Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 22 февруари 2006 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 31 став 1 алинеја 7 и членовите 40, 41, 42, 43, 44, 45, 47 и 48 од Законот за пратениците (“Службен весник на Република Македонија” бр.84/2005).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот ознаиен во точка 1 од ова решение во целина, како и член 31 став 1 алинеи 4, 5, 11 и 12 и членовите 36, 37, 38, 39, 46 и 49.
3. Информативниот центар за граранско општество – Скопје, преку полномошникот Влатко Илиевски од Скопје, Илија Мовков од Скопје, ВМРО-ДПМНЕ-Скопје, преку полномошникот Рорри Наумов од Скопје, Демократски сојуз-Скопје, Стамен Филипов од Скопје, Сојузот на борците од народно ослободителната и антифаишистичка војна на Македонија – Скопје, Јонче Цветковски од Скопје, Лигата за демократија – Скопје, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОВ – Кавадарци, Рорги Ангеловски од Прилеп, Маријан Калимановски од Скопје, Панче Докузов од Штип и Стојанче Столески од Тетово на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за оценување на уставноста на Законот за пратениците во целина и на членовите од Законот означени во точките 1 и 2 од ова решение.
4. – Информативниот центар за граранско општество ги оспорува членовите 40 и 41 став 1 од наведениот закон.
Според наводите во иницијативата со наведените членови се повредувало уставното начело на еднаквост и уставното начело на социјална праведност затоа што пратениците во поглед на правото и висината на старосната пензија се издвојуваат како посебна категорија на грарани кои само поради нивниот статус и положба во општеството се издвојуваат од системот на пензиското и инвалидското осигурување со што се воспоставува нов систем за остварување на правото на пензија на пратениците.
Оспорениот член 40 од Законот пропишувал привилегирани услови за остварување на старосна пензија на пратениците со оглед на тоа што преку правото на предвремено пензионирање (категорија непозната во системот на пензиското и инвалидското осигурување) се воведувала можност пратениците да се пензионираат со наполенти 25 години пензиски стаж и 55 години старост (маж) односно 53 години старост (жена) за разлика од останатите грарани.
Оспорениот член 41 став 1 од Законот пропишувал привилегирани услови за пратениците во начинот на утврдување на висината на предвременото пензионирање која изнесувала 80% од просечната плата исплатена на пратеникот во последните три месеци.
Иако нормативната функција на државата во уредувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување на пратениците со Уставот не е димензионирана, со законите мора да бидат утврдени такви односи кои еднакво же се однесуваат за сите грарани.
– Илија Мовков од Скопје со иницијативата бара Судот да ја оцени уставноста на Законот за пратениците во однос на начелото на еднаквост утврдено во Уставот на Република Македонија.
– ВМРО-ДПМНЕ го оспорува Законот за пратениците во целина и членовите 40, 41, 42, 43 став 2, 47 и 48.
Според наводите на подносителот на иницијативата од содржината на одредбите од Законот недвосмислено произлегува дека прашањата што ги уредува Законот се регулирани со највисокиот правен акт на државата а тоа е Уставот, со Деловникот на Собранието, како и со Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Републиката што значи Законот не врши операционализација на Уставот, туку само ги препишал одредбите од наведените прописи што е излишно и непотребно. Тоа што претставува новина во Законот главно се членовите 40, 41, 42, 43 став 2, 47 и 48.
Наведените одредби од Законот не биле во согласност со Уставот на Република Македонија бидејжи со нив се повредувале, кршеле основните принципи, начела и постулати на кои почива Уставот на Република Македонија и тоа: се кршел основниот постулат според кој Република Македонија, покрај другото, е и социјална држава; дека темелна вредност на уставниот поредок е почитувањето на правото на грараните; дека грараните се еднакви пред Уставот и законите и дека е забранета дискриминација на грараните по кој било основ.
Понатаму подносителот наведува дека оспорените одредби кои имаат лукративен карактер со кои е предвидена корист, привилегии и посебни бенефиции за одредена категорија на грарани (во случајот пратениците) без постоење на каков било правен основ за утврдување и доделување на вакви привилегии.
Ако основ за добивање на наведените привилегии е фактот што тие се избрани на непосредни и слободни избори тогаш таквите бенефиции би требало да се однесуваат и на другите избрани и именувани лица во Република Македонија.
Оттука, подносителот на иницијативата смета дека со оспорените одредби со кои е предвидено правото на предвремено старосно пензионирање на пратениците со 25 години пензиски стаж и 55 години старост, односно 53 години за жени, со правото на предвремена пензија да се стекнат и пратеници кои имаат најмалку половина мандатен период на пратеник во Собранието на Република Македонија сметајжи од денот верификација на мандатот, како и правото за утврдување на висината на предвремена пензија од 80% од просечната плата исплатена на пратеникот во претходните три месеци се повредуваат уставни одредби од член 1 став 1, член 2 став 2, член 8 став 1 алинеја 1, член 9, член 32 став 3 и 5, член 34, член 35 и член 51 од Уставот на Република Македонија.
Поради изнесеното подносителот предлага Уставниот суд да одржи јавна седница на која тој же биде поканет и по одржаната расправа Судот да ги укине или поништи оспорените членови.
– Демократскиот сојуз го оспорува член 40 од Законот за пратениците и според наводите во иницијативата тој бил во спротивност со член 9 од Уставот, затоа што со него пратениците се стекнувале со привилегиран статус при обезбедување на старосна пензија. Оспорената одредба не била во согласност и со системскиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување.
– Според наводите во иницијативата на Стамен Филипов и иницијативата на Сојузот на борците од НОВ, кои се идентични, не постоел уставен основ за донесување на Законот за пратениците. Ова пред се ако се има предвид дека повежето одредби од Законот се преземени од Уставот или одделни прашања се уредени со Деловникот на Собранието на Република Македонија, а прашањето за плати и други надоместоци на пратениците е уредено со Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Републиката.
Понатаму, подносителите на иницијативата наведуваат дека со донесување на оспорениот закон, законодавецот внел дискриминаторски одредби со кои прави голема несфатлива радикална разлика меру лурето што може да се воочи од член 49, според кој со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Републиката што се однесуваат на пратениците, а одредбите што се однесуваат за другите избрани и именувани лица во Републиката остануваат во сила. Оттука, со оспорениот закон не била запазена уставната обврска грараните да бидат еднакво третирани и недискриминирани.
За подносителите на иницијативата посебно се проблематични членовите 36 став 1 и 2, 40 и 41 од Законот за пратениците.
Оспорениот член 36 став 1 и 2 не бил во согласност со член 32 став 1 и 3 од Уставот затоа што пратеникот по престанување на мандатот можел да добие само надоместок поради привремена невработеност како што тоа е предвидено за сите грарани, но не и плата по престанување на мандатот за период од 1 година, а најмногу за уште шест месеци доколку во тоа време стекнува право на старосна пензија.
Според подносителите на иницијативата со оспорените одредби од член 40, 41 и 44 од Законот за пратеници се доведуваат во прашање уставните начела според кои Република Македонија, покрај другото е социјална држава, начелото на еднаквост, начелото на владеење на правото како и начелото на хуманизам, социјална правда и солидарност утврдени во Уставот на Република Македонија, затоа што правото на предвремено пензионирање се остварувало со воведување на поволни услови само за пратениците, а не и за други избрани и именувани лица и вработени.
Овие одредби не биле во согласност со наведените темелни вредности утврдени со Уставот ако се имал предвид и фактот што висината на пензијата не се огранииувала на највисок износ на старосна пензија како што тоа се прави за другите осигуреници (член 28 од Законот за изменување и дополнување на ЗПИО (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/2000) и не се усогласувала според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 80% и движењето на просечно исплатена нето плата на секој вработен во Република Македонија во висина од 20%, туку се усогласува според порастот на платите на пратениците во Собранието.
Воедно, подносителите на иницијативата наведуваат дека треба да се има предвид и фактот дека Законот за пензиското и инвалидското осигурување на единствен начин го уредил пензиското и инвалидското осигурување на работниците неправејжи никаква разлика во остварувањето на правата по основ на работа, односно, вработување во стопанството, во јавниот сектор, за пратеници и други избрани и именувани лица (член 4 и член 11 тоика 3 од ЗПИО).
Понатаму, според подносителите на иницијативите одредбата од член 47, која предвидува дека правата утврдени во Глава ВИ од Законот се однесува на “Права на пратениците по престанување на мандатот” не била во согласност со член 52 став 4 од Уставот, односно има повратно дејство со оглед на тоа што правата се протегаат наназад и тоа на пратениците од првиот плуралистиики состав на Собранието на Република Македонија од 1990 година, кои имаат исполнето најмалку половина мандатен период на пратеник во Собранието, како и пратеник кој правото на плата по негово барање го остварувал во Собранието и на пратеник кој професионално ја извршува функцијата пратеник.
Оттука, според наводите во иницијативите постоењето само на одредена категорија на грарани (пратеници) кои поради својата функција и влијание во општеството стекнале, односно, си приграбиле посебна положба како за време на мандатот и потоа е голема потенцијална опасност за раслојување, распарање на ова општество на кој начин се минимизира целта на уставно утврдената рамноправност и еднаквост на грараните.
Според тоа со оспорениот закон се повредувал член 1 став 1, член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 8, член 9, член 32 ставовите 1, 3 и 5, член 34, член 35 став 1, член 51, член 52 став 4, член 61 став 2, член 65 став 5, член 64 став 6 и член 72 став 4 од Уставот.
Воедно со иницијативата се бара Судот да изрече времена мерка.
– Подносителот Јоние Цветковски од Скопје го оспорува член 31 став 1 алинеите 5, 7, 11 и 12 и членовите 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43, 44, 47 и 48 од Законот за пратениците.
Според наводите на иницијативата со членот 31 став 1 алинеите 5, 7, 11 и 12 се повредувало уставното начело на еднаквата правна положба на корисниците на буџетските средства.
Ова затоа што имајжи ја предвид одредбата од член 8 став 2 од Законот за пратеници функцијата пратеник се врши професионално.
Професионалното вршење на функцијата пратеник подразбира прифажање и вршење на сите права и обврски кои произлегуваат од Уставот, Деловникот на Собранието и други прописи. Неспорно е дека работата на Собранието и на неговите работни тела се одвива на седници како што е неспорно дека за професионалното вршење на функцијата пратеник се исплатува плата, придонеси од плата и други надоместоци. Оттука, произлегува дека во платата е апсорбирано и правото на надоместок на трошоци за присуство на пратениците на седници на Собранието и на работните тела. Пратеникот својата функција ја врши во Собранието што не е исто со службеното патување надвор од местото во кое се врши функцијата.
Од друга страна, пак, треба да се има предвид дека со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2005 година на единствен начин за сите корисници на буџетски средства се пропишани единствени критериуми и основи за трошење на буџетските средства.
Понатаму, подносителот на иницијативата наведува дека членот 36 од Законот не бил во согласност со член 1 став 1, член 32 став 1 и член 63 став 1 од Уставот. Ова затоа што законодавецот со донесување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ги операционализирал уставните одредби и обезбедил еднакви права за грараните на кои по разлиини основи им престанал работниот однос и правото на плата и соодветна заработувачка.
Професионалното вршење на претеничката функција за која се остварува плата, придонеси од плата и други надоместоци претставува воспоставен работен однос со орган на државната власт, односно со државата. Во тој поглед пратениците се изедначени со правата што ги остваруваат и другите грарани.
Поарајжи од јасните уставни решенија со оспорената одредба од член 36 од Законот не се пропишувала еднаква правна положба на грараните, туку напротив со предвидувањето правото на плата пратеникот да може да го оствари и по престанок на функцијата, во рок од една година, а во одредени случаи уште за шест месеци се нарушувало начелото на еднаквост померу грараните кои се наораат во иста општествена положба.
Членовите 37, 38 и 39 се во функција на оспорениот член 36 и се нераскинливо поврзани и не можат самостојно да егзистираат поради што и тие не се во согласност со Уставот.
Според подносителот на иницијативата оспорениот член 40 од Законот за пратениците не бил во согласност со член 9 став 1 од Уставот, затоа што поарајжи од оваа уставна императивна одредба законодавецот бил должен при уредувањето на условите за остварувањето на правото на пензија пратениците да ги стави во иста и еднаква положба со сите други грарани кои остваруваат право на пензија. Токму поради тоа што со оспорениот член се пропишувала поинаква и различна положба (привилегирана) само за една категорија на грарани, а не општата што е пропишана за сите грарани со Законот за пензиското и инвалидското осигурување се повредувало и начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок.
Оспорениот член 41 став 1 од Законот не бил во согласност со уставното начело на еднаквост, затоа што основицата за пресметување на пензијата на пратеникот се утврдувала во висина од 80% од просечната плата исплатена на пратеникот во претходните три месеци, што е сосема различно кога се утврдува висината на пензијата кај другите осигуреници според Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Оспорениот став 2 на член 41 не бил во согласност со член 52 став 4 од Уставот од причини што основицата од 80% за утврдување на пензијата на пратеникот ја имаат и пратениците кои веже стекнале пензија по друг основ доколку тоа е поповолно за нив.
Членовите 42, 43 и 44 се спротивни на уставните одредби и не можат да егзистираат без членот 41 од Законот.
Понатаму, според подносителот на иницијативата оспорениот член 47 став 2 од Законот за пратениците не бил во согласност со уставното начело на еднаквост и начелото на забрана на повратно дејство на законите, затоа што право на предвремена пензија имале само одредена категорија на грарани пратеници кои правото на плата по нивно барање во месечен износ го оствариле во Собранието од првиот плуралистиики состав на Собранието на независна и самостојна Македонија, како и на пратениците кои професионално ја извршуваат функцијата.
Според подносителот на иницијативата членот 48, кој е во функција на примена на оспорените одредби, не може самостојно да опстојува и со интервенција во другите одредби од Законот тој би бил неприменлив.
Подносителот на иницијативата бара Судот да ги поништи оспорените одредби, а до конечна одлука Судот да изрече времена мерка.
– Според наводите во иницијатавата на Лигата за демократија одредбите од членовите 40, 41 и 42 од Законот за пратениците не биле во согласност со член 9 од Уставот, затоа што со нив се определувале поволности што не се резултат од условите за работа кои би се категоризирале со зголемен психофизиики напор при работењето, како што е тоа случај со категоријата осигуреници во одбраната и во органите за внатрешни работи.
– Претседателството на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОВ – Кавадарци во писмениот поднесок до Уставниот суд на Република Македонија наведува дека се приклучува кон иницијативата на Републичкиот одбор на Сојузот на борците од НОВ на Македонија.
– Според наводите на подносителот на иницијативата Рорри Ангеловски од Прилеп оспорениот член 40 од Законот за пратеници не бил во согласност со член 9 и 51 од Уставот, затоа што со донесувањето на наведениот закон пратениците самите за себе си обезбедиле привилегии, бенефиции, имунитет, мож и други погодности.
– Според наводите на иницијативата на Марјан Калимановски од Скопје членовите 40, 41, 42, 43 став 2, 44 и 45 став 3 од Законот за пратениците не биле во согласност со член 9 од Уставот, затоа што условите под кои пратениците можеле да се стекнат со предвремена старосна пензија, висината на предвремената старосна, инвалидска односно семејна пензија, се сосема различни и поповолни од оние за другите осигуреници кои ги остваруваат овие права согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Понатаму подносителот наведува дека согласно член 95 и 101 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, осигурениците работници во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана можеле да се стекнат со право на предвремена пензија со старост како и пратениците, но тие работници требало да имаат поминато во наведените министерства најмалку 15 години работен стаж со зголемено траење и како втор услов е работниот однос да им престанува заради потребите на службата.
Согласно член 47 од Законот за пратениците, пратениците со мандат од две години имаат право на предвремена старосна пензија со 55, односно 53 години старост и пензиски стаж од најмалку 25 години, а осигурениците од одбраната и полицијата со прибилижно иста старост треба да имаат 15 години работен стаж со зголемено траење и тоа само ако органот кај кого работи ги пензионира, а не и по сопствена желба на осигуреникот.
Членот 40 од Законот за пратениците ги става пратениците во поповолна положба во однос на сите останати осигуреници, па дури и во однос на оние вработени осигуреници кои биле вработени во одбраната и Министерството за внатрешни работи по однос на висината на определување на старосната пензија затоа што за пратениците тој износ е 80% од пратеничката плата во последните три месеци пред престанување на мандатот предвидени во членовите 41, 42 и 43 како и по однос на усогласување на пензиите на пратениците кои се усогласуваат согласно порастот на платите на пратениците.
Со оспорените членови 42 и 43 од Законот за пратениците се повредува начелото на еднаквост имајжи предвид дека пратеникот се стекнува со право на инвалидска пензија во висина на предвремената старосна пензија, но и членовите на неговото семејство се ставаат во поповолна положба во однос на другите грарани кои се стекнуваат со семејна пензија со оглед на фактот што како основ за определување на семејната пензија се зема пензијата што покојниот пратеник ја користел или би ја користел.
Во натамошниот дел од иницијативата подносителот наведува дека имајжи ја предвид одредбата од член 45 став 3 од Законот за пратениците со кој се уредува начинот на исплатата и средствата од кои се исплатуваат пензиите, законодавецот е свесен дека со овој закон се нарушуваат основните принципи за остварување на право на пензија предвидувајжи средствата кои се јавуваат како разлика меру правото на пензија по Законот за пратениците и Законот за пензиското и инвалидското осигурување да се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија.
Ова значи дека законодавецот (пратениците) се свесни дека од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија не може да им се исплатат пензии под услови и висина различна од другите осигуреници, бидејжи пензиите се исплатуваат врз основа на уплатените придонеси од страна на осигурениците, а само за одредени осигуреници се предвидува исплата на повисоки пензии од уплатените придонеси врз основа на принципот на солидарност (минимални пензии).
Ова уште повеже ако се знае дека согласно член 180 став 7 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, осигурениците не можат да плажаат придонеси за осигурување со основица повисока од три месечни плати исплатени во Република Македонија, што значи овие осигуреници се максимирани да плажаат придонеси и дека остваруваат пензија на основица која е помала од платата на пратениците. Платата на пратениците е повисока од три месечните плати исплатени во Република Македонија.
– Според наводите на подносителот на иницијативата Пание Докузов од Штип членовите 36 став 1 и 2 и членовите 40 и 41 од Законот за пратениците не биле во согласност со член 32 став 1 и 3 од Уставот, затоа што можноста пратеникот да остварува плата и по престанок на функцијата една година, а најмногу уште шест месеци доколку во тоа време стекнува право на старосна пензија е во спротивност со член 32 став 1 и 3 од Уставот, бидејжи највисокиот акт во државата преферира само материјална обезбедност за време на привремена невработеност која треба да важи за сите грарани.
Со оспорената одредба од член 40 од Законот за пратениците се прави дискриминација во однос на останатите избрани функционери во државата за кои не е предвидена предвремена пензија што е во спротивност и со член 17 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Одредбата од член 41 од Законот не била во согласност со член 8, 9 и 10 од Уставот, затоа што предвидената висина на пратениците од 80%: прво, не се утврдува од месечниот просек на плати што ги остварува осигуреникот за вкупното траење на осигурувањето, туку за последните три месеци и второ, таа висина не е лимитирана на највисок износ како и за другите осигуреници.
Оттаму, со наведените законски решенија се нарушувало начелото на еднаквост утврдено во член 9 од Уставот.
Во натамошниот дел од иницијативата подносителот наведува дека имајжи ја предвид одредбата од член 45 став 3 од Законот за пратениците со кој се уредувал начинот на исплатата и средствата од кои се исплатуваат пензиите, законодавецот бил свесен дека со овој закон се нарушуваат основните принципи за остварување на правата на пензии предвидувајжи средствата кои се јавуваат како разлика меру правото на пензија по Законот за пратениците и Законот за пензиското и инвалидското осигурување да се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија.
Членот 47 од Законот за пратениците не бил во согласност со член 8, 9, 32, 34, 35, 51, 52, 61, 62, 64 и 72 од Уставот затоа што со дадената можност на пратениците да ги користат дадените права од Глава ВИ од Законот за пратениците се нарушува концептот на еднаквоста на грараните како и забрана на повратното дејство на прописите.
Според подносителот на иницијативата членот 49 од Законот исто така бил дискриминаторски во однос на другите избрани функционери и именувани лица во Република Македонија.
Воедно подносителот бара Судот да донесе времена мерка.
– Подносителот Стојание Столески од Тетово го оспорува член 31 став 1 алинеја 4 и 7 и членовите 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43,44, 45, 46, 47 и 48 од Законот за пратениците, затоа што тие не биле во согласност со Уставот.
Имено членот 31 став 1 алинеја 4 од Законот за пратениците не бил во согласност со Уставот затоа што пратеникот пред да биде избран од грараните се претставувал како стручно образовано лице и затоа избирачите го избрале за свој претставник. Тој бил избран да биде нивни претставник само за четири години за што пратеникот стручно нема потреба од усовршување и образование.
Членот 31 став 1 алинеја 7 од Законот за пратениците не бил во согласност со Уставот, затоа што пратеникот е во работен однос во Собранието за што прима плата и други надоместоци кои му овозможуваат да присуствува на седници (превоз и исхрана), поради што надоместокот за присуство на седница нема уставен основ.
Оспорените одредби од Глава ВИ, односно членовите од 36 до 48 од Законот за пратениците не биле во согласност со Уставот затоа што со нив се дискриминираат грараните кои ги избираат пратениците.
5. Судот на седницата утврди дека со Законот за пратениците (“Службен весник на Република Македонија” бр.84/2005) се уредуваат прашањата на извршувањето на функцијата претеник, како и правата и должностите на пратениците во Собранието на Република Македонија.
Според член 2 став 1 од Законот, грараните на Република Македонија ги избираат пратениците во Собранието согласно со Уставот на Република Македонија, а според став 2 на овој член пратеникот е претставник на грараните кој одлучува по свое уверување.
Мандатот на пратеникот му престанува во случаите утврдени со Уставот и закон.
Пратеникот не може да биде отповикан од функцијата пратеник при што согласно член 4 од наведеениот Закон функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.
Во членот 5 од Законот е регулирано прашањето на неспојивоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.
Во членовите 6, 7 и 8 од Законот поместени во Глава ИИ “Започнување и престанување на мандатот на пратеникот” се уредени прашањата кои се однесуваат на тоа кој го верификува мандатот на пратеникот, од кога почнува да теие мандатот, издавањето на пратеничката легитимација, како и случаите кога на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран.
Во членот 9 од Законот поместен во Глава ИИИ “Неспоивост на функцијата пратеник во Собранието со вршење на друга јавна функција и професија”, е утврдена неспоивоста на функцијата пратеник со други јавни функции оставајжи можност со други закони да биде утврдена неспоивоста на функцијата пратеник и со други функции. Воедно е утврдено дека функцијата пратеник е неспоива и со вршење на дејност со профитна цел, како и тоа дека со денот на верификација на мандатот на пратеникот кој имал засновано работен однос му престанува работниот однос.
Во Глава ИВ од Законот во членовите од 10 до 21 се предвидени правата и должностите на пратениците, кои се однесуваат на тоа дека: пратеникот е должен да присуствува на седница на Собранието и на работно тело и да учествува во работата и одлучувањето на Собранието; пратеникот членува најмалку во едно работно тело на Собранието; тој е должен да ги чува податоците од доверлива природа; има право и должност да предлага донесување закони и други прописи; заедно со најмалку 19 пратеници да предлага распишување на референдум за прашања од надлежност на Собранието, да поднесува барање за давање на автентично толкување на закони; да уиествува во подготвување на текстови на закони и други прописи што ги донесува Собранието на предлог на пратеник; да поднесува амандмани на предлози на закони; да предлага расправа по прашања од јавен интерес; да предлага предлози на заклучоци по прашања што се разгледуваат на седница на Собранието; да избира и да биде избиран во работните тела на Собранието; заедно со најмалку четири пратеници да постави интерпелација за работата на Владата; заедно со најмалку 19 партеници да предлага основање на анкетни комисии за сите области и за сите прашања од јавен интерес; заедно со најмалку 19 пратеници да постави прашање на доверба на Владата; заедно со најмалку 19 пратеници да предлага кандидат за претседател и потпретседател на Собранието; заедно со најмалку 29 пратенци да предлага кандидат за претседател на Републиката; заедно со најмалку 29 пратеници да предлага прогласување на воена состојба; заедно со најмалку 29 пратеници да предлага постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или на нејзин дел; заедно со најмалку 29 пратеници да предлага пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија; заедно со најмалку 39 пратеници да предлага стапување, односно истапување од сојуз или заедница со други држави; заедно со најмалку 39 пратеници да предлага стапување, односно истапување од членство во мерународни организации и да предлага и други прашања од надлежност на Собранието; да поставува пратеничко прашање на Владата и на секој министер поединечно како и на други носители на јавни функции кои ги избира и именува Собранието.
Пратеникот за времетраењето на мандатот ужива имунитет.
Во Глава В “Услови за работа и други права на пратениците во текот на мандатот”, односно во членовите од 23 до 34 од Законот се уредуваат прашањата кои се однесуваат на работното време на пратеникот, годишниот одмор, плата и други надоместоции на пратениците, други лични примања и надоместоци на трошоци и други услови за работа на пратениците.
Во Глава ВИ од Законот “Права на пратениците по престанување на мандатот” се предвидени права на пратениците кои се однесуваат на тоа дека: пратеникот кој бил во работен однос по престанок на мандатот има право да се врати на работното место или друга работа која одговара на видот и степенот на неговото стручно образование; право на пратеникот по престанок на мандатот да остварува плата за време од една година или најмногу за уште шест месеци по негово барање (членовите 35, 36, 37, 38 и 39).
Во членовите 40, 41, 42, 43 и 44 од Законот, а кои впроием се оспорени и со најголемиот број на иницијативите предвидено е дека: пратеникот може да оствари предвремена пензија под одредени поповолни услови во однос на годините на старост и стаж; висината на старосната пензија се утврдува во износ од 80% од просечната плата на пратеникот во последните три месеци; висината на инвалидската и семејната пензија исто така се утврдува во износ од 80% од просечната плата на пратеникот; начинот на усогласувањето на сите видови на пензии како и тоа дека потребните средства за остварување на сите видови на пензии до исполнувањето на условите според Законот за пензиското и инвалидското осигурување же бидат обезбедни од Буџетот на Република Македонија.
Во Глава ВИИ “Преодни и завршни одредби” е утврдено од кога почнува да се применува овој закон како и тоа дека тој се однесува на пратениците од првиот плуралистиики состав на Собранието на Република Македонија кои остварувале плата во Собранието како и пратениците кои имаат најмалку половина мандатен период во Собранието (член 47 и 48).
Со денот на влегувањето во сила на овој закон, според член 49 престануваат да важат одредбите од Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Република Македонија, во делот што се однесува на пратениците во Собранието.
Поарајжи од структурата на Уставот на Република Македонија во однос на остварувањето на законодавната власт Собранието на Република Македонија има генерално овластување да донесува закони заради уредување на односите во сите области на општествениот живот. Отсуството на изречно уставно овластување за законско уредување на определени прашања не се пречка согласно член 68 од Уставот, Собранието да донесува закони во оние области и за оние прашања за кои же оцени дека е потребно.
Имајжи го предвид наведеното Судот смета дека постои уставен основ за донесување на оспорениот закон.
Притоа, фактот што во Законот за пратениците се преземени одделни одредби од Уставот на Република Македонија, од Деловникот на Собранието на Република Македонија и од Законот за избор на пратениците, не го прави Законот неуставен.
Оттука, Уставниот суд не може да се впушти во тоа дали одредена материја же биде уредена со еден или повеже закони, дотолку повеже што во законодавната практика во државата има поголем број слуиаи кога уставни и законски одредби се пренесени во други закони.
Со оглед на наведеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот закон во целина со Уставот.
6. Понатаму Судот утврди дека во членот 31 од Законот за пратениците кој е поместен во Глава В точка 4 “Други лични примања и надоместоци на трошоци” пратеникот има право на надоместоци на трошоци кои се однесуваат на превоз до работа и од работа, хранарина, селење од местото на постојаното живеење, дневници за службени патувања и друго.
Во оспорениот илен 31 став 1 алинеја 7 од Законот за пратениците е предвиден надоместок на трошоци за присуство на седница на Собранието во висина на дневницата утврдена за службени патувања во земјата.
Со Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Република Македонија (“Службен весник на Социјалистиика Република Македонија” бр.36/1990 и “Службен весник на Република Македонија” бр. 38/1991, 23/1997 и 37/2005) се определени надоместоци за определени материјални трошоци и други примања на носителите на јавни функции.
Притоа, во овој закон се предвидени скоро сите надоместоци на трошоци кои можат да ги примат носителите на јавните функции како и пратениците освен надоместокот за присуство на седница кој со Законот за пратениците е предвиден само за пратениците.
Согласно член 9 од Уставот грараните се еднакви пред Уставот и законите.
Во членот 32 став 2 од Уставот е предвидено дека на секој под еднакви услови му е достапно секое работно место, а според став 5 на овој член, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Согласно член 51 став 1 од Уставот законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите.
Имајжи ги предвид наведените уставни одредби во однос на содржината на одредбата од член 31 алинеја 7 од Законот се поставува прашањето дали пратениците кои за времетраењето на пратеничката функција примаат плата, со примањето на трошоци за присуство на седница на Собранието и на работно тело тие не се ставени во поповолна положба во однос на другите носители на јавни функции кои имаат ист статус и се корисници на средства од Буџетот.
Во одговор на поставеното прашање Судот го имаше предвид членот 64 од Уставот според кој пратеникот има право на надоместок утврден со закон.
Во Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, кој беше донесен пред Уставот на Република Македонија и кој со одредени измени се уште е во важност, пратеникот за вршење на пратеничката функција имал право на плата доколку бил на постојана работа во Собранието. Доколку, пак, тој не бил на постојана работа во Собранието имал право на надоместок во висина на разликата меру платата што ја остварувал од работен однос и полниот износ на плата на пратеник кој бил на постојана работа во Собранието.
Пратеникот кој не остварувал плата во Собранието и не добивал надоместок односно разлика на плата имал право на надоместок во висина од 30% од полниот износ на плата на пратеникот.
Со Законот за избор на пратеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.42/2002) и Деловникот на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија ” бр. 60/2002) функцијата пратеник се врши професионално и пратеникот не може да врши каква било друга функција или дејност што значи за вршење на пратеничката функција пратеникот добива плата и заснова работен однос.
Во членот 29 од Деловникот е предвидено дека пратеникот има право и должност да присуствува на седница на Собранието и да учествува во работењето и одлучувањето.
Според член 29 став 3 од Деловникот на пратеникот кој отсуствува најмногу три пати од седница на Собранието, а за тоа не го извести претседателот на Собранието му се одбива 5% од платата за секој ден отсуство.
Од наведеното недвосмислено произлегува дека пратеникот има право и должност да присуствува на седница на Собранието на Република Македонија и на работно тело за што прима плата поради што со основ се поставува прашањето за мотивот на законодавецот и целта што се сакало да се постигне со предвидувањето на правото на трошоци за присуство на седници на пратеникот.
Во конкретниов случај според мислењето на Судот не може да се најдат аргументи кои би го оправдале овој вид на надоместок кој единствено е предвиден само за пратениците, а не и за другите носители на јавни функции кои исто така учествуваат во работата на органите или телата во кои се избрани.
Оттука, пред Судот основано се постави прашањето дали одредбата од член 31 алинеја 7 од Законот кореспондира, односно е во согласност со начелото дека секој вработен има право на соодветна заработувачка согласно неговиот придонес во работата како и со прашањето на еднаквост меру носителите на јавни функции.
7. Судот исто така утврди дека во членот 31 од Законот за пратениците, покрај другите надоместоци на трошоци што му припараат на пратеникот во оспорената алинеја 4 е предвиден надоместок за стручно усовршување и образование, во алинеја 5 е предвиден надоместок за погребни трошоци во висина на просекот на двете последни плати на починатиот пратеник; во алинеја 11, пак, од Законот е предвиден надоместок на трошоци за одвоен живот на пратеникот од семејството; а во алинеја 12 е предвидена отпремнина при заминување во пензија во износ од три просечни плати остварени во претходните три месеци.
Имајжи ги предвид одредбите од член 9, 32 и 51 од Уставот, Судот смета дека законодавецот со цел за успешно извршување на пратеничката функција е овластен да предвиди одредени надоместоци како предуслови за вршење на пратеничката функција.
Имено со овозможувањето на пратеникот да се надградува и стручно усовршува, се придонесува во подигнувањето на степенот на стручното надградување на пратениците кои со своите знаења и стручност же придонесат за поуспешно извршување на функцијата пратеник, поради што оспорената алинеја 4 не може да биде доведена под сомнение во однос на наведените уставни одредби.
Воедно, Судот смета дека и надоместокот за одвоен живот што пратеникот може да го добие претставува еден предуслов за успешно извршување на пратеничката функција поради што и во однос на оваа одредба не би можело да се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.
Имајжи ги предвид одредбите од член 1 став 1, член 34 и 35 од Уставот во однос на содржината на одредбите од член 31 алинеи 5 и 12 од Законот, а кои се однесуваат на надоместоци за погребни трошоци на пратеникот и отпремнина при заминување во пензија Судот смета дека предвидените надоместоци се израз на социјалниот карактер на државата и обезбедување на заштитата и социјалната сигурност на грараните согласно начелото на социјална праведност поради што не може да се постави прашањето за нивната согласност со наведените уставни одредби како и со начелото на еднаквост утврдено во илен 9 од Уставот.
8. Понатаму, Судот утврди дека во членот 36 став 1 од Законот за пратениците е утврдено дека пратеникот има право на плата по престанување на мандатот за време од една година, а според став 2 на овој член пратеникот може да остварува плата според одредбите од овој член подолго од една година а најмногу уште шест месеци доколку во тоа време стекнува право на старосна пензија.
За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци освен надоместокот од член 31 алинеи 5 и 12 (погребни трошоци и отпремнина).
Согласно член 37, 38 и 39 од Законот за пратениците пратеникот се стекнува со ова право по негово барање кое се поднесува во рок од 30 дена од денот на престанок на мандатот, кое му престанува било со исполнување на услови за старосна пензија, со вработување ако биде избран на друга државна функција врз основа на која остварува плата и ако тоа сам го побара.
Платата на пратеникот по овој основ се исплатува од средствата на Буџетот на Република Македонија.
Од анализата на оспорените одредби произлегува дека пратеникот остварува плата и по престанок на функцијата за определен временски период и тоа по лично барање.
Согласно член 19 од Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, право на плата по престанок на мандатот според овој закон е предвиден и за други носители на јавни функции.
Оттука, може да се изведе заклучок дека со предвидувањето на ова право за сите носители на функции во Републиката, а не само за пратениците не се основани наводите во иницијативите дека со оспорените одредби од Законот за пратениците се нарушува еднаквоста меру носителите на јавни функции, односно лицата кои имаат ист статус.
Воедно, Судот смета дека неосновани се наводите во иницијативите дека пратениците по престанок на функцијата пратеник треба материјално да бидат обезбедни како и другите грарани на кои по кој било основ им престанал работниот однос.
Ова оттаму, што по престанок на функцијата пратеник доколку пратеникот тоа го бара (ако не се вработи или не биде избран на друга функција) на пратеникот не му престанува работниот однос, односно тој и понатаму е во работен однос со државата која може но не мора да го ангажира.
Според тоа, Судот смета дека не може да се стави знак на еднаквост меру грараните на кои по кој било основ им престанал работниот однос и пратениците како и другите носители на јавни функции на кои не им престанал работниот однос, поради што тие не се наораат во еднаква правна положба и на нив не може да се примени ист закон, односно Законот за обезбедување за време на привремена невработеност.
Оттука, според мислењето на Судот, целта на законодавецот на пропишувањето на ова право на пратениците со Законот за пратениците и со Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката и за другите носители на јавни функции, не била да ги привилегира и заштити овие лица туку да го сочува дигнитетот на функцијата што одредено лице во определен период ја вршело.
Со оглед на наведеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби со уставните одредби на кои се повикуваат подносителите на иницијативите.
9. Понатаму Судот утврди во оспорениот член 40 од Законот за пратениците е предвидено дека пратеникот на кого му престанал мандатот може да оствари право на предвремена старосна пензија ако наполнил 25 години пензиски стаж и 55 години старост (маж) односно 25 години пензиски стаж и 53 години старост (жена).
Доколку во моментот на престанок на мандатот пратеникот нема навршено 25 години пензиски стаж правото на предвремена старосна пензија може да го оствари кога же наврши најмалку 25 години пензиски стаж и 55 години старост (маж) односно 53 години старост (жена).
Во оспорениот член 41 од Законот за пратениците е предвидено дека предвремената старосна пензија од членот 40 на овој закон се утврдува во висина од 80% од просечната плата исплатена на пратеникот во претходните три месеци.
Право по овој член имаат и пратениците кои претходно стекнале пензија по друга основа доколку тоа е поповолно за нив.
Во оспорениот член 42 од Законот за пратениците е предвидено дека висината на инвалидската пензија кај пратеникот со загубена работна способност се определува согласно со членот 41 од овој закон доколку таа е поповолна во однос на пензијата утврдена според Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Во оспорениот член 43 од Законот за пратениците е предвидено дека членовите на семејството на покојниот пратеник имаат право на семејна пензија под услови и на начин утврдени со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Основица за пресметување на пензијата од ставот 1 на овој член претставува пензијата што покојниот пратеник ја користел или би ја користел според член 41 од овој Закон.
Во оспорениот член 44 од Законот за пратениците е предвидено дека пензијата утврдена со овој закон се усогласува според порастот на платите на пратениците во Собранието.
Во оспорениот член 45 од Законот за пратениците начинот и постапката за остварување на предвремената старосна, инвалидска и семејна пензија се спроведуваат според одредбите од овој закон и Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Пензијата ја пресметува и исплатува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во постапка утврдена со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Средствата потребни за исплата на пензиите остварени според овој закон до денот на исполнувањето на условите утврдени со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и средствата за разликата меру висината на пензијата определена според овој закон и пензијата определена според Законот за пензиското и инвалидското осигурување до исполнување на тие услови се обезбедуват од Буџетот на Република Македонија.
Од анализата на наведените одредби произлегува дека со нив е утврдено: – право на предвремена пензија само за пратениците односно одредена категорија на носители на јавни функции под услови и висина сосема поинаквии од оние кои се уредени во системскиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување; – право на предвремена пензија да можат да остваруваат и пратениците на кои же им престане мандатот тогаш кога же ги исполнат условите во поглед на годините на стаж и старост ако во моментот на престанок на мандатот не ги исполнуваат предвидените услови, односно ова право како резервирано право пратеникот же може да го оствари и по протек на определен временски период; – правото на висината на предвремена пензија да се утврдува во висина од 80% од просечната плата исплатена на пратеникот во претходните три месеци; – право на утврдување на пензија во висина од 80% да можат да го остваруваат и пратениците кои претходно оствариле право на пензија по друг основ односно таа пензија да биде коригирана и да изнесува 80% од платата на пратеникот ако тоа е поповолно за пратеникот; – право на висината на инвалидската пензија на пратеникот и семејната пензија на членовите на семејството на почитнатиот пратеник да се утврдува во висина од 80% како што се утврдува и висината на предвремената старосна пензија на пратеникот; – право наведените пензии да се усогласуваат според порастот на платите на пратениците, како и тоа дека средствата потребни за исплата на пензиите остварени според Законот за пратениците до исполнување на условите предвидени со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и средствата за разликата меру висината на пензијата определена според овој закон и определената според Законот за пензиското и инвалидското осигурување да се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.
За целосно согледување за тоа дали и до кој степен Законот за пратениците отстапува по однос на утврдувањето на условите за стекнување на пензија и висината на старосната, инвалидската и семејната пензија, Судот ги имаше предвид одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Имено, со Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на РМ” бр.80/1993, 3/1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000, 5/2001, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005 и 101/2005) се уредува системот на задолжителното пензиско и инвалидско осигурување на работниците во работен однос, основите на капиталното финансиско пензиско осигурување, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.
Според овој закон осигурениците стекнуваат право на старосна пензија кога же наполнат 64 години живот (маж) односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години стаж (илен 17).
Понатаму во наведениот закон е утврден начинот на стекнување и висината на старосната, инвалидската и семејната пензија, највисокиот и најнискиот износ на старосна пензија, како и начинот на усогласување на видовите на пензии.
Воедно Судот утврди дека во Глава ИВ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување “Стекнување и остварување на правата на определени категории осигуреници под посебни услови” е предвидено дека одредени осигуреници вработени во Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Казнено-поправните установи и Воспитно-поправните домови на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење со оглед на тежината на работните задачи кои ги извршуваат можат да остварат право на пензија ако имаат најмалку 25 години пензиски стаж од кои 15 години ефективно поминати на работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и 55 односно 50 години живот ако работниот однос им престане по потреба на службата.
За овие осигуреници старосната пензија е определена и изнесува 62% односно 65,6% и таа се зголемува за 1,2% односно 1,44% од пензиската основа за секоја година при што таа не може да изнесува повеже од 80% од пензиската основа (илен 94 до 109).
Во член 1 од Уставот, Република Македонија се дефинира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Според став 2 на член 2 од Уставот, грараните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници по пат на реферандум и други облици на непосредно изјаснување.
Во членот 8 од Уставот, како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, меру другото, се утврдени владеењето на правото, политичкиот плурализам и слободните непосредни демократски избори.
Според член 9 од Уставот, грараните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Грараните пред Уставот и законите се еднакви.
Според член 32 став 3 од Уставот, секој вработен има право на соодветна заработувачка.
Согласно член 34 од Уставот, грараните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдено со закон и со колективен договор, а според член 35 Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност согласно начелото на социјална праведност.
Непосредните и слободни избори претставуваат непосреден облик на изразување на граранскиот суверенитет. Преку изборите грараните ги избираат своите претставници во претставничките тела и на тој начин учествуваат во конституирањето на органите на државната власт.
Собранието на Република Македонија е претставнички орган на грараните и носител на законодавната власт во Републиката.
Според членот 61 став 2 од Уставот, организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот, а според членот 62 став 5, начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Со Уставот меру другото е утврдено дека Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници кои се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање, тие не можат да бидат отповикани и се избираат за време од четири години. Пратениците согласно членот 64 од Уставот, уживаат имунитет и пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието, ниту може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието, исто така, може да одлучи да се примени имунитет над пратеникот и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.
Пратеникот има право на надоместок утврден со закон.
Според членот 65 од Уставот, мандатот на пратеникот же му престане кога е осуден за кривиино дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Со одредбата од ставот 4 на овој член од Уставот е предвидено дека на пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеже од шест месеци.
Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Според членот 66 од Уставот, Собранието е во постојано заседание и работи на седници кои ги свикува претседателот на Собранието.
Собранието, во рамките на своите надлежности определени во членот 68 од Уставот, има уставотворна и законодавна функција, односно ги донесува и изменува Уставот и законите, ги утврдува јавните давачки, донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот, ратификува мерународни договори, донесува одлука за менување на граници на Републиката, распишува референдум, избира Влада на Република Македонија, избира судии на Уставниот суд на Република Македонија, врши избор и разрешување на судии, дава амнестија и врши други работи утврдени со Уставот.
Со Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија се уредени начинот, условите и постапката за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, а со Деловникот на Собранието на Република Македонија, покрај тоа што е утврдена организационата и функционалната поставеност на Собранието се уредуваат и прашања кои се однесуваат на правото и должноста на пратеникот да присуствува на седница на Собранието и да учествува во работата на Собранието, правото на формирање на пратенички групи, правото на информирање на пратениците и обезбедување на услови за вршење на функцијата пратеник, право на пратеникот да поставува пратенички прашања, интерпелација, чување на тајна, имунитет на пратеникот, престанување и одземање на мандатот на пратеникот и друго.
Од наведените уставни, законски и деловнички одредби произлегува дека правата на пратениците кои произлегуваат од карактерот на пратеничкиот мандат како слободен мандат може да се групираат во права кои пратеникот ги остварува самостојно преку индивидуална активност и права кои пратеникот ги остварува колективно, а сето тоа заради остварување на надлежноста на Собранието како институционализирана, демократска и политичка форма.
Имајжи ја предвид изложената норматива, неспорно може да се констатира дека содржината на оспорените одредби од членовите 40, 41, 42, 43, 44 и 45 од Законот за пратениците битно одстапуваат од општо утврдените принципи за остварување на правата од областа на пензиското и инвалиското осигурување.
Неспорно е дека во Законот за пензиското и инвалидското осигурување исто така има отстапувања од општоутврдените принципи за стекнување на правата од пензиското и инвалидското осигурување за одредени категории на работници и тоа во Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Казнено-поправните и Воспитно-поправните домови. Имено, истите можат под поповолни, односно различни услови од општоутврдените да остваруваат право на пензија и тоа поради специфичноста, тежината на работното место и условите под кои ги извршуваат работите и работните задачи и обврски.
Оттука, Судот смета дека оспорените одредби од Законот сами по себе и однапред не може да бидат спротивни на уставниот принцип на еднаквост (член 9 од Уставот на Република Македонија) или принципот владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот) затоа што законодавецот утврдил различни – поповолни услови за предвремената старосна пензија за оваа категорија осигуреници. Мерутоа, според Судот, вака утврдените услови мора да се засноваат на оправдани причини, да бидат во прифатлив сооднос со општо утврдните принципи на регулирање на овие права во оваа област, без основи да не се издвојуваат од групацијата на осигуреници на која и припараат и секако да одговараат на општите социјални состојби и околности, за да не би се довела во прашање одредбата од член 1 од Уставот на Република Македонија со која Република Македонија е дефинирана како демократска и социјална држава што индиректно може да се рефлектира врз останатите уставни принципи еднаквост, владеење на правото и социјална праведност.
Во образложението на Предлогот на законот такви оправдани причини не се дадени па аналогно на тоа, при непостоење на такви причини, се поставува прашањето дали статусот, односно правната положба на пратениците која произлегува пред се од Уставот, односно начинот на стекнување на мандатот, правната природа и времетраењето на мандатот, претставничкиот карактер на функцијата, специфичноста на правата, должностите и одговорноста на пратеничката функција, јавноста во работата, огранииениот мандат, неможноста на пратеникот да врши друга професија, должност или профитна дејност и др., може да биде основ, односно причини до степен за отстапување на законодавецот од начелото на еднаквост на правата од областа на пензиското и инвалидското осигурување.
Според Судот, изнесената положба, односно статус на пратеникот во правниот систем на државата не може да бидат оправдани причини или услови или оправдани до степен за да може да се отстапи од општоутврдените принципи во оваа област.
Напротив, со самиот факт што законодавецот утврдил пред се: многу низок минимален број на години на стаж на осигурување и старост за стекнување на поповолна старосна пензија за пратениците наспроти утврдените во општиот закон за пензиското и инвалидското осигурување за сите грарани, потоа стекнување на право на предвремена старосна пензија не само по основ на вложен труд и години на старост, туку и по основ на пратенички мандат (најмалку 2 години пратенички мандат), утврдување на висината на износот на старосна пензија по поповолни основи од постојаните и слично, за Судот не само што не постојат оправдани причини за тоа, туку повеже од видно е дека оспорените одредби отстапуваат од општоутврдените принципи и не се приближни ниту на оние со кои законодавецот отстапил од овие принципи предвидувајжи посебни услови за пензионирање на одредена категорија на работници.
Од друга страна, пак, имајжи ја предвид целокупната законска регулатива со која се утврдени прашањата кои се однесуваат на правото и должностите на другите носители на јавни функции, односно избрани или именувани лица во Република Македонија, а за нив не се утврдени вакви права, основано може да се постави прашањето на еднаквоста на носителите на јавни функции. Имено, во конкретниот случај, Судот смета дека со предвидувањето на поповолни услови само за одредена група на носители на јавни функции кои се во иста општествена положба со останатите носители на јавни функции законодавецот има нееднаков третман што е на штета на оние кои не се опфатени со овој или друг закон.
Правото на еднаквост е еден од темелните правни принципи утврдени во Уставот на Република Македонија. Ова право опфажа два елементи, и тоа прво, дека сите грарани имаат право да бидат еднакво третирани пред законите и второ, дека законот еднакво се применува кон сите грарани од страна на државните органи. Со други зборови, правото на еднаквост пред законот знаии заштита на граранинот од секаков вид на дискриминација во уживањето на правата, но и во остварувањето на обврските.
Од анализата на наведената уставна одредба произлегува дека уставното начело на еднаквост го обврзува законодавецот во уредувањето на односите начелото на еднаквост да го согледа на конкретен, а не на апстрактен начин преку правилото дека со еднаквите еднакво треба да се постапува, а со нееднаквите нееднакво.
Оттука, имајжи го предвид изнесеното основано се поставува прашањето дали со тоа што со оспорените законски одредби законодавецот утврдил поинакви услови и начин на остварување на предвремена старосна пензија кои во основа не можат да бидат ништо друго освен привилегии и се однесуваат само на пратениците, а не на сите носители на јавни функции кои се во иста општествена положба или на сите грарани без за тоа да постојат оправдани основи, законодавецот ги става грараните во нееднаква положба, односно директно се спротивни на членот 9 од Уставот на Република Македонија.
10. Судот, исто така, утврди дека во член 47 од наведениот Закон е предвидено дека правата утврдени во Глава ВИ на овој Закон им припараат на пратениците кои имаат исполнето најмалку половина мандатен период на пратеник во Собранието сметајжи од денот на верификација на мандатот.
Правото од ставот 1 на овој илен им припара на пратениците кои правото на плата по нивно барање во месечен износ го остварувале во Собранието почнувајжи од првиот плуралистички состав на Собранието на независна и самостојна Македонија, како и на пратениците кои професионално ја извршуваат функцијата пратеник.
Според член 48 од наведениот Закон, лицата кои ги исполнуваат условите за остварување на правото на пензија утврдено во Глава ВИ на овој Закон, правото на пензија же започне да го остваруваат од денот на верификација на мандатот на пратениците кои же бидат избрани на првите наредни избори за пратеници во Собранието.
Од анализата на оспорените одредби произлегува дека правата утврдени во Главата ВИ од Законот за пратениците, а кои се однесуваат на правото на предвремена старосна пензија, висината на предвремената старосна пензија, инвалидската и семејната пензија во висина од 80% од просечната плата на пратеникот исплатена во последните три месеци се протега на: пратениците кои имаат исполнето најмалку половина мандатен период на пратеник во Собранието, сметајжи од денот на верификација на мандатот како и пратениците кои правото на плата по нивно барање го остварувале во Собранието на Република Македонија почнувајжи од првиот плуралистиики состав на Собранието на независна и самостојна Република Македонија.
Според член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклуиок во случаи кога тоа е поповолно за грараните.
Во правната теорија забраната на повратното дејство на законите значи забрана на примена на законите на правните ситуации и односи што настапиле пред нивното влегување во сила. Оваа уставна забрана се однесува и за сите други прописи, а не само за законите.
Забраната на повратното дејство или ретроактивното дејство на законите е демократски принцип со кој во суштина се зацврстува правната сигурност на грараните и претставува брана од поткопување на идејата за правото.
Уставот на Република Македонија не го димензионира правото на повратното дејство на законите кога тоа е поповолно за грараните. Во споредбеното уставно право повратното дејство на законите по правило се врзува само за казненото законодавство.
Оттука, во Република Македонија не само во кривичното право, туку и во другите области на општествениот живот, законите можат да имаат повратно дејство доколку тоа е поповолно за грараните на Република Македонија.
Во конкретниов случај факт е дека Законот има повратно дејство што е поповолно, но само за одредена категорија на грарани пратеници носители на јавни функции.
Со оглед на наведеното, Судот смета дека основано може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби со начелото на забрана на повратното дејство на законите како и со начелото на владеење на правото.
11. Судот, исто така, утврди дека во членот 46 од Законот за пратениците поместен во Преодните и завршните одредби е предвидено дека правата утврдени со овој закон им припараат на пратениците во Собранието од денот на верификација на мандатот до крајот на месецот во кој им престанал мандатот на пратеник.
Во членот 49 од наведениот закон е предвидено дека со денот на влегувањето во сила на овој закон, престануваат да важат одредбите од Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Република Македонија што се однесуваат на пратениците во Собранието.
Во однос на наведените одредби од Законот за пратениците со кои според подносителите на иницијативата се доведува во прашање начелото на еднаквост без притоа да се наведат доволно аргументи за нивно оспорување, Судот смета дека истите не може да бидат подведени под сомнение во однос на одредбите од Уставот на кои се повикуваат подносителите на иницијативата.
12. Во однос на барањето на одделни подносители за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оспорениот закон, Судот оцени дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија.
13. Со оглед на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
14. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.191/2005
22 февруари 2006 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова