Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на илен 110 од Уставот на Република Македонија и илен 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 25 јануари 2006 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на илен 14 став 6, илен 15 и илен 16 од Законот за сметководството на непрофитните организации (” Службен весник на Република Македонија” бр.24/2003).
2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на илен 14 став 6, илен 15 и илен 16 од законот ознаиен во тоиката 1 од ова решение.
Според наводите на подносителот на иницијативата оспорените законски одредби немале уставна основа имајжи предвид дека предвидените овластувања отстапувале од темелните вредности на уставниот поредок како што се владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, и тие не можеле да се толкуваат како разработка на конкретни законски одредби што водело кон самоволност на извршната власт. Ова особено ако се има предвид илен 61 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа според кој со актите кои ги донесува министерот не можело за грараните да се утврдуваат права и обврски ниту да се пропишуваат надлежности на други органи.
Притоа, фактот што Министерството за финансии било надлежно да ги врши работите што се однесуваат на системот на сметководството, ревизијата и платниот промет, согласно со илен 19
став 1 алинеја 7 од Законот за организација и работа на органите на државната управа не можел да биде основа за навлегување во законодавната власт.
3. Судот на седницата утвр ди дека со Законот за сметководството на непрофитните организации се уредува водењето на сметководствените деловни книги, сметководствените документи и обработка на податоци, признавањето на приходите и расходите, проценувањето на билансните показатели, ревалоризацијата, финансиски извештаи, доставување на финансиски извештаи и други прашања во врска со сметководството на стопанска интересна заедница, здружение на грарани и фондации, верски заедници, религиозни групи, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и мерународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикални и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации доколку поинаку не е регулирано со друг пропис.
Според Законот непрофитните организации се должни да водат сметководство, составување и поднесување на сметко-водствени искази согласно со овој закон, сметководствена прифатена практика и сметководствени стандарди со цел за тоино, вистинито, сигурно, сеопфатно, благовремено, ажурно и поединеино искажување на билансните позиции, состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, приходите и расходите и резултатите од работењето.
Понатаму во Законот е утврдено дека непрофитните организации се должни да водат деловни книги и тоа дневник, главна книга и помошни книги.
Внесувањето на податоците во деловните книги мора да се заснова врз веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи.
Во иленовите 14, 15 и 16 од Законот поместени во Глава В “Проценување на билансните позиции, ревалоризација и попис” е утврдена обврска за непрофините организации да вршат проценување на билансните позиции, односно да ја утврдат вредноста на одделните билансни позиции. Притоа тие се должни проценувањето на билансните позиции содржани во главната книга да го спрове-дуваат според сметководствените наиела на модифицирано наста-нување на деловните промени.
Понатаму, во Законот е утврдено дека долгороините и краткороините средства се искажуваат по набавна вредност, како и тоа што ја соиинува нивната вредност.
Во оспорениот став 6 на илен 14 е предвидено дека отписот на вредноста на долгороините средства се спроведува со праволиниска метода на отпис со примена на годишни стапки пропишани од страна на министерот за финансии.
Во ставот 7 на овој илен е предвидено дека основица на отписот на долгороините средства е набавната, односно ревалоризираната вредност на долгороините средства.
Во оспорениот илен 15 од Законот е предвидено дека непрофитните организации се должни да ги ревалоризираат долгороините средства на наиин пропишан од страна на министерот за финансии.
Во оспорениот илен 16 од Законот, пак, е предвидено дека непрофитните организации се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на состојбите на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактииката состојба што се утврдува со попис на 31 декември на наиин пропишан од страна на министерот за финансии.
4. Според илен 8 став 1 алинеја 3 и 4 од Уставот, владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Според илен 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Според илен 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000 и 44/2002), министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи кога е за тоа овластен со закон.
Од изнесените уставни и законски одредби, произлегува дека министерството за финансии е орган на државната управа, кој работите од својата надлежност ги извршува врз основа и во рамките на Уставот и законите. Во тој контекст, врз основа на Законот за организација и работа на органите на државната управа, министерот е овластен да донесува акти за извршување на законите.
Тргнувајжи од наведените уставни одредби, целината на Законот за сметководството на непрофитните организации, содржината на оспорените одредби, како и знаиењето на економските категории отпис, ревалоризација, амортизација и попис, според кои во сметководствените книги се презентира вредноста на средствата со кои располагаат корисниците, Судот оцени дека не се основани наводите на подносителот на иницијативата дека со нив се доведува во прашање наиелото на поделба на власта на законодавна, извршна и судска и наиелото на владеење на правото.
Ова оттаму што обврската за водење на сметководствените книги и утврдувањето на вредноста на средствата со кои располагаат непрофитните организации согласно наиелото на тоиност, вистинито, сигурно, сеопфатно и благовремено ажурирање на билансните позиции, како и усвоените мерународни сметководствени стандарди произлегува од Законот, а министерот за финансии во насока на операционализација на оспорените одредби го утврдува наиинот на пресметување и утврдување на вредноста на средствата со кои располагаат овие организации.
Според тоа Судот тврди дека со оспорените одредби од Законот министерот за финансии не пропишува обврски за непрофитните организации, туку го утврдува наиинот на исполнување на обврските утврдени со Законот или потоино реиено оспорените одредби се финансиско техниики норми со цел за воеднаиено применување на Законот преку единствени сметководствени нормативи и стандарди, поради што не може да се постави прашањето за нивната согласност со уставните одредби на кои се повикува подносителот на иницијативата.
5. Со оглед на изнесеното, Судот одлуии како во тоиката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положа ни, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.168/2005
25 јануари 2006 година
С к о п ј е
сгј
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова