеп на седницата одржана на 3 август 2006 година донел Одлука за донесување на детален урбанистички план за УАЕ бр.1, урбан блок 1/3 урбан модул 2 во Прилеп.

Во членот 1 од Одлуката е определено дека се донесува деталниот урбанистички план за наведениот Урбан модул, како што е означено во графичките прилози составен дел на оваа одлука. Потоа, во овој член од одлуката се дадени границите на планирањето.

Во членот 2 од Одлуката децидно е определено кои прилози ги содржи планот.

Во членот 3 од Одлуката е определен начинот на заверка на деталниот урбанистички план.

Во членот 4 од Одлуката е определено дека Советот на општина Прилеп, е должен во рок од 30 дена да обезбеди картирање на планот и картираните подлоги да ги достави до Државниот завод за геодетски работи на чување и користење, како подлоги за издавање на нумерички податоци.

Во членот 5 од Одлуката е определено дека планот ќе го спроведува надлежниот орган на општина Прилеп.

Во членот 6 од Одлуката е определено дека заверен примерок од планот се доставува до органот на државната управа надлежен з а вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Во членот 7 од Одлуката е определено дека Одлуката влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службениот гласник на општина Прилеп”.

Одлуката е заверена под број 07-1451/4 од 3 август 2006 година и е објавена во “Службен гласник на општина Прилеп” бр.8/ 2006.

Од целокупно приложената документација, Судот, исто така, утврди дека Советот на општина Прилеп на седница одржана на 22 ноември 2004 година донел Програма за просторни и урбанистички планови за 2005 година за општина Прилеп, објавена во „Службен гласник на општина Прилеп“ бр.10/2004.

Нацртот на Деталниот урбанистички план за град Прилеп УАЕ бр.1 (3) – урбан блок 1(3) урбан модул 2 во Прилеп, заведен по тех.бр.12-1/05 е изготвен од страна на „Урбанизам“-ДОО-Битола и „Биро Плус“-Прилеп во април 2005 година.

Стручната ревизија на Нацрт-деталниот урбанистички план, заведена под тех.бр.69/2005 од мај 2005 година изготвил ИН-Пума, Институт за урбанизам, сообраќај и екологија, ДОО Скопје.

Одговор на извршената ревизија е даден од „Урбанизам“-ДОО-Битола во јуни 2005 година.

По повод бараното стручно мислење за Нацрт-Планот, Министерството за транспорт и врски-Сектор за уредување на просторот во Скопје, дало стручно мислење бр.13-7877 од 11 јули 2005 година дека по вградување на сугестиите и забелешките постапката за усвојување на планот може да продолжи.

Со Одлука бр.07 2813/15 од 13 декември 2005 Советот на општина Прилеп го утврдил Нацртот на Деталниот урбанист ички план.

Градоначалникот на општината Прилеп со Одлука бр.24-427/1 од 20 декември 2005 година определил организирање на јавна анкета на Нацртот на Деталниот урбанистички план и тоа во траење од најмалку 15 работни дена и со соопштение бр.24-777/7 од 20 декември 2005 година определил јавната анкета да се спроведе во периодот од 26 до 31 декември 2005 година и од 4 до 17 јануари 2006 година.

Соопштението за организирање на јавната анкета е објавено во весникот „Дневно“ на 24 декември 2005 година.

Поканата за организирање на стручна консултација по Нацрт – Планот е со бр.18-982/6 од 23 јуни 2003 година и од неа произлегува дека стручна консултација била закажана за 25 јуни 2003 година.

Во анкетниот лист бр.10, заведен под бр.24-182/6-10 од 13 јануари 2006 година поднел Славко Јанкулоски, подносител на иницијативата.

Од М.З. Мито Хаџивасилев“- Скопје изготвен е список бр. 03-69 од 30 јуни 2003 година на поднесени анкетни листови и тоа 22 на број.

Овластениот преставник на градоначалникот на општината Прилеп, составил записник од одржаната јавна анкета, заведен под бр.09-29/2 од 17 јануари 2006 година и по однос на овој Нацрт-план констатирал дека немало поднесени забелешки. Дополнително е утврдено дека подносителот на забелешката бил регистриран како подносител на забелешка во постапка по друг план.

Стручна комисија, по повод спроведената јавна анкета и поднесените анкетни листови изготвила извештај бр.09-78/2 од 17 јануари 2005 година од чија содржина произлегува дека сегашниот подноси тел на иницијативата, бил региструран како подносител на забелешка по друг план и дека неговата забелешка не се прифаќа.

Министерството за транспорт и врски дало согласност на Предлог-планот, заведена под бр.18-7784 од 10 мај 2006 година, по што Советот на општината ја донел и објавил оспорената одлука за донесување на Детален урбанистички план.

Со допис бр.09-78/9 од 18 мај 2006 година Славко Јанкулоски е извесен дека неговата забелешка не е прифатена, кој е примен од подносителот на иницијативата на 15 јуни 2006 година.

5. Според член 80 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.51/2005), постапката за донесување на урбанистичките планови започната пред денот на примената на овој закон, ќе продолжи според одредбите на законот кој бил во сила на денот на нивното отпочнување, доколку урбанистичкиот план ја преминал фазата на стручна расправа или фазата на јавна презентација.

Според член 85 од Законот, овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија” (30 јуни 2005 година), а ќе се применува од 1 јули 2005 година.

Со оглед на тоа што Судот утврди дека во времето на отпочнувањето на постапката за донесување на деталниот урбанистички план јавната анкета не била спроведена и во постапката за планирање биле спроведени само фазите: нацрт-план, ревизија и одговор на ревизија, анализата на правната и фактичката состојба во постапката пред Судот беше направена по однос на наведените фази спор ед Законот што беше во сила, а по однос на останатите фази од постапката според Законот што сега е во сила.

Имено, според член 17 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/1996, 28/1997, 18/1999, 53/ 2001 и 45/2002) , плановите од член 7 од овој закон се изработуваат како нацрт и предлог на план.

Според член 19 од истиот закон, на нацртот на плановите од член 7 од овој закон, пред организирањето на стручната расправа односно јавата анкета, се врши стручна ревизија. Стручната ревизија на урбанистичките планови според програмата од членот 13 на овој закон ја врши стручна научна институција или комисија што ја определува односно формира министерот надлежен за работите за уредување на просторот.

Според член 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој сега е во сила, просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредување и хармоницазија на просторот и унапредување на животната средина и природата (став 1). Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат (став 2).

Според член 7 од Законот, во зависност од просторот што е предмет на планирање, покрај другите, се донесува и детален урбанистички план.

Според член 11 од Законот, детален урбанистички план се донесува за плански опфат, за кој е донесен генер ален урбанистички план (став 1). Деталниот урбанистички план содржи текстуален и графички приказ на планските решенија на опфатот, како и билансни показатели за планскиот опфат и за инфраструктурата (став 2).

Понатаму, во ставовите 3, 4 и 5 од истиот член од Законот е определено што содржат графичките прикази, текстуалниот дел на планот и билансните показатели.

Според член 11 став 7 од Законот, деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план.

Според член 22 од Законот, плановите од членот 7 од овој закон се изработуваат во две фази, односно како нацрт на планот и предлог на план (став 1).

Според член 24 од Законот, по нацртот на деталниот урбанистички план, општината спроведува јавна анкета (став 1). Организирањето на јавната анкета по планот од став 1 на овој член го врши градоначалникот на општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на советот (став 2). За спроведената јавна анкета се изработува извештај (став 3). Јавната анкета од став 1 на овој член се спроведува со излагање на планот на јавно место кое се наоѓа во кругот на месната самоуправа, при што јавната анкета трае најмалку 15 работни денови, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетни листови (став 4). Извештај од јавната анкета со образложение од прифатените и неприфатените забелешки за плановите од ставот 1 на овој член, изработува стручна комисија формирана од градоначалникот на општината, која е составена од три члена, и тоа: носителот на изработка на планот, одговорно лице на општинската администрација надлежно за урбанисричко планирање и истакнат научен и стручен работник од областа на урбанистичкото планирање (став 6). Извештајот од ставот 6 на овој член е составен дел на одлуката за донесување на предлогот на планот (став 7). Врз основа на извештајот, комисијата од ставот 6 на овој член е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на хеговите забелешки или предлози (став 8). Доколку комисијата од ставот 6 на овој член оцени дека нацртот на планот со прифатените забелешки од јавната анкета претрпел значајни промени (промена на границата на урбанистичкиот опфат, промени на регулационите линии, промена на намената на земјиштето и промени во поголем обем на други параметри утврдени во планот), градоначалникот на општината за нацртот на планот со вградени забелешки во планот повторно организира јавна анкета (став 9). Времето и местото каде што ќе биде изложен планот и спроведувањето на јавната анкета, задолжително се објавува со соопштение во јавните гласила, а соопштението задолжително ги содржи податоците, местоположбата и површината на опшфатот на планот, како и образложенијата на планските решенија( став 10).

Според член 25 став 1 од Законот, на плановите од членот 7 точка 2 алинеји 1, 2, 3 и 4 на овој закон, изработени во форма на предлог на план се издава согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, со која се потврдува дека плановите се изработени согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон (став 1).

Според став 2 од истиот член од Законот, согласноста од ставот 1 на овој член се издава во рок од 30 работни дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот, а доколку не се издаде во определениот рок ќе се смета дека согласноста е издадена. Мислењето од став 2 на овој член се издава, исто така, во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот.

Според став 3 од истиот член од Законот, по добивањето на согласноста од ставот 1 на овој член, планот се доставува до надлежниот орган за донесување.

Според член 28 став 5 од Законот, измени и дополнувања на плановите и делови од плановите од членот 7 од овој закон се вршат по истата постапка пропишана за нивното донесување.

6. Оценувајќи ја оспорената одлуки по однос на нејзината согласност со одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање кој бил и кој сега е во примена, а врз основа на целокупно приложената документација Судот утврди дека Советот на општината во постапките за донесување на деталниот урбанистички план ги спровел сите предвидени фази во постапката со почитување на цитираните законски одредби.

Впрочем, подносителот на иницијативата остварил учество во спроведената јавна анкета и п риговарал на исти околности како во поднесната иницијатива, но Советот на општината не ги прифатил неговите забелешки за што е уредно известен, на начин како што е определено во член 24 став 6, 7, 8 и 9 од Законот, што сега е во сила.

Според Судот не може да се постави прашањето и за согласност на оспорената одлука со членот 28 став 5 од Законот, бидејќи во овој случај не станува збор за постапка за измена и дополнување на детален урбанистички план, туку за постапка за негово донесување.

Оттаму, не може да се постави прашањето за согласност на опорената одлука како по однос на одредбите од поранешниот Закон за просторно и урбанистичко планирање, така и по однос на одредбите од Законот за просторно и урбанистичко кој сега е во сила.

7. Според член 110 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Имено, тргнувајќи од оцената на целината на наводите во поднесената иницијатива, произлегува дека таа во најголем дел содржи наводи за решавање на индивидуален имотноправен спор, за кој Уставниот суд, согласно член 110 од Уставот не е надлежен да одлучува.

Уставниот суд, исто така, не е надлежен да одлучува и по однос на наводите за несогласност на оспорената одлука со членовите 21, 22 и 23 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, бидејќи и Одлуката и овој правилник се подзаконски прописи, односно прописи со иста п равна сила.

8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Махмут Јусуфи и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр. 192/2006
27 декември 2006 год.
С к о п ј е
м.л.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Махмут Јусуф